Мачка

домашно животно
Мачка
Научна класификација
Царство:Животни (Animalia)
Колено:`Рбетници (Vertebrata)
Класа:Цицачи (Mammalia)
Ред:Месојадци (Carnivora)
Подред:Мачковидни (Feliformia)
Семејство:Мачки (Felidae)
Потсемејство:Felinae
Род:Felis
Вид:Felis silvestris
Подвид:Мачка домашна
Научен назив
Felis silvestris catus
(Linnaeus, 1758)

Обична мачка (латински: Felis silvestris catus или латински: Felis catus) — најраспространетиот вид од семејството мачки (Felidae): како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Иако ловат сами, мачките се социјални суштества и користат разни вокализации, феромон и видови говор на тело за комуникација, како мјаукање, предење, `ржење и сл.

Анатомијата на мачката е слична со онаа на другите животни од родот Мачки, со силно, еластично тело, брзи рефлекси, остри канџи и заби прилагодени за убивање ситен плен. Како ноќни грабливци, мачките го користат нивниот остар слух и вештината да гледаат во темно за да го најдат својот плен. Не само што слушаат звуци што се преслаби за да ги регистрира човечкото уво, туку тие исто така слушаат и звуци со повисока честота. Мачките исто така имаат и многу подобро сетило за мирис од тоа на луѓето.

Египетска скулптура во Лувр

Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат. Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од Стариот Свет (Европа, Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка.

Весникот The New York Times во 2007 напишал дека иако до неодамна за мачката се верувало дека била припитомена во стариот Египет каде била култно животно",[1] една понова студија, од истата година, открива дека сите домашни мачки веројатно водат потекло од африканската дива мачка (Felis silvestris lybica), припитомени некаде околу 8000 п.н.е., на Блискиот Исток.[2] Најстариот директен доказ за припитомената мачка е маче закопано до човек, уште пред 9.500 години на Кипар.[3][4]

Мачката како тема во уметноста и во популарната култура

Домашна мачка

Мачката се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Мачката како тема во книжевноста

Домашна мачка

Мачката како тема во филмот

Мачката како тема во музиката

Домашна мачка
  • „Луѓе-мачки“ (англиски: Cat people) - песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви од 1983 година.[44]
  • „Мачки во чинија“ (англиски: Cats In A Bowl) - песна на американската рок-група Dinosaur од 1985 година.[45]
  • „Храна за мачки“ (англиски: Cat Food) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.[46]
  • „Љубовни мачки“ (англиски: Lovecats) - песна на британската рок-група Кјур (The Cure).[47]
  • „Кога мачката е замината“ (англиски: When the Cat's Away) - песна на швајцарската панк-рок група Клинекс/ЛиЛиПУТ (Kleenex/LiLiPUT).[48]
  • „Мачки и кучиња“ (англиски: Cats and Dogs) - албум на австралиската поп-рок група Mental As Anything од 1981 година.[49]
  • „Блуз за мачките-скитници“ (англиски: Stray Cat Blues) - песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1968 година.[50]
  • „Дивите мачки од Килкени“ (англиски: Wild Cats of Kilkenny) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1985 година.[51]
  • „Мачката е во ормарот“ (англиски: Cat's in the Cupboard) - песна на британскиот рок-музичар Пит Таунсенд (Pete Townsend) од 1980 година.[52]
  • „Мачка“ - песна на југословенската рок-група Фит од 1988 година.[53]
  • „Како да одериш мачка“ (англиски: How To Skin A Cat) - песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1985 година.[54]
  • „Мачор“ (англиски: Puss) - песна на американската рок-група The Jesus Lizard од 1992 година.[55]
  • „Myau“ - песна на македонската рок-група The John од 2012 година.[56]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица