Лестершир

грофовија во Англија

Лестершир (изворно: Leicestershire; поштенска кратенка Leics.) е грофовија без излез на море, во англискиот Мидлендс, кој се наоѓа во рамките на Источен Мидлендс. Грофовијата се граничи со Нотингемшир на север, Линколншир на североисток, Ратленд на исток, Нортхемптоншир на југ-исток, Ворикшир на југ-запад, Стафордшир на запад и Дарбишир на северозапад. Границата со поголемиот дел од Ворикшир е улицата Ватлинг, седвремениот пат А5.

грб на Советот на округот Лестершир

Лестершир го носи своето име од градот Лестер поставен во неговата средина и раководен засебно од остатокот на грофовијата. Цеременијалната фрофовија - неметрополитенската грофовија плус градот Лестер - имаат вкупно малку над 1 милион жители (проценка од 2016 година), од кои повеќе од половина живеат во Урбаниот реон Лестер.

Лестершир останува единствената грофовија во Англија освен Големиот Лондон, кој допрва треба да усвои официјално знаме на грофовијата.

Историја

Лестершир бил забележан во „Книгата на страшниот суд“ во четири вапентејки (грофовски административни единици наречени изворно wapentake): Гутлакстон, Фрамланд, Госкоут и Гарчри. Овие подоцна станале стоти (грофовски административни единици), со поделбата на Госкоут на Западен Госкоут и Источен Госкоут и додавање на Спаркенхоу стотата. Во 1087 година, првата регистрирана употреба на името била како Lægrecastrescir (Лаегрекастрешир).

Надворешните граници на Лестершир малку се промениле од пописот на Страшниот суд. Мишам-Донисторп екславата на Дарбишир што биле разменети за Нетерсил областа, како и урбаното проширување на Маркет Харборо предизвикало Литл Бауден, претходно во Нортемптоншир да биде припоен.

Во 1974 година, Законот за локална самоуправа 1972 година го укинал статусот како грофовски град на градот Лестер игрофовскиот статус на соседниот Ратленд, претворајќи ги обете во административни области на Лестершир. Овие активности биле сменети на 1 април 1997 година, кога Ратленд и Градот Лестер станале самостојни власти. Ратленд станал посебна церемонијална грофовија уште еднаш, иако продолжува да биде под надлежност на Полицијата на Лестершир.

Симболот на грофовскиот совет, Крикет клубот Лестершир Каунти, ФК Лестер Сити е лисицата. Лестершир се смета за родно место на ловот на лисици, како што е познато денес. Хјуго Мејнел, кој живеел во Кворн, е познат како таткото на ловот на лисици. Мелтон Моубри и Маркет Харборо имаат здруженија со лов на лисици, како и соседниот Ратленд.

Лестершир е единствената историска грофовија на Англија, која нема регистрирано знаме.[1] Бил предложен дизајн за Лестершир во 2017 година заснован на симболите поврзани со округот - лисица и цвеќето potentilla.[2]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица