Меѓународен конзорциум на истражувачки новинари

Меѓународен конзорциум на истражувачки новинари (МКИН) (англиски: International Consortium of Investigative Journalists, Inc. (ICIJ)) независно здружение од 280 истражувачки новинари од цел свет и повеќе од 140 новински агенции од преку 100 земји.[1] Неговото седиште е во Вашингтон, a основните членови се од Австралија, Франција, Шпанија, Унгарија, Србија, Белгија и Ирска.[2]

Меѓународен конзорциум на истражувачки новинари
КратенкаМКИН (ICIJ)
Основана1997; пред 27 години (1997)
МестоВашингтон
ДиректорЏерард Рајл
Мреж. местоМатична страница Уредете го ова на Википодатоците

МКИН бил основан во 1997 година од американскиот новинар Чарлс Луис како иницијатива на Центарот за јавен интегритет.[3] Конзорциумот истражува актуелни прашања од јавен интерес како: меѓународен криминал, корупција, даночно затајување и финансиски измами на владини службеници.[4][5] Во 2017 г. станал целосно независна организација, а подоцна му бил доделен непрофитен статус. МКИН го разоткрила и го објавила шверцот и даночното затајување на мултинационалните тутунски компании (2000) и криминалот во синдикатите; приватните воени компании, азбестните компании. Најголеми проекти на МКИН се објавувањето на документи за корупција и даночно затајување од светските лидери: Панамските документи (2016), Рајските документи (2017) и Пандорините документи (2021).

Панамските документи се 11,5 милиони доверливи документи со детални информации за преку 214.000 компании собрани од страна на давателот на корпоративни услуги „Мосак Фонсека“ со седиште во Панама. МКИН документите ги прибрал во соработка со германскиот весник Süddeutsche Zeitung и преку 100 други медиумски партнери.[6] Првото делумно објавување на документите било на 3 април 2016 година, и го привлекло вниманието на светските медиуми.[7] [8] Süddeutsche Zeitung објавените податоци ги добил од анонимен извор во 2015 година.[9]

МКИН помогнал да се донесе Законот за корпоративна транспарентност во Соединетите Држави.[10]

Државите повратиле преку 1,36 милијарди американски долари затаени даноци само како резултат на проектот Панамски документи,[11] а некои држави продолжуваат и понатаму да ги собираат изгубените даночни приходи.[12]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица