Колонијализам

создавање и одржување на колонии од луѓе од други територии

Колонијализмот е воспоставување, експлоатација, одржување, стекнување, како и проширување на колониите во една територија од страна на луѓе од друга територија. Тоа е збир на нееднакви односи меѓу колонијалната сила и колонијата и често меѓу колонистите и домородното население.

Вид на шлем (во овој случај, од Втората француска империја) кој е икона на колонијализмот во тропските земји.

Европскиот колонијален период била ерата од 16 век до средината на 20 век, кога неколку европски сили (особено, но не исклучиво, Португалија, Шпанија, Велика Британија, Холандија, Русија, Италија и Франција), основале колонии во Азија, Африка, и Америка. Најпрвин земјите следиле меркантилистички политики со цел да се зајакне домашната економија на сметка на соперниците, па на колониите обично им било дозволено да тргуваат само со матичната земја. До средината на 19 век, сепак, моќната Британска Империја се откажа од меркантилизмот и трговските рестрикции и го воведе принципот на слободна трговија, со неколку ограничувања или тарифи.

Колонијализмот секогаш бил претставен во земјата која врши колонизација (јавно) како носител на придобивки за колонијата. Тоа вклучува: зголемен стандард на живеење, придобивките на христијанството, подобрување на здравјето и образованието, воспоставување на законот и редот итн.. Искреноста со која и степенот до кој овие бенефиции се предвидени често се во најмала рака сомнителни. Исто така, многу од сега независните колонии сè уште закрепнуваат од психолошка траума предизвикана од колонијализмот.

Белград, Отоманска Србија, 19 век

Дефиниција

Collins English Dictionary го дефинира колонијализмот како "политиката и практиката на моќта во проширувањето на контролата над послабите луѓе или области".[1] Merriam-Webster Dictionary нуди четири дефиниции, вклучувајќи ги и "нешто карактеристично за колонија" и "контрола од страна на една сила врз зависни области или луѓе“.[2]

Stanford Encyclopedia of Philosophy "го користи терминот колонијализам за да се опише процесот на Европското населување и политичката контрола врз остатокот од светот, вклучувајќи ги Америка, Австралија и делови од Африка и Азија." Ги дискутира разликите меѓу колонијализмот и империјализмот и наведува дека "со оглед на тешкотијата на постојано правење разлика меѓу овие два термина, овој запис ќе го дефинира колонијализмот како широк концепт кој се однесува на проектот за Европска политичка доминација од 16 до 19 век, кој заврши со националните ослободителни движења на 1960-тите години".[3]

Научната мисла во колонијализмот за расата и полот

Колонизацијата ги прошири и синтетизира социјалните и политички западни идеи за полова и расна хиерархија во колонизираните области, како што го и изнуди понатамошниот развој на идеите за половата дихотомија и расните поделби во европското општество за време на колонијалната ера.[4][5][6] Популарните политички практики на времето биле за поддршка на колонијализмот со легитимирање на Европската машка власт, и женската и не-европска инфериорност преку студии на краниологијата, компаративната анатомија и френологијата.[5][6][7]

Во прилог на она што сега би се гледало како псевдо-научни студии на раса кои ја поддржувале новата расна хиерархиска и еволуционистичка идеологија на времето, нова идеологија заснована на наука за половите исто така се појавува како реакција на колонијалната ера на европската историја.[5] Женската инфериорност низ сите култури се појавува како идеја со седиште во краниологијата што доведе мажите да тврдат дека големината на мозокот на жените, врз основа на мерењата на черепот, е мала и затоа се помалку развиени и помалку еволуциски напредни во споредба со мажите[5] - сега дебанкирана теорија.[8][9][10] Влијанието што доведе до такви студии беше воспоставувањето на компаративна анатомија на човекот која се разви како одговор на мислењата на европските научници за биолошките расни разлики.

Така, не-Европејците и жените се соочувале со инвазивна студија од страна на колонијалните сили во интерес на научната идеологија и теорија кои ја охрабрувале политичката институција на колонијализмот.[6] Ваквите студии на расата и полот се совпаднаа со времето на колонијализмот и воведувањето на странски култури, изгледи и родови улоги во линијата на визијата на европските “научници“.

Марксистичкото гледиште за колонијализмот

Марксизмот го гледа колонијализмот како форма на капитализмот, спроведувајќи експлоатација и социјални промени. Маркс мислеше дека работејќи во рамките на глобалниот капиталистички систем, колонијализмот е тесно поврзан со нерамномерен развој. Дека тој е "инструмент на големо уништување, зависност и систематско искористување што произведува изопачени економии, социо-психолошка дезориентација, масивна сиромаштија и неоколонијална зависност".[11] Колонии се изградени во начини за производство. Пребарувањето за суровини и тековната потрага по нови можности за инвестирање е резултат на интер-капиталистичкото соперништво за акумулација на капитал. Ленин го сметал колонијализмот за коренот на империјализмот, така што империјализмот се одликуваше од монополистичкиот капитализам преку колонијализмот и како што Лајал С. Сунга објаснува: "Владимир Ленин се залагаше енергично за принципот на самоопределување на народите во неговата теза “Социјалистичката револуција и правото на народите на самоопределување" како составен дел во програмата за социјалистичкиот интернационализам" и го цитира Ленин кој тврдел дека "правото на нациите за самоопределување подразбира исклучиво право на независност во политичка смисла, правото на слободно политичко одвојување од нацијата-угнетувач.".[12] Не-руските марксисти, во рамките на СССР, како Султан Галиев и Васил Шакраи, во меѓувреме, помеѓу 1918 и 1923, а потоа и после 1929 година, го сметале Советскиот Режим за обновена верзија на рускиот империјализам и колонијализам.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица