Мајански јазици

Мајански јазик или мајански јазици е поим што се користи за јазици во Средна Америка. Јазикот го зборуваат околу 6 милиони луѓе наречени Мајанци, особено во Гватемала, Мексико и Белиз. Во 1996 година Гватемала призна 21 мајански јазици а Мексико призна уште четири плус. Фамилијата на мајански јазици е една од најпроучуваните и најдокументираните јазици во Средна Америка од староседелните јазици. Филмот Апокалипто, од Мел Гибсон, е исклучиво сниман употребувајќи го јукатеканскиот мајански јазик. Модерниот мајански јазик е создаден од протомајански јазик, и е јазик за кој се смета дека се зборувал уште од пред 5000 години. Мајанскиот јазик формира дел од мезоамериканската лингвистичка територија, настанат со заемно мешање на народите од Средна Америка и скоро сите имаат заеднички лингвистички елементи.

Мајански јазици
Географска
распространетост:
Мезоамерика: јужно Мексико; Гватемала; Белиз; западен Хондурас и Ел Салвадор; мали емиграциски групи во САД и Канада.
Класификација:не се докажала поврзаност со други јазици
Прајазик:прамајански
Гранки:
вастечки
јукатански
чолски
канхобалски
мамски
кички
ISO 639-2 и 639-5:myn

Местоположба на мајанските јазици.

Историја

Карта на миграциите на мајанските јазици.

Мајанските јазици се потомци на прамајанскиот јазик, кој на кичкиот мајански се нарекува „Nab'ee Maya' Tzij“ или во превод „стариот мајански јазик“[1]. Денес се верува дека прамајанскиот јазик се зборувал на висорамнините Кучуматенес во централниот дел на Гватемала, во областа каде денес се зборува канхобалскиот јазик.[2]

Според преовладувачката класификација на мајанските јазици, направена од Лајл Кемпбел и Теренс Кауфман, првата поделба на прамајанскиот јазик настанала во 2200 г.п.н.е., кога вастечките јазици се издвоиле од прамајанскиот јазик. Вастеците се преселиле на северозапад, покрај бреговите на Мексиканскиот Залив. Слично како Вастеците, така и Јукатаните и Чоланите, односно јукатанскиот и чоланскиот јазик, се издвоиле од прамајанскиот и се преселиле кон север, односно на полуостровот Јукатан. Говорниците на јазиците од западната група на мајански јазици се преселиле кон југ во областите кои денес се населени од Мами и Кичејци. Целталите се одделиле од Чоланите и се преселиле кон југ во пределот на висорамнините Чијапас и стапиле во контакт со мише-зокеанските јазици.[3] Според алтернативната теорија на Робертсон и Стивен Хјустон, Вастеците останале да живеат во гватемалските висорамнини и се одделиле од главното јазично тело многу подоцна одошто тоа што го тврди Кауфман.[4]

Генеолошка поврзаност

До денес не се потврдила генеолошка поврзаност на мајанските јазици со останатите јазични семејства. Меѓу мајанските и останатите мезоамерикански јазици постојат одредени сличности, но тие сличности се како резултат на споделување одредени јазични одлики, а не како последица од некој заеднички јазичен предок. Во науката се потврдило дека во регионот на Мезоамерика има значајна јазична дифузија.[5]

Јазичарите предложиле поголем број предлози со кои се пробувало да се поврзат мајанските јазици со некоја од останатите јазични семејства или јазични изолати. Сепак, до денес, ниту еден предлог не бил широко прифатен од науката. Така на пример, мајанските јазици се поврзувале со чипајанско-уруанските јазици, арауканскиот јазик, ленканскиот јазик, пурепечанскиот јазик и уавскиот јазик. Покрај овие, мајанските јазици биле поврзувани и со хоканските и пенуитските јазици. Јазичарот Џозеф Гринберг ги вклучил мајанските јазици во неговата контроверзна хипотеза за америндските јазици.

Според Лајл Кемпбел, експер за мајанските јазици, најветувачки предлог за поврзаност на овие јазици е макро-мајанската хипотеза, која е составена од мајанските, мише-зокеанските јазици и тотначките јазици.[6]

Поделба

Мајанските јазици се многу добро документирани и така внатрешната генеолошка класификациска шема е широко прифатлива и цврсто заснована, со одредени мали нерешени несогласености.

Едно од нерешените мали прашања е позицијата на чолските и канхобалско-чухските јазици. Некои јазичари сметаат дека овие сочинуваат посебна западна гранка на мајанските јазици[7]. Други јазичари не ја поддржуваат оваа позиција, туку тие тврдат дека овие јазици директно се развиле од прамајанскиот јазик.[8] Покрај овие две точки, постои уште една алтернативна класификација, според која вастечките јазици се развиле од чолско-целталските јазици, а не директно од прамајанскиот јазик.[9][10]

Генеологија на мајанските јазици.

Распространетост

Карта на мајанските јазици.

Вастечка група

Вастечкиот јазик се зборува во мексиканските држави Веракрус и Сан Луис Потоси. Овој јазик го зборуваат околу 110.000 жители.[11] Овој јазик е најразновиден од останатите мајански јазици. Тесно поврзан со вастечкиот јазик бил чикомуселтечкиот јазик, кој се зборувал во Чијапас, но јазикот изумрел пред 1982 година.[12]

Јукатанска група

Јукатанскиот јазик е најзастапен мајански јазик во Мексико. Овој јазик го зборуваат околу 800.000 Маи во државата, и голем дел од овие луѓе живеат на полуостровот Јукатан.[13][14] Јазикот има богата постколонијална книжевност и е прв јазик во руралните средини на полуостровот, како и во државите Кинтана Ро и Кампече.

Останатите три јукатански јазици се мопанскиот јазик, кој се зборува од околу 10.000 луѓе во Белиз, ицанскиот јазик, исчезнат јазик кој се зборувал во Гватемала;[15] и лакандонскиот јазик, сериозно загрозен јазик со околу 1.000 говорници во неколку села во Чијапас.

Западна група

Чолска подгрупа

Чолските јазици биле порано распространети низ целата мајанска територија, но денес најголем јазик од оваа група е чолскиот јазик со околу 130.000 говорници во Чијапас.[16] Најблизок јазик на чолскиот е чонталскиот јазик кој го зборуваат околу 55.000 жители[17] во сојузната држава Табаско. Друг сроден јазик е чортискиот јазик, кој денес се смета за загрозен јазик, и го зборуваат околу 30.000 жители во Гватемала.[18] Јазикот претходно се зборувал во западните предели на Хондурас и Ел Салвадор, но салвадорскиот дијалект е исчезнат, а хондурскиот е скоро исчезнат дијалект. Чолтискиот јазик, сестрински јазик на чортискиот, е исто така исчезнат јазик.

За чолските јазици се верува дека се најконзервативни во поглед на зборовниот фонд и фонологијата и се блиски со класичниот мајански јазик. Натписи на класичниот мајански јазик може да се сретнат во централните низини од мајанската територија. Овие јазици можеби биле претсижни јазици, коегзистирајќи со остранати дијалекти во истата територија. Оваа теорија дава можно објаснување за географската оддалеченост меѓу чортискиот од една страна и чолскиот и чонталкиот од другата страна.[19]

Целталска подгрупа

Најблиска група мајански јазици на чолските јазици се целталските јазици. Оваа група е составена од цоцилскиот и целталскиот јазик, кои двата се зборуваат во Чијапас. Бројот на говорници на овие јазици е стабилен и се зголемува. Така, околу 265.000 жители го зборуваат цоцилскиот јазик, а околу 215.000 жители го зборуваат целталскиот јазик[20] Голем број од говорниците на овие јазици се еднојазични.

Канхобалска подгрупа

Канхобалскиот јазик го зборуваат околу 77.700 жители во Гватемала,[14]. Како последица на Гватемалската граѓанска војна и близината на границата со Мексико, канхобалскиот регион бил извор на голем број бегалци.Така денес има канхобалски заедници, мали по број, во Мексико, САД и останатите предели на Гватемала. Хакалтечкиот јазик[21] се зборува од околу 100.000 жители во Гватемала. Друг член од оваа подгрупа е акатечкиот јазик, кој го зборуваат околу 50.000 жители. Чухскиот јазик го зборуваат околу 40.000 жители во Гватемала и околу 9.500 бегалци во Мексико.Тохолабалскиот јазик го зборуваат околу 36.000 жители во Чијапас[22]

Источна група

Кичко-мамска подгрупа

Кичко-мамските јазици и дијалекти се дел од источната група на мајански јазици и се зборуваат во гватемалските висорамнини. Кекчискиот јазик, кој сочинува своја засебна гранка во рамките на кичко-мамските јазици, се зборува од околу 400.000 жители во Гватемала, но и од околу 9.000 жители во Белиз и од околу 12.000 мигранти во Ел Салвадор.[23] Успантечкиот јазик го зборуваат од околу 3.000 жители во Гватемала.[24]

Мамска подгрупа

Најголем јазик од оваа гранка јазици е мамскиот јазик. Овој јазик го зборуваат околу 478.000 жители во Гватемала. Авакатечкиот јазик го зборуваат околу 20.000 жители исто така во Гватемала. Ишилскиот јазик го зборуваат околу 70.000 жители.[25] Тектитечкиот јазик го зборуваат околу 6.000 жители во Гватемала и околу 1.000 бегалци во Мексико. Според Ethnologue, бројот на говорници на тектитечкиот се зголемува.[26]

Кичка подгрупа

Кичкиот јазик е најголем мајански јазик кој го зборуваат околу 1 милион жители во Гватемала.[14] Познатиот мајански митолошки документ „Попол вух“ е напишан на старокички јазик, често именуван како класичен кички јазик. Кическото кралство било во најголем подем за време на шпанската инвазија. Главен центар на кралството бил градот Утатлан.[27]

Ачискиот јазик се зборува од околу 85.000 жители. Според некои класификации, како на пример таа од Лајл Кемпбел, ачискиот е варијанта на кичкиот. Сепак, имајќи ги историските поделби меѓу двата народа, Ачијците не се сметаат за Кичејци..[28]

Какчикелскиот јазик го зборуваат околу 400.000 жители во Гватемала.[29] Цутухилскиот јазик го зборуваат околу 90.000 говорници околу езерото Атитлан.[30] Други член на оваа подгрупа е сакапултечкиот јазик, кој се зборува од околу 40.000 жители. Покрај него, во оваа група е и сипакапенскиот јазик, кој го зборуваат околу 8.000 жители во Сипакапа, исто така во Гватемала.

Покомска подгрупа

Покомските јазици се сродни јазици со кичките јазици, и со нив ја сочинуваат покомско-кическата подгрупа на кическо-мамски јазици.[31] Покомчискиот јазик го зборуваат околу 90.000 жители[32], а покомамскиот го зборуваат околу 30.000 жители[33] во Гватемала. Покомамскиот се зборувал и во Ел Салвадор.

Фонолошко создавање на протомајанскиот

Рефлекси на протомајанска *[r]
протомајанскивасатечкијукатански мајанскимопанскицелталскичухскиканхобалскимамскиишилскикичкикакчикелскипогомамскикекчиски
*[raʔʃ]
"зелено"
[jaʃ][jaʔʃ][jaʔaʃ][jaʃ][jaʔaʃ][jaʃ][ʧaʃ][ʧaʔʃ][raʃ][rɐʃ][raʃ][raːʃ]
*[war]
"спие"
[waj][waj][wɐjn][waj][waj][waj][wit]
(авакатечки)
[wat][war][war][wɨr][war]
[tʲ’и [tʲ]
протомајанскијукатански мајанскиканхобалскипоптискимамскиишилскикичкикакчикелски
*[tʲeːʔ]
"дрво"
[ʧeʔ][teʔ][teʔ][ʦeːʔ][ʦeʔ][ʧeːʔ][ʧeʔ]
*[tʲaʔŋ]
"пепел"
[taʔn][tan][taŋ][ʦaːx][ʦaʔ][ʧaːx][ʧax]
Рефлекси на протомајанско [ŋ]
протомајанскијукатански мајанскиканхобалскиХакалтечкиИшилскикиче
*[ŋeːh]
"опашка"
[neːh][ne][ŋe][xeh][xeːʔ]

Мајански зборови

Одреден број мајански зборови или зборови од можно мајанско потекло можат да се пронајдат во поголем број светски јазици, особени во шпанскиот, англискиот и околните мезоамерикански јазици кои биле во директен контакт со мајанските јазици. Покрај овој процес, присутен е и обратниот процес на позајмување странски зборови од страна на мајанските јазици.

Пример за мајански збор кој се користи во светски рамки е зборот „цигара“. На мајански, зборот „zik“ значи „пуши“, а „zikil“ на чолски значи „испушен“. Покрај овој збор, тука е и зборот ураган (анг. hurricane), кој потекнува од мајанскиот бог „Jun Raqan“ или познат како „Huracan“. Сепак е исто така можно дека овој збор потекнува од карипскиот јазик.[34] Денес не е познато дали зборот е прифатен од Карибите од Маите или обратно.

Наводи

Користена литература

Поврзано

Надворешни врски


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица