Општина Свети Николе

Општина Свети Николеопштина во централно-источниот дел на Република Македонија, во плодната котлина Овче Поле која има голема плодност и земјоделско-економска важност и посебни културно-етнографски одлики. Општината зафаќа површина од 480 км2 и според тоа се вбројува во најголемите општини во Републиката, со 33 селски населби.

Општина Свети Николе
Општина
Знаме на Општина Свети НиколеГрб на Општина Свети Николе
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеСвети Николе
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникДејан Владев
Површина
 • Вкупна482,89 км2 (186,44 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно15.320
 • Густина32/км2 (82/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+032
Регистарски табличкиSN
Мреж. местоsvetinikole.gov.mk
Карта на Општина Свети Николе со селските атари.
Демографска карта на Општина Свети Николе со селските атари.

Географија

Општината го зафаќа централниот дел на Република Македонија и се простира меѓу општините Велес, Лозово, Штип, Карбинци, Пробиштип, Кратово, Куманово и Петровец. Нејзината територија се поистоветува со областа Овче Поле.

Овче Поле е котлина која што лежи во сливот на Светиниколска Река, десна притока на Брегалница. Овчеполската Котлина се наоѓа на надморска висина од 200 до 400м и е под влијание на континентални и средоземни климатски влијанија. Како средиштен дел на котлината се наоѓа градот Свети Николе.

Градот Свети Николе е сместен во средишниот дел на општината и е поврзан со регионални патишта со општините: Куманово во должина од 43км, Штип - 25км и Велес 34км. Со главниот град на Републиката, Скопје, е поврзан преку Куманово во должина од 76км и преку Велес во должина од 86км, а во иднина се планира реализација на патниот правец Свети Николе - Миладиновци, кој значително е пократок околу (околу 52км).

Поголемите населени места со градот се поврзани со асфалтни локални патишта со вкупна должина од 107,95км. На оддалеченост од 10км од градот се наоѓа железничката станица „Овче Поле“, а на 60км од истиот се наоѓа аеродромот Петровец, што значи дека постои добра сообраќајна поврзаност.

Историја

Античкото име на градот и општината Свети Николе е Пробатон. Пресуден историски момент е 1292 година, кога со изградба на црквата Свети Никола се одомаќинува името Свети Николе. Во 1845 година Свети Николе прераснува во гратче.

Стопанство

Стопанската дејност во општина Свети Николе е во фаза на развој. Во моментот, стопанската дејност ја извршуваат 650 правни лица. На производството, како главна стопанска дејност, отпаѓаат 18,10% од стопанските субјекти. Бројот на невработени лица изнесува 3358 работоспособни лица.

Овчеполието е претежно земјоделски регион со вкупна површина од 28000 хектари, од кои 80% отпаѓаат на обработливо земјоделско земјиште. Плодните и обработливи земјоделски површини се доминантен природен ресурс во Овчеполието. Ова е основниот предуслов за што поголем дел од населението да се занимава со земјоделска и сточарска дејност. Постои поволна клима за одгледување на винова лоза, која носи високи годипшни приноси и производство на висококвалитетно вино по европски стандарди.

Очеполските села имаат идеални услови за органско земјоделско производство и производство на традиционални овчеполски производи.

Демографија

Седиште на општината е градот Свети Николе. Густината на населението не е така голема и изнесува 38,5 жители на 1км2. Во оштината живеат вкупно 18 497 жители од кои:[2]

НационалностБрој на жителиПроцент
Македонци18 00597,34%
Власи2381,29%
Турци810,44%
Роми720,39%
Срби710,38%
Бошњаци10,01%
останати националности290,16%
ВероисповедВкупно
православни18.029
муслимани159
католици7
протестанти0
останати302
ЈазикВкупно
македонски18.042
албански0
турски82
ромски70
влашки201
српски79
бошњачки1
останати22

Во општината не живеат Албанци.

Во состав на општината влегуваат и 32 села: Алакинци, Амзабегово, Арбасанци, Богословец, Буриловци, Горно Ѓуѓанци, Горно Црнилиште, Горобинци, Делисинци, Долно Ѓуѓанци, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Кнежје, Крушица, Макреш, Малино, Мездра, Мечкуевци, Мустафино, Немањици, Орел, Павлешенци, Патетино, Пеширово, Преод, Ранченци, Сопот, Стануловци, Стањевци, Строиманци и Трстеник

Општествени установи

Општината има солидна здравствена, социјална и образовна структура, како и завидна спортска традиција, место од каде голем број спортисти ги започнаа своите големи спортски кариери. На почетокот на октомври 2008 година, беше отворена спортската сала „Цар Самуил“, во соработка меѓу општината, Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија.

Самоуправа и политика

Со отпочнувањето на процесот на децентрализација, локалната самоуправа има зголемена моќ во решавањето на комуналните и инфраструктурните проблеми, со цел подобрување на целокупното урбано живеење и обезбедување одржлив развој на заедниците. Една од надлежностите на општината е локалниот економски развој, за која општината создава и имплементира важни стратешки документи каде плански се проектира еконоомскиот равој, како Стратегија за локален развој, Локален акционен олан за животна средина, Општински образовни политики, план за социјална заштита и др. Во таа насока општината успеа да реализира повеќе проекти од сите области, а во тек се и други проекти кои во најскоро време треба да бидат реализирани.

Градоначалник на општина Свети Николе е Сашо Велковски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Свети Николе е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 8 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 7 места

Културни и природни знаменитости

Културните активности се реализираат преку две општински институции:

  • Дом на култура „Крсте Мисирков“ - Свети Николе и
  • Народен музеј - Свети Николе.

Тие даваат белег на културното живеење во општината и пошироко. Домот на културата како центар на културата во градот и општината дава печат на современото културно живеење со своите разновидни и квалитетни културни содржини. Општината Свети Николе отсекогаш имала богата културна и особено фолкорна традиција. Богатата овчеполска фолклорна традиција истовремено претставува еден од фундаментите на богатото македонско народно творештво, кое со своите автентични вредности има светско значење.

Во зачувувањето и негувањето на изворните фолклорни дејности најголем придонес имаат 40 културно уметничките друштва кои работеле и работат на територијата на општината. Посебно се издвојува фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“, кој работи во составот на Домот на културата. Овој ансамбл, фолклорните вредности на овој крај ги претставува во континуитет повеќе од 40 години на разни фестивали во Македонија и надвор.Исто така позната е и фолк групата Слатка Тајна,која е позната низ Македонија по бројните настапи на телевизиите и фестивалите во државата ,но и надвор од неа.Групата досега има издадено еден албум,а од бројните сингл нумери се издвојува песната за родниот крај Овчеполие.

Редовни настани

Свети Николе од далечната 1973 година беше организатор на манифестацијата „Регионални фолклорни смотри“ и ги опфаќаше општините од источниот регион со успешно презентирање на чистите вредности на македонската фолклорна ризница. Овој настан израсна во препознатлив Меѓународен фестивал на изворен фолклор.

Меѓународниот фестивал на изворен фолклор Тодорица, кој се одржува секоја година континуирано во новиот милениум е поврзан со верскиот празникТодорова сабота“, а месното население на Свети Николе го слави како народен собор „Тодорица“. Популарниот панаѓур, којшто трае три дена за време на празникот, претставува интересна можност за среќавање на граѓаните од градот и пошироко. Овој фестивал има богата традиција, а градот станува вистински центар на изворниот фолклор, вклучувајќи ги различните етноси од Македонија и пошироко.

Личности

  • Гордана Нацева, ракометен голман во РК Овче Поле, РК Ѓорче Петров и државната репрезентација
  • Кирил Лазаров , ракометар, две сезони најдобар стрелец во Европскиот Клупски Ракомет, најдобар стрелец во историјата на светските ракометни првенства, првотимец во неколку реномирани Европски клубови и капитен на државната репрезентација.
  • Филип Лазаров, ракометар, брат на Кирил Лазаров, настапува во РК Металург од Скопје, и за државната репрезентација.
  • Маријана Мишева, естраден уметник,
  • Лазар Колишевски, Претседател на СФР Југославија

Култура и спорт

ФК Овче Поле (Свети Николе, оформен 1925 година. Повеќе сезони бил член на 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига).

РК Овче Поле (Свети Николе), тука својата кариера ја имаат почнато браќата Кире и Филип Лазаров.

КК Овче Поле (Свети Николе), стана 10тиот член на првата кошаркарска лига на Македонија, во 2008 година.

Иселеништво

Иако во минатото немало многу иселеници, во последните 15 години забележителен број на граѓани од овој крај се иселуваат во Италија, Америка, Германија, Швајцарија како и во далечната Австралија. Значителен број од нив најпрвин како сезонски работници ја напуштаат Македонија, за подоцна трајно да се преселат во странство.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица