Општина Радовиш

Општина Радовишопштина во Југоисточен Регион на Република Македонија, со површина од 608 км2 и 28 244 жители. Центар на општината е градот Радовиш.

Општина Радовиш
Општина
Знаме на Општина РадовишГрб на Општина Радовиш
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеРадовиш
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникАцо Ристов
Површина
 • Вкупна608 км2 (235 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно24.122
 • Густина40/км2 (100/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+032
Регистарски табличкиRA
Мреж. местоradovis.gov.mk
Карта на општина Радовиш со селските атари.
Демографска карта на општина Радовиш со селските атари.

Населени места

Населени места во Општина Радовиш се градот Радовиш и околните села: Али Коч, Али Лобаси, Бучим, Воиславци, Дамјан, Држани, Дурутлија, Злеово, Ињево, Јаргулица, Калаузлија, Калуѓерица, Каралобоси, Караџалар, Козбунар, Коџалија, Ново Село, Ораовица, Папавница, Погулево, Подареш, Покрајчево, Прналија, Раклиш, Сариѓол, Смиланци, Сулдурци, Супурге, Тополница, Ќоселија, Худаверлија, Чешме Маале, Шаинташ, Шипковица и Штурово.

Географија

Сместена во југоисточниот дел од Републиката, општина Радовиш го зафака северозападниот дел од пространата Струмичко-радовишка Котлина, односно горното сливно подрачје на Радовишка Река. Северниот дел припаѓа на Родопска зона планините Плачковица и Готен, јужниот дел на планината Смрдеш (планина), на северозапад се наоѓа ридестиот дел на областа (Јуруклук) Јуруклак или Дамјанско поле, а на југоисток се протега алувијалната рамнина на Радовишка Река.

Општина Радовиш има добри гравитациско-контактни и функционални врски во правец северозапад-југоисток, односно Штип и Струмица , од кои градот Радовиш е оддалечен само 35 односно 30 км. Градот Радовиш е сместен во централниот дел на општината, на надморска височина од 380 м, и претставува општински административе центар со добра местоположба за развој на стопанството.

Како административен центар ги опслужува и жителите на Општина Конче бидејќи во градот Радовиш се сместени сите државни институции кои имаат дејност на регионално ниво.

Територијата на општина Радовиш со 608 км2[2] се вбројува меѓу средно големите општини.

Историја

На територијата на општина Радовиш уште од праисторијата се наоѓаат траги на материјалната култура. Посебно се интересни наодите од епохата на неолитот, бакарното време, халштатот и бронзата. Во времето на Филип II Македонски и Александар Македонски територијата на радовишко ја населувале Пеонците. Бројни остатоци од вредност се од времето на предримската и римската епоха. Тоа се претежно антички населби, некрополи, каструми, терми, аквадукти, милјокази и други наоди.

Градот Радовиш за првпат се споменува во 1019 во Грамотата на Византискиот цар Василиј II, а така се викала и средновековната жупа, што покажува дека градската функција потекнува од средниот век. Во тоа време, Радовиш претставувал значаен регионален трговско-занаетчиски и рударски центар. Името на Радовиш е поврзано со името на средновековната кнегиња од словенско потекло, Рада, која живеела во тврдината над градот, чиишто урнатини сè уште постојат. Во периодот на 14 век бил под власт на српските владаетери - 1361 година во него престојувал Цар Урош.

Под турското освојување во почетокот на 16 век во овој крај многу се населувале Јуруци - турско номадско племе, етничка група која и денес е присутна во радовишко. Документите Ќустендилски метрополити во 17 век се викаат и радовишки. Кон крајот на 18 век Радовиш било гратче опколено од ѕид од стара тврдина чии остатоци стојат и денеска. Некогаш големиот пат од Поморавје преку Куманово и Овче поле и Радовишко поле преку Струмица водел до Солунскиот и Струмскиот Залив.Во XIX и XX век Радовиш и околината биле под влијание на историските настани поврзани со разловечкото, кресненското и илинденското востание, потоа настаните од балканските војни, првата и втората светска војна и периодот по завршувањето на втората светска војна придонеле за денешниот изглед на Радовиш.

Територијата на општина Радовиш е богата со истражени и голем број неистражени археолошки наоѓалишта, манастири и цркви кои се дел од богатата ризница на споменици на културата.

Демографија

Во општина Радовиш има вкупно 36 населби, населени се само една градска и 20 селски населби со вкупен број на жители 28 244. Има три населби со повеќе од 1000 жители: Ораовица-1720, Ињево-1624, и Подареш-1413 жители во останатите населби живеат помеѓу 300 и 1000 жители. Во пет населби живеат помалку од 50-тина жители, а шест селски населби се целосно иселени.[3]

Етничка структура

НародВкупноУдел (%)
Македонци23.75384,10
Албанци80,03
Турци4.06114,38
Роми2760,96
Власи260,09
Срби710,25
Бошњаци10,01
останати540,19
ВероисповедВкупно
православни23.675
муслимани4.354
католици13
протестанти3
останати199
ЈазикВкупно
македонски23.789
албански7
турски4.173
ромски156
влашки13
српски67
бошњачки1
останати37

Старосна структура

  • од 0-14 г.- 51,06 %
  • од 15-64 г.- 39,7 %
  • над 65 г. - 9,24 %

Структура на вработени според дејност

  • стопанство 4011;
  • нестопанство 850 ;

Невработеност и активност

  • околу 6800 невработени
  • активно население: 22 561 жител, или 84,69%[4]

Општествени установи

  • ЈП „Плаваја“
  • ЈП „Македонски Шуми“ - подружница „Плачковица“ - Радовиш
  • ЈП Водостопанство „Радовишко поле“

Во Радовиш работат две институции од областа на културата:

Исто така во Радовиш постои „Етнолошки музеј“ каде што се наоѓа вредна „Етнолошка збирка“ од Радовишкиот крај.

Стопанство

Приватниот сектор во општината го сочинуваат: Рударство, угостителство, текстил, шумарство, месна индустрија, трговија на големо и мало, занаетчиство (поправка на моторни возила, часовници, чевли , бела техника и др.), индустрија за конзервирање, млечна индустрија, индустрија за неметали, тутунска индустрија, козметичко-фармацевтска, обработка на злато и сребро. Приватната дејност е 90 % од вкупното стопанство.

Самоуправа и политика

Административниот центар на општината е сместен во градот Радовиш. Органи на локалната самоуправа се градоначалникот и советот на Општина Радовиш. Локалната администрација и секторите во истата се под надлежност на градоначалникот, чија работа е да ги претставува и застапува интересите на општината и нејзините жители, а и да го обезбеди извршувањето на работите коишто со закон и се доделени на општината.

Претходни градоначалници на Општина Радовиш биле: Герасим Конзулов (2017-2021),Сашко Николов (2013–2017) Роберт Велков (2005–2013), Ристе Кукутанов (2000–2005), Кирчо Сусинов (1996–2000) и Љупчо Захариев (1990–1996). На локалните избори во 2000, 2005, 2009, 2013 и 2021 победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, додека на изборите во 2006 и 2017 има победено канидидатот на СДСМ.

Актуелен Градоначалник на општина Радовиш е Ацо Ристов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Радовиш е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

  ВМРО-ДПМНЕ: 9 места
  СДСМ: 7 места
  ЛДП-ДОМ: 2 местa
  Независни: 1 место

Културни и природни знаменитости

Како културно-историски вредности коишто ги поседува општината Радовиш се Црквата „Св. Троица“, Параклисот Св. Спасо Радовишки, „Црква Св. Илија“, Туљбето, Крстот над Радовиш и Стариот Јавор.

Цркви и манастири

  • Црква „Вознесение Христово“ - Ињево -парохиска црква. Изградена е во 1872 година. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор. Црквата не е зографисана.
  • Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ – Ињево -камен-темелник за изградба е поставен во 1991 година, а осветена е во 1992 година од Митрополитот Струмички Горазд.
  • Црква „Света Петка“ – Ињево. Манастирска црква на истоимениот манастир. Камен-темелник за изградба е поставен во 17.11.1994 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветена е на 22.10.1995 година од Митроплитот Брегалнички Сефан. Иконите се од зограф Стефан од Охрид.
  • Црква „Свети Архангел Михаил“ – Ињево -Манастирска црква на истоимениот манастир. Камен-темелникот е поставен на 27 април 1999 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветен е на 20 октомври 2002 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Не е фрескоживописан. Престолните икони се од монахиња Макрина од манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Берово, а останатите икони се од зограф Тони од Радовиш.
  • Црква „Св. Илија“ - Радовиш се наоѓа во Радовиш
  • Црква „Св. Троица“ се наоѓа во Радовиш. Христијанскиот храм е осветен во 2003 година, собира 600 верници и претставува еден од најубавите, најсовремените и најбогатите православни храмови на Балканот и пошироко.
  • Црква „Св. Атанасиј“ - Ораовица[6]
  • Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Ораовица.[2] Архивирано на 6 јануари 2014 г.

Редовни настани

Заштитник на општината и градот Радовиш е светецот Свети Спасо Радовишки. Празникот се чествува секоја година на 21 август во параклисот „Св. Спасо Радовишки“ на плоштадот во Радовиш.

Култура и медиуми

Познати се фолклорните ансамбли: Ф.А „Бучим“, Ф.А. „Ацо Караманов“, Ф.А. „Китка“ - Ораовица, Ф.А. Славеј - Јаргулица и аматерските драмски студија. Во текот на годината се одржуваат: „Радовишкото културно лето“, Детскиот фолклорен фестивал „Оро весело“, Изворниот фестивал „Гајда“ - Ињево, Фолколорниот фестивал „Велигденските средби“ во Ораовица, „Карамановите поетски средби“, Манифестацијата „Самун ем Татлија“ и др.

Медиуми

Во медиумскиот простор присутни се една локална телевизија „ТВ Еми“, една регионална телевизија „ТВ Кобра“ и два кабелски оператори „АндесНет“ и “Телекабел“. Печатени локални медиуми се појавуваат периодично, a и еден локален-регионално мрежно место портал RadovisNews [3] Архивирано на 6 април 2014 г..

Телекомуникации

Во градот постои развиена фиксна и мобилна телефонија. Постојат неколку локални интернет доставувачи со безжично покривање на целиот град, и WiFi точки.

Образование

Во областа на образованието и воспитувањето работат вкупно осум институции. Една од нив е предучилишна комбинирана установа, пет основни училишта со повеќе подрачни објекти, една гимназија од областа на средното образование и еден факултет.

Предучилишно воспитување

  • ЈОУ Детски градинки „Ацо Караманов“ со трите објекти „Цветови“ „Изворче“ и „Управна зграда“.

Основно образование

Основни училишта во општина Радовиш

Средно образование

  • СОУ „Коста Сусинов“ - Радовиш - со 1146 ученици и 52 вработени. Средното училиште има гимназиска насока, металуршко-техничка насока, и електротехничка насока - електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

Високо образование

Спорт

Во Радовиш дејствуваат организирано спортските клубови:

ФК Плачковица (формиран 1942 година),

ФК Детонит Јуниор,

пинг понгарски клуб „Еми Петрол-Радовиш“ (формиран во 1993 година, а денес се натпреварува во Националните Пинг-Понгарски лиги),

РК „Радовиш“ (игра во Супер Лигата на Македонија),

Борачкиот клуб „Бучим-Радовиш“ (освојувач на титулата Државен шампион на Македонија за 2013 година, Европски и Светски клупски шампион),

Стрелачкиот клуб „Бучим“,

Велосипедскиот клуб „Свиок“,

Триатлон клубот „Ана-да“,

Риболовниот клуб „Крап-Радовиш“ [6] Архивирано на 1 август 2015 г.(се натпреварува во Првата македонска риболовна лига),

Мото клубот „Џинка“,

Планинарското друштво „Бел Камен“,

Алпинистичкиот клуб „Плоча“,[7]

Џудо клубот “Сенсеи“,

Карате клубот “Феникс“,

Спортски навивачи „Лебари“ и други.

Исто така, во Општина Радовиш од 2013 година била возобновена и Општинската фудбалска лига - Радовиш, а постои и „Општинска училишна лига во футсал“ за Основните училишта од Општина Радовиш.[8]

Радовиш поседува капитални спортски објекти како: Спортскиот-рекреативен комплекс „Шампион“ (со олимписки базен, повеќе игралишта за мал фудбал и кошарка, ракомет, одбојка и тениски терени), Спортската сала „25 мај“ со капацитет од 1,500 седишта, Градскиот стадион за фудбал во Радовиш, тениски терени, повеќенаменски спортски терени и друго.

Познати личности од Општина Радовиш

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица