Оромски јазик
Оромскиот или само оромо (Afaan Oromoo) е афроазиски јазик, дел од групата на кушитски јазици. Јазикот се зборува во Етиопија (во сојузната држава Оромија), но и во соседните Кенија и Сомалија. Оромскиот е мајчин јазик на Оромците.
Оромо | ||
---|---|---|
Afaan Oromoo | ||
Застапен во | Етиопија, Кенија | |
Подрачје | Оромија | |
Народ | Оромци | |
Говорници | Грешка во изразот: Недостасува операнд за - 500 во Кенија (попис 2015), 42 во Сомалија (попис 2015) | |
Јазично семејство | афроазиско
| |
Писмо | латиница | |
Статус | ||
Службен во | Оромија| Регион Оромија ( Етиопија) | |
Признаен како малцински во | Кенија | |
Јазични кодови | ||
ISO 639-1 | om | |
ISO 639-2 | orm | |
ISO 639-3 | orm — опсежен код Поединечни кодови: gax — борански hae — источнооромски orc — ормански gaz — западнооромски ssn — ватански | |
Оромско говорно подрачје | ||
Оромскиот моментално е најзборуваниот јазик во Етиопија, односно го зборуваат околу 33,8 % од населението.[1] Воедно, оромскиот е најзборуван кушитски јазик во светот, а четврт најголем јазик во Африка.[2] Јазикот го зборуваат над 35 милиони луѓе во Етиопија и околните држави.[3] Јазикот, иако е најголем во Етиопија, не е службен во државата, туку само во регионот Оромија.[1]
Дијалекти
Етнолог во 2015 објавил дека јазикот е составен од следните големи дијалектни групи:
- борански
- источнооромски
- ормански
- западни
- ватански
Говорници
Околу 85 проценти од Оромците живеат во Етиопија, воглавно во регионот Оромија. Мал број на Оромци живеат во Сомалија.[4] Во Кенија живеат околу 500.000 Оромци.