Општина Вевчани

Општина Вевчаниопштина во Република Македонија, во југозападниот дел на земјата. Карактеристично е тоа што има само едно населено место — селото Вевчани, каде е сместена општинската управа. Создадена е со одделување од Општина Струга во 1996 г. иако постоела како независна општина и во 1950-тите. Ова е најмалубројната општина во државата.

Општина Вевчани
Општина
Знаме на Општина ВевчаниГрб на Општина Вевчани
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеВевчани
Управа
 • ГрадоначалникСпасе Кочовски
Површина
 • Вкупна22,8 км2 (8,8 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно2.359
 • Густина100/км2 (270/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+046
Регистарски табличкиVV
Мреж. местоvevcani.gov.mk
Карта на Општина Вевчани.
Демографска карта на Општина Вевчани

Географија

Местоположба

Општина Вевчани се наоѓа во југозападниот дел на Македонија на падините на планината Јабланица на надморска висина од 800м. Атарот на населбата Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток-запад, од подножјето, преку ридестиот терен сè до сртот на планината Јабланица. Се граничи со Општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија. До Вевчани води асфалтиран пат што од Струга минува низ селата Враништа и Велешта и води до Вевчани.

Клима

Општината и поширокото подрачје претставува најјужниот дел од Македонија и лежи на географска широчина од 41°, но благодарение на височината на која лежат и најниските делови на теренот, климатските одлики во значителна мера отстапуваат од средоземната клима, која ова подрачје би требало да ја има со оглед на својата географска положба. Ова подрачје од морската страна е оградено со високи планини така што многу малку се одразува влијанието на морето врз климатските одлики на теренот. Во ова подрачје најтопли месеци се јули и август а најладни се јануари и февруари. Средната месечна температура во топлите месеци е 22 °C, а во најладните се спушта и под 0 °C. Средните годишни температури се ниски така што тие се задржуваат околу половина од годината и се некаде околу 10 °C.Средните годишни врнежи се околу 1000мм. но тие се распределени во различни периоди и се редовно врзани со температурите така што најмногу ги има во ноември и декември, а најмалку во топлите летни месеци. Секако трeба да се спомене дека повеќе ги има во планинскиот предел.Висината на снежните врнежи достигнува и до 2м. Апсолутната минимална температура во зимските месеци изнесува до -20 °C.

Историја

До 1953 година Вевчани била општина, заедно со селата Октиси и Горна Белица. Од 1953 до 1956 година била приклучено кон општина Велешта, а нешто подоцна кон општина Струга. Оттогаш трипати било поднесувано барање за формирање на општина 1969, 1981 и 1990 година.

Општината е обновена 1996 година со донесувањето на Законот за територијална организација на Македонија со што Вевчани со површина од 22,8 км2 и 2500 жители е единствената општина во Македонија со едно населено место. Општината почнала да функционира од 1997 година со формирањето на нејзините органи и тела, по изборите за локална самоуправа.

Демографија

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, општината Вевчани броела 2.433 жители, од кои 2.419 Македонци, 3 Албанци, 1 Влав, 3 Срби и 7 останати.[2]

ВероисповедВкупно
православни2.421
муслимани3
католици5
протестанти0
останати4
ЈазикВкупно
македонски2.419
албански3
турски0
ромски0
влашки1
српски3
бошњачки0
останати7

Според последниот попис од 2021 година, општината Вевчани брои 2.359 жители, од кои:[3]

НародВкупноУдел (%)
Македонци2.25295,46
Албанци140,06
Турци00,00
Роми00,00
Власи40,02
Срби30,01
Бошњаци00,00
останати60,03
лица без податоци804,42

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Вевчани е Спасе Кочовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Вевчани е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

  ВМРО-ДПМНЕ: 5 места
  СДСМ: 4 места

Редовни настани

  • Вевчански карневал-вевчанскиот карневал е традиционален настан кој се одржува 14 векови.Тој започнува на 13 јануари.Тогаш маските се поделени на горно маало и долно маало.Горно маалците се собираат во почетокот на селото кај стружанка,а долно маалците малку погоре од другите.Кога ќе се соберат сите маскитие со тапани и зурли(музика)тргнуваат накај сретселото да ги претставуваат своите маски,каде што има многу луѓе кои со нетрпение ги очекуваат маските.Кога маските ќе се претстават тие одат така маскирани на визита кај оној што се вика Васил,васко и сл.Вечерта кај игралиштето има музика и сите се собираат таму.Наредниот ден сите маски се собираат на сретселото и ги палат маските,со тоа е познато дека го бркаат злото од поминатата година,бидејќи понато е дека вевчанскиот карневал(василица) е уште нарачен и Стара нова година.Потоа сите играат оро околу оганот и се веселат.Со тоа завршува вевчанскиот карневал.На овој карневал доаѓаат преку 500.000 луѓе меѓу кои се и странците кои доаѓаат специјално за овој ден.

Инфраструктура

Регионален пат е Суво поле (Кореја) - Вевчани центар. Неговата ширина е 6.0 м, а должината е 4,5 км. Тој е асфалтиран и е во добра коловозна состојба.

Од почетокот на Вевчани (фабриката Вевчанка) - до центарот изградени се тротоари. Регионалниот пат го одржува Македонија пат.

Локални патишта во населбата се :

Вевчани -Горна Белица, ширина=3,5 м (планински пат), должина=5км-асфалт, должина=3,5км под тампон (за асфалтирање останува уште=1,5км.);Ф-ка Вевчанка - Здравствен дом, должина 1,8 км - пробиен и асфалтиран во должина од 0,6 км.Улиците низ населбата се од асфалт и бекатон.

До населбата Вевчани се доаѓа преку локалниот пат што се одвојува од регионалниот патен правец Струга - Дебар со вкупна должина до населбата од 4 км. Од населбата во правец кон југ постои локален пат за селото Октиси кој е асфалтиран но изграден по постојната траса која не е соодветна за несметано одвивање на нормален сообраќај во две насоки. Према селото Подгорци има оформен патен правец, но не е танпониран ниту асфалтиран. Со селото Горна Белица во дел е поврзано со асфалтиран пат а останатиот дел е предвиден да се доработи во текот на наредната година.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица