Мајмун

За други значења на овој поим, видете Мајмун (појаснување).
Мајмун
Макаки мајмун (Macaca fascicularis)
Научна класификација
Царство:Животни
Колено:Хордати
Класа:Цицачи
Ред:Примати
Подред:Haplorrhini
Инфраред:Simiiformes
Семејство

-{Cebidae}-
-{Aotidae}-
-{Pitheciidae}-
-{Atelidae}-
-{Cercopithecidae}-

Приближна светска дистрибуција на мајмуните

Мајмун — назив за неколку различни животински видови од редот примати, кој спаѓа во класата на цицачи. Тоа не е систематски поим. Редот на приматите може да се подели во две групи: во првата се вбројуваат сите полумајмуни (Prosimii), а во другата вистинските мајмуни, човеколиките мајмуни и луѓето (Anthropoidea). Во потесна смисла, поимот „мајмун“ би се однесувал за вистинските и човеколиките мајмуни (но не е грешно и ако се вклучат полумајмуните, бидејќи самиот поим не е монофилетска група). Во поширока смисла на зборот, мајмун би бил поим за кој било вид на примат, освен човекот и неговите непосредни предци.

Општи особини

Лицето на мајмуните е главно без влакна и е со развиена мускулатура која ја овозможува мимиката, која е важна за меѓусебната комуникација. Сетилото за мирис е послабо развиено. Забите се од бунодонтен тип. Стапалата се зарамнети, сите екстремитети се петточлени, а на врвот на прстите се наоѓаат широки, зарамнети и орожнати нокти. Првиот прст (палец) и на предните, а и на задните екстремитети им опонира на останатите, што е адаптација кон подобро прифаќање на предметите (прилагодување за живот на дрво). Женката има само еден пар на млечни жлезди кои се сместени на градите. Матката е едноставна, а плацентата е дискоидална. Бројот на родените млади е мал, а најчесто изнесува едно младенче.
Мајмуните се одликуваат со висока интелигенција и со развиени моторички способности, т.е. тие се во состојба да извршуваат сложени работи и да решаваат тешки проблеми. На пример, во 2015 година, весникот „Пекинг њуз“ објавил дека кинеската армија обучила пет мајмуни-мажјаци од видот „резус“, со цел да помогнат во уништувањето на гнездата на птиците, кои претставувале опасност за воените авиони. Претходно, мајмуните биле подложени на обука во траење од три месеци.[1]

Еволуција

Од самото име на редот се заклучува дека се работи за најсовршените цицачи. Приматите се многу стара група која во текот на Терциер се одвоила од своите сродници. Притоа се сочувале многу примитивни одлики кои се слични на оние од инсектојадите и другите примитивни цицачи. Многу други групи на цицачи, како копитарите, неспоредливо помалку ја менувале својата организација во текот на еволуцијата. Единствено мозокот кај приматите достигнал неспоредливо повисок степен на организација за разлика од останатите животни. Кај мајмуните, големиот мозок е силно развиен, а мозочната кора е доста набрана.

Мајмуните како тема во уметноста и во популарната култура

Мајмунот како мотив во книжевноста

  • „Како се меси тесто“ — расказ на египетската писателка Селва Бакр.[2]
  • „Обратно“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[3]
  • „Мајмунска работа“ — басна на Киро Донев.[4]
  • „Лисицата и мајмунот“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[5]
  • „Што шепоти тревата“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.[6]
  • „Вода донесла — вода однесла“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.[7]
  • „Мајмунката заспивалка пее“ — книга на мекедонскиот писател Б. Ситниковски.[8]
  • „Ме нарекуваат мајмун“ — кус расказ на рускиот писател Данил Хармс.[9]
  • „Два Брухелови мајмуна“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[10]
  • „Мајмун“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[11]

Мајмунот како мотив во музиката

  • „Арктички мајмуни“ (англиски: Arctic Monkeys) — британска рок-група.[12]
  • „Лимен мајмун“ (англиски: Brass monkey) — песна на американската рап-група Бисти Бојс (Beastie Boys) од 1986 година.[13]
  • „Мајмуни“ (словенечки: Majmuni) — песна на словенечкиот рок-музичар Марко Брецељ од 1981 година.[14]
  • „Мајмунот смрди“ (англиски: Monkey Stinks) — песна на американската панк-група D.R.I. од 1983 година.[15]
  • „Мајмуни“ (англиски: Monkeys) — песна на британската рок-група Echo And The Bunnymen од 1980 година.[16]
  • „Мајмун на мојот грб“ (англиски: Monkey On My Back) — песна на британската рок-група Inspiral Carpets од 1990 година.[17]
  • „Водење љубов со вампир со мајмун на моето колено“ (англиски: Making Love to a Vampire with a Monkey on my Knee) - песна на американскиот рок-музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1980 година.[18]
  • „Човек-мајмун“ (англиски: Monkey Man) — песна на англиската рок-група Спешлс (The Specials).[19]

Мајмунот како мотив во филмот

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица