Георги Хаџи - Наков

Aвтопортрет, Гисник

Георги Хаџи - Наков (2 мај 1912 - 7 октомври 1969), попознат како „ Гисник “ е македонски сликар од Гевгелија. Тој е единствениот и прв уметник кој го претсавил наивизмот во Македонија, посебно во родниот град. Роден во средно граѓанско семејство, по завршувањето на основно училиште, се запишал во Нижата гимназија во Гевгелија. Таму завршил два класа, а потоа се посветил на занаетот (фирмописец) и самоук сликар подоцна занимавајќи се и со собо - сликарство, како молерај. Гисник имал и своја фирма на фирмописец, минувајќи го својот живот како самостоен занаетчија. Во полето на сликарството тој главно се занимавал со сликање на пејсажи, портрети, актови и друго често пресликувајќи ги од фотографии. Делата на Гисник се најчесто масло на платно.

Георги Хаџи - Наков

Освен сликарството тој бил плоден како пишувач на сите видови пароли, плакати, транспаренти, фирми и други јавни објави и пораки во градот за помасовно информирање на граѓанството. Ова посебно го применувал во првите години по ослободувањето се до 1953, кога Гевгелија ги доби своите први школувани сликари (Зафир Хаџи Митров, Боро Петров, Никола Бутров и др.). До тогаш тој бил првиот и единствен гевгеличанец самоук сликар, првиот и единствен фирмописец и иконописец, како и декоратор - сценограф и гример во Народниот (Дилетантски) театар во Гевгелија, пред, за време и по војната.

Гисник зад себе остави голем број на дела, како и многу испишани фирми на општествени и приватни дуќани и институции, посебно на голем број занаетчии во градот. Тој изработил и неколку десетици икони за потребите на црквите во: Негорци, Стојаково и Мрзенци, но има направено и голем број на сценографии за потребите на Народниот театар во Гевгелија.

Тој бил боемска личност и плоден уметник во Гевгелија, но освен тоа тој учествувал во секакви манифестации, оставајќи неизбришлива трага во секојдневното и културното општество. Со развојот на градот тој бил во тек со својата работа од изработување на плакати, пароли и написници сѐ до пишување на бројот на куќите. Гисник бил несомнено многу омилен помеѓу граѓаните кои денес се сеќаваат на него со топол спомен. Тие се сеќаваат на него како скромен и почитуван граѓанин. Особено бил омилен во кафеаните и еснафската средина на Чаршијата. Тој бил омилен и поради неговата топла и уметничка душа, а особено познат бил по тоа што освен самоук сликар сам се научил да свири на гитарата, како и занејќи француски, германски, српски, бугарски и особено добро служејќи се со грчкиот јазик.

За жал повеќето од делата на Гисник се изгубени, но некои се сочувани во домовите на повеќе гевгеличани во Гевгелија и Скопје. Едно од неговите дела „ Галичанка “ денес се наоѓа во НУ Музеј на Гевгелија. Дел од неговите дела беа изложени на изложбата на 25 - годишнината од неговата смрт.

Неговата работа главно се одвивала во неговото мало и неугледно дуќанче, наследено од неговиот татко, Леонид кој бил приватен занаетчија и гостилничар и се наоѓало во самата куќа во која живеел со своето семејство.

Дејноста на Гисник во сликарската уметност е повеќе ентузијастичка и аматерска, со Своите слики тој ги изработувал по природа и по своја лична инспирација, но повеќето според одредена фотографија, главно во маслена техника. Темите му се избрани според афинитетот, а приодот му е неспореден и со јасни назнаки на несмасно дилетантска , но грижливо и со љубов, изведена работа. По некоја слика навистина трогнува со својата жива изразност и емоција, некаде приклонувајќи се и кон белезите на „ сликарскиот наивизам“.- како што вели професорот Владимир Величковски, во неговата изјава на изложбата од 25 - годишнината од смрта на уметникот.

Георги Хаџи - Наков ќе биде запаметен како еден од позначајните уметници во Гевгелија и регионот и еден од првите застапници на наивната уметност и наивизмот во 50-тите години, надарен и самоук сликар, фирмописец, иконописец и музичар со топла и добра уметничка душа.

Се сеќавам кога бев мала кај нас во куќата ќе дојдеа помлади музичари, љубители на татко ми и ќе свиреа до доцна, на гитарата. Многу убаво знаеше да свири. - како што вели ќерка му Македонка Стојановска.

Извор

Kaталог Георги Хаџи - Наков Гисник 25 години од смрта изложба 1994 година

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица