Моногамија

Моногамијата претставува состојба на имање на само еден сексуален партнер во определен или долгорочен временски период.

Бронзена скулптура на брачен пар Кашуби, со која се слави нивната моногамна врска. Гдиња, Полска

Постојат неколку видови на моногамија:

  • Социјална моногамија: кога две лица живеат заедно, имаат само меѓусебен секс, и соработуваат во обезбедувањето на основните ресурси за живеење;
  • Сексуална моногамија: кога две лице, за време додека се заедно, имаат полов однос само со партнерот, т.е. не практикуваат секс надвор од врската;
  • Генетска моногамија: кога двајца партнери имаат потомство само од еден партнер;
  • Брачна моногамија: се однесува на брак само помеѓу два брачни партнери.

7% од животинскиот свет е моногамен. Тоа значи дека имаат само еден сексуален партнер во текот на целиот живот или за време на една сезона за парење. Кај овие вторите, тоа значи дека во текот на ниедна наредна сезона, двете единки нема повторно да се парат заедно.

За разлика од останатите животни, кај птиците моногамијата е цели 90%. Постојат видови на птици кои во текот на целиот живот имаат само еден партнер.

Моногамијата кај човековата популација изнесува некаде помеѓу 60 и 65%. Да не бидам сфатен погрешно, ќе повторам: моногамијата кај човекот значи немање други сексуални партнери освен партнерот со кој е во врска, додека таа трае. Брачната моногамија може да се разбере на два начина: правниот -имање брак само со еден партнер, а бидејќи социјалната моногамија ја опфаќа и брачната, од друга страна значи и/или немање на друг/и сексуални партнер/и во текот на бракот.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица