Општина Василево

Општина Василевоопштина во југоисточна Македонија. Центар на општината е Василево.

Општина Василево
Општина
Знаме на Општина ВасилевоГрб на Општина Василево
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеВасилево
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникСлаве Андонов
Површина
 • Вкупна230,4 км2 (89,0 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно10.552
 • Густина46/км2 (120/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+034
Регистарски табличкиSR
Мреж. местоopstinavasilevo.gov.mk
Карта на Општината.
Демографска карта на Општината.

Географија

Историја

Општина Василево како комуна за првпат е формирана 1922 година.Со територијалната поделба 1954 - 1955 година комуна Василево повторно е основана што значи дека е согледана можноста за опстојување на тој простор како Комуна. Комуна Василево ја преживува и реформата во 1962 година кога се укинати другите селски комуни во Струмичкиот регион, но во 1965 година со Стопанската реформа е укината заедно со сите комуни.Во 1996 година со Законот за територијална поделба на Република Македонија, општина Василево повторно се основа со 18 населени места, но сега без Добрејци, Вељуса и Просениково.

Стопанство

Демографија

НародВкупноУдел (%)
Македонци9.95882,15
Албанци00,0
Турци2.09517,28
Роми50,04
Власи10,01
Срби40,03
Бошњаци10,01
останати580,48
ВероисповедВкупно
православни9.246
муслимани2.196
католици581
протестанти1
останати98

Општина Василево има 18 населени места во кои живеат 12.122 жители, според пописот од 2002 година. Ако оваа бројка се спреди со претходниот попис од 1994 година , се гледа дека населението во општината е во пораст и тоа за 713 жители или 6,25%.[2]

Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Василево во 2011 се зголемил за 4,4 % во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Василево е трета општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.[3]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Василево е Марјан Јанев од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Василево е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 8 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 7 места

За потребите за функционирање на органите на локалната самоуправа во текот на 1997/98 година е изградена Општинска административна зграда, која ги задоволува условите за работа на општинската администрација и со зголемени надлежности согласно новиот Закон за локална самоуправа. Имено општинската административна зграда е со површина од 253 м2, има 7 канцеларии, кујна, санитарен јазол и простран хол.Постојните управни и административни органи на општина Василево согласно новиот Закон за локалната самоуправа се организирани во општинска администрација со Одлука од Советот на општината. Со оваа Одлука како организациони облици на општинската администрација се образуваат специјални одделенија, и тоа:

1. Одделение за комунални дејности и заштита на животната средина;
2. Одделение за општествени дејности;
3. Одделение за финансии, даноци, такси и ЛЕР;
4. Одделение за правни работи;
5. Одделение за ревизија.

Раководени од потребите на граѓаните за остварување на нивните права во доменот на локалната самоуправа, како и од обемот на работата бројот на вработените во општинската администрација континуирано се зголемува.Општина Василево во моментот има 17 вработени. Вработените ги посетуваат семинарите, работилниците и други форми на обучување, како резултат на што може да се пофалиме со квалитетно и навремено извршување на работните задачи и спремноста за преземање на зголемените обврски согласно децентрализацијата.Исто така би сакале да нагласиме дека и технички сме спремни со потребната технологија за брзо и ефикасно работење.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица