Лех Валенса

Лех Валенса (полски: Lech Wałęsa) (роден на 29 септември 1943 во Попово, Полска) — полски политичар и поранешен синдикалец и активист за човекови права. Тој е еден од основачите на Солидарност (полски: Solidarność), првиот независен синдикат во земјите од источниот блок. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1983 година, а беше претседател на Полска од 1990 до 1995.[1]

Лех Валенса
Претседател на Полска
Втор претседател на третата република
На должноста
22 декември 1990 – 22 декември 1995
ПремиерТадеуш Мазовјецки, Јан Криштоф Бјелицки, Јан Олшевски, Валдемар Павлак, Хана Сучоцка, Јозеф Олекси
ПретходникВојќех Јарузелски (во земјата)
Ришард Качоровски (гво прогонство)
НаследникАлександар Квашневски
Прв водач на Солидарност
На должноста
1980 – 12 декември 1990
Претходникнема
НаследникМарин Крзаклевски
Лични податоци
Роден(а)29 септември 1943
Попово, Полска
ПартијаСолидарност
СопружникДанута Валенса
Професијаелектичар
ВероисповедКатолик

Животопис

Валенса е роден во Попово, Полска на 29 септември 1943 година, како син на столар. Завршил основно и средно стручно училиште, пред да се вработи во пристаништето во Гдањск како електротехничар во 1970 година. Во 1969 се оженил со Данута Голош, со која има осум деца[1]. Неговиот син Јарослав Валенса е член на Сејм на Република Полска (долниот дом на полскиот парламент). Валенса е благочестив Католик, кој има изјавено дека верата секогаш му помагала, во времето на тешките моменти на организацијата „Солидарност.

Марка на Македонска Пошта со ликот на Лех Валенса (ФДЦ 21/2008, 6 декември 2008)

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица