Општина Старо Нагоричане

Општина Старо Нагоричанеопштина во северниот дел на Македонија. Центар на општината е селото Старо Нагоричане.Општина Старо Нагоричане како општина е формирана 1996 година,во неа гравитираат 39 населби. Во општината постојат 43 архиелошки наоѓалишта, 14 некрополи, 6 архелошки објекти и 2 осамени наоди. Археолошките наоѓалишта потекнуваат од следните хронолошки периоди: неолит, бакарно време, брозено време, железно време, рана антика, римски период, доцна антика и среден век. Градоначалник е Жаклина Јовановска. Претходно, територијата на Општина Старо Нагоричане била во рамките на Општина Куманово.

Општина Старо Нагоричане
Општина
Знаме на Општина Старо НагоричанеГрб на Општина Старо Нагоричане
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеСтаро Нагоричане
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникЖаклина Јовановска
Површина
 • Вкупна433,41 км2 (167,34 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно3.501
 • Густина8,1/км2 (21/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+031
Регистарски табличкиKU
Мреж. местоstaronagoricane.gov.mk
Карта на Општината.
Демографска карта на Општината.

Географија

Општина Старо Нагоричане се наоѓа во североисточниот регион во Република Македонија. Во општина Старо Нагоричане се наоѓаат селата: Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Макреш, Малотино, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек (Кумановско).

Селото Младо Нагоричане според атарот кој го зафаќа е најголемо село во Македонија.

Планината Козјак (планина) е средновисока планина во североисточниот дел на Македонија, долж границата со Република Србија и опфаќа голем дел од територијата на Општината Старо Нагоричане. Највисок врв на планината е Перен со 1326 метри надморска висина. [2]


Најголема река која тече низ Општината Старо Нагоричане е Пчиња, а нејзина најголема притока е реката Петрошница.

Во атарот на село Орах се наоѓа Мокро Езеро природно езеро од вулканско-денудациско потекло, помеѓу народот познато како Карпинско Езеро.

Историја

До 1965 година на сегашната општинска територија постоела општина Старо Нагоричане којашто е укината од страна на тогашната власт. Со новиот закон за територијална организација од 1996 година, општина Старо Нагоричане е возобновена и како општински центар е земено с. Старо Нагоричане, односно искористена е истата општинска зграда во којашто функционирала општината до 1965 година.[3]

Стопанство

Населението во Општината Старо Нагоричане најчесто се занимава со земјоделие.

Фармерите кои егзистираат на ова територија најчесто имаат посеви со житни култури како што се пченица, јачмен, овес, пченка и рж.

Од сточарството најзастапено е одгледувањето на свињи, крави, овци и кози. Во минатото имало неколку живинарски фарми на кои се одгледувале кокошки и ноеви.

Застапено е и одгледување на винска лоза.

Демографија

Попис на населението во Македонија (2002) на територија на Општина Старо Нагоричане имало 4840 жители од кои:[4]


НационалностиБрој на жители
Македонци3906
Срби926
Албанци1
Роми1
Не кажале националност6


Попис на населението во Македонија (2021) бројката на население во Општината Старо Нагоричане е намалена на 3501 жители, што е намалување за огромни 27.6%.[5]

НационалностиБрој на жители
Македонци2513
Срби585
Албанци13
Роми3
Не кажале националност9

Општествени установи

На територијата на Општината Старо Нагоричане функционираат 3 општински основни училишта и 1 градинка:

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Старо Нагоричане е Жаклина Јовановска од редовите на СДСМ. Таа била реизбрана на Локални избори во Македонија (2021) за нов мандат од четири години.[7] Советот на општина Старо Нагоричане е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

  СДСМ: 5 места
  ТМРО: 2 места
  Независни: 1 место
  ДПСМ: 1 места


Претходни градоначалници:

Милован Трајковиќ (1996-2000)

Власте Димковиќ (2000-2009)

Миодраг Јовановиќ (2009-2013)

Милован Стојковски (2013-2017)[8]

Културни и природни знаменитости

Во рамките на општината се наоѓаат следниве знаменитости:

Редовни настани

Личности

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица