Мочуриште

Мочуриште или блатовлажно подрачје со шумска растителност.[1] Многу мочуришта се јавуваат покрај поголеми реки, каде суштински зависат од нивниот водостој.[2] Други пак, се јавуваат на бреговите на поголемите езера.[3] Некои имаат изолирани делчиња со нормална растителност, додека пак други имаат суви возвишенија обраснати со водни растенија или растенија што трпат повремени поплавувања.[4] Постојат два вида на мочуришта: „вистински“ барски шуми и „преодни“ мочуришта од честак. Водата во едно мочуриште може да биде слатка, соленикава или солена (морска). Најголемите мочуришта во светот се среќаваат крај големите реки како што се Амазон, Мисисипи и Конго.[5]

Мочуриште кај езерото Селигер, Русија.
Мочуриште во Сидел, Луизијана, САД

Геологија

Одлика на мочуриштето е застојаноста на водата[6] или многу бавен проток. Под извесни околности, мочуриштата можат да се создадат и од самите реки. Друга одлика за мочуриштата е тоа што се присутни во мошне низок топографски релјеф.

Одводнување

Исцедувањето или мелиорација е начин на отстранување на мочуриштата со цел да се претворат во обработливо земјиште или пак за да се заштити населението од болестите кои ги причинуваат мочуришните инсекти.[7] Човекот во минатото ги исцедувал мочуриштата и за сеча на дрва. Европа има изгубено половина од мочуриштата,[7] додека пак во Нов Зеланд се уништени цели 90%.[8]

Денес постои свест за еколошката важност на мочуриштата: живеалиште за рибите, констрола на поплавувањата, пречистување на водата, складирање на јаглеродот и како дом за разновидни животни и растенија.[9] Во разни краишта во светот, мочуриштата денес се заштитени и постојат големи потфати за нивно обновување.[2][10]

Мочуриштата во Македонија

Поглед на Моноспитовското Блато

Во минатото Македонија имала разни богати мочуришта со разновиден жив свет. Такви биле Катлановско, Моноспитовско, Пелагониско, Струшко, Негорско, Овчеполско[11] и Студенчиште.[12] Пред мелиорациските потфати, во Македонија имало 86.000 ха мочурливи површини, а по овие потфати се останати 22.000 ха[13]

Денес поважни мочуришта се Катлановското, Моноспитовското и Белчишкото Блато. Моноспитовското се смета за последно големо мочуриште во земјата. Големи блатни површини постоеле во околината на Скопје, во подрачје наречено Скопска Блатија. Голем дел од нив во поново време се исцедени, и останати се само мали делови. Поскромните блата по котлините се предмет на проучување и заштита.

Список на поважни мочуришта

Список на поважни мочуришта во Македонија[14]
МочуриштеМестоБелешкиКоординати
Белчишко Блато со Сини ВиројБелчишта, Дебрца
Катлановско БлатоКатланово, Петровец
Моноспитовско БлатоМоноспитово, Босилово
Кундинско ЕзероКундино, Пробиштип
Мездра и ЃерамМездра, Свети Николе
Мокро и Суво ЕзероСтрацин, Кратовозамочурени езера на Козјак
блата Ченгино Кале - КлепалоЧенгино Кале, Беровопод Малешевските Пл.
Еленско Блатона Буковик кај Пехчевомеѓу Кадиица и Малешевски Пл.
Студенчишко БлатоСтуденчишта, Охрид
Струшко БлатоРадолишта, Стругакрај Охридското Езеро
Слана БараЦарев Врв, Крива Паланкатресетиште на Осоговските Пл.
Кравја Млакана Караорман, Дебрца
Стењско БлатоСтење, Преспа

Мочуриштето како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Мочуришна земја“ — песна на северноирскиот поет Шејмас Хини.[15]
  • „Мочуриште“ (англиски: Swamp) — песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1983 година.[16]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица