Лејџоу (полуостров)

полуостров во јужна Кина

Лејџоу (кинески: 雷州半岛; пинјин: Zhōnghuá Mínguó; кантонски јитпинг: Lui⁴-zau¹ Bun³-dou²) — полуостров во најјужниот дел на покраината Гуангдунг, јужна Кина.

Сателитска снимка на полуостровот Лејџоу и дел од островот Хајнан (подолу)

Историја

За време на династијата Ќинг (XVII - XX в.) на полуостровот имало важна поморска база.[1]

Географија

п-ов Лејџоу
Местоположба на полуостровот Лејџоу во рамките на Кина

Полуостровот Лејџоу е трет по големина полуостров во Кина со површина од 8.500 км2 и е сместен на југозапдниот крај на покраината Гуангдунг, со Тонкинскиот Залив на запад и 30 км широкиот Хајнански Проток (Ќунгџоу) на југ, кој со своите го двои островот Хајнан. Претставува најјужна точка на континентална Кина.

Во геолошки поглед, 43% од површината на полуостровот е опфатена со базалтни тераси. Остатокот се состои од крајбрежни тераси (27%) и наносни рамнини (17%). На Лејџоу има неколку заспани вулкани, низа плажи и ниски плавни рамнини.

Лејџоу има две одделни вулкански полиња: плеистоценскохолоценско поле на северниот крај западно од Џанѓанг и северниот крај на вулканското поле Ќунглеј или Лејѓунг, кое се протега преку протокот во северен Хајнан. Вулканите потекнуваат од тектонското истегање во правец исток-запад и истенчувањето на литосферата поврзано со настанокот на котлината на Јужнокинеското Море. Во средишниот дел на полуостровот се сместени базалтните стратовулкани Јингфенглинг и Тјенјангод, кои се оддалечени 15 км еден од друг и потекнуваат од плеистоценско време.[2] Има и трето вулканско поле, одговорно за некои од околните острови.

Морски свет

Западно од полуостровот е создаден резерват за загрозени видови морски цицачи. Околното подрачје е прогласено за заштитен дом на кинескиот бел делфин како второ најголемо живеалиште на видот во земјата.[3]Морските крави сè уште се присутни, но се малубројни.[4] Застапени се и Брајдовиот кит,[5][5][6][7][8][9][10][11]остроклуниот кит и китот-ајкула, особено во соседните води кај Хајнан и во Тонкинскиот Залив, во местата кај Тјешанганг и околу островите Вејџоу и Сјејанг.[12][13]

Некогаш водите околу полуостровот Лејџоу биле зимско породилиште за денес критично загрозени видови како јапонскиот и сивиот, грбавиот и синиот кит[14]. Денес тие се истребени на ова подрачје поради постојаниот замав на јапонските китоловци по водите околу Кина и Кореја.

Клима

Полуостровот има тропска клима, со влијанија од континентални монсуни од североисток и поморски монсуни од југоисток и југозапад. Повремено се јавуваат и тајфуни, кои доаѓаат од Тихиот Океан или од Јужнокинеското Море. Лејџоу има годишни врнежи во износ од 1.400–1.700 мм.

Градови

  • Џанѓанг — пристаништен град на североисточниот брег
  • Гуангџоуван — поранешна француска колонија на североисточниот брег на полуостровот

Поврзано

  • Лејџојски јазик — месното наречје на минската група
  • Хајнански Проток — протокот меѓу полуостровот и островот Хајнан
  • Лејџоу — истоимен град на полуостровот

Наводи

Надворешни врски

21°N 110°E / 21° СГШ; 110° ИГД / 21; 110

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица