Лепчански јазик

Лепчанскиот, или роншки (лепчанско: ; Róng ríng), е синотибетски јазик, дел од подгрупата на хималајски јазици. Јазикот го зборуваат Лепчаните во Сиким и во делови од Непал и Бутан.

Лепчански јазик
Застапен воСиким, Индија; делови од Непал и Бутан
Говорници30,000 (2007)[1]
53,000  (2007)[2]
Јазично семејство
синотибетско
  • (тибетско-бурмански)
    • лепчански јазик
Писмолепчанско писмо
Статус
Службен воСиким
Јазични кодови
ISO 639-3lep

Население

Лепчанскиот се зборува од малцинското население Лепчани во Сиким, Индија. Покрај Сиким, јазикот се зборува и во Западен Бенгал и во делови од Непал и Бутан. Таму каде се зборува, јазикот се смета за староседелски и се зборувал пред навлегувањето на тибетските јазици. Лепчаните се делат на четири заедници: Ренџонгму (Сиким), Тамсангму (Калимпонг, Куресонг и Мирик,), Лами (Лам, Непак) и Прому (Бутан). Лепчаните во Индија сè поголеми од тие во Непал и Бутан.[1][3] Се проценува дека има околу 53.000 Лепчани,[2] но всушност реалната бројка на Лепчани во Индија може да е близу 30,000.[1]

Класификација

Тешко е да се класифицира лепчанскиот јазик, но Ван Дрим (2001) предлага дека јазикот е сроден со махарирантските јазици, подгрупа на хималајските јазици.[4] Од другата страна пак, SIL International го класифицира јазикот во групата на хималајски јазици како член на тибетско-канаурските јазици, но забележува и алтернативна класификација со наганските јазици.[2] Јазикот покажува лексичко влијание од различни поголеми јазици.

Особености

Лепчанскиот не е тонски јазик, иако има фонетски акцент кој може да биде означен со лепчанско писмо.[1]:37 Поголем број од лексичкиот фонд на јазикот е составен од едносложни зборови.[3]

Писмо

Јазикот се пишува со лепчанско писмо. Писмото е абугида и потекнува од тибетското писмо. Раните лепчански текстови се пишувале вертикално, по принципот на кинескиот правопис.[5] Пред создавањето на лепчанското писмо, јазикот се пишувал со тибетско писмо.[3]

Фонологија

Согласки

лабијалниденталниалвеоларниретрофлекснипалаталнивеларниглотални
носниm /m/n /n/ɲ /ny/ŋ /ng/
експозивнибезвучниp /p/t /t/ʈ /tr/c /c/k /k/ʔ /ʔ/
призвучни /ph/ /th/ʈʰ /thr/ /ch/ /kh/
звучниb /b/d /d/ɖ /dr/ɡ /g/
африкатибезвучниts /ts/
призвучниtsʰ /tsh/
фрикатибезвучниf /f/s /s/, ʃ /sh/
звучниv /v/z~dz /z/, ʒ /j/
апроксимантниw /w/l /l/j /y/h /h/
вевниr /r/

Самогласки

предницентралнизадни
затворениi /i/, /í/ɯ /u/u /ú/
полузатвореноo /o/
полуотворениe~ɛ /e/ǝ /a/, /â/ɔ /ó/
отворениa /á/

Наводи

Литература

Поврзано

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица