Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 2020

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Летните олимписки игри 2020 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Игрите се одржале во Токио од 23 јули до 8 август 2021, а медали биле доделени во 339 натпреварувања во 33 спортови.

Карта на светот на којашто е претставен успехот на секоја земја на Летните олимписки игри 2020.
Легенда:
       Со златна боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден златен медал.
       Со сребрена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал.
       Со бронзена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал.
       Со сина боја се обележани земјите-учеснички коишто не освоиле медал.
       Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите.
Карта на светот на којаѓто се обележани земјите по вкупниот број на освоени медали на Летните олимписки игри 2020.

Бермуда,[1] Филипините[2] и Катар[3] за првпат освоиле златен медал, а Буркина Фасо,[4] Сан Марино[5] и Туркменистан[6] ги освоиле првите олимписки медали воопшто. Покрај тоа, Македонија за првпат освоила сребрен медал откако претходно има освоено само еден бронзен медал.[7]

Медали

Дизајнот за олимписките медали на Летните олимписки игри во 2020 година бил создаден од страна на Јуничи Каваниши. Медалите се произведени со употреба на рециклиран метал извлечен од мали електронски уреди донирани од јавноста. Лентата на медалите е изработена со традиционални јапонски мотиви коишто се среќаваат во „ичиматсу мојо“ и била усогласена со карирани обрасци и традиционалната техника за изработка на слоевите од кимоно „касане но ироме“ во современ облик. Медалите се произведени од јапонско пепелаво дрво обоено во иста боја како олимпискиот амблем.

Список по земји

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Два златни медали биле доделени за делбата на првото место во машкиот скок во височина. Како последица на тоа не бил доделен сребрен медал.[8]

Во бокс (13 натпреварувања), борење (18), карате (8), теквондо (8) и џудо (15) биле доделени по два бронзени медали во секое натпреварување или вкупно 62 бронзени медали повеќе. Исто така, два бронзени медали биле доделени за делбата на третото место во женскиот натпревар на партер во гимнастика и со тоа биле доделени вкупно 63 дополнителни бронзени медали.

  *   земја домаќин (Јапонија)

Список на земји со освоени медали[9]
МестоНОКЗлатоСреброБронзаВкупно
1  САД (USA)394133113
2  Кина (CHN)38321888
3  Јапонија (JPN)*27141758
4  Велика Британија (GBR)22212265
5  РОК (ROC)20282371
6  Австралија (AUS)1772246
7  Холандија (NED)10121436
8  Франција (FRA)10121133
9  Германија (GER)10111637
10  Италија (ITA)10102040
11  Канада (CAN)761124
12  Бразил (BRA)76821
13  Нов Зеланд (NZL)76720
14  Куба (CUB)73515
15  Унгарија (HUN)67720
16  Јужна Кореја (KOR)641020
17  Полска (POL)45514
18  Чешка (CZE)44311
19  Кенија (KEN)44210
20  Норвешка (NOR)4228
21  Јамајка (JAM)4149
22  Шпанија (ESP)38617
23  Шведска (SWE)3609
24  Швајцарија (SUI)34613
25  Данска (DEN)34411
26  Хрватска (CRO)3328
27  Иран (IRI)3227
28  Србија (SRB)3159
29  Белгија (BEL)3137
30  Бугарија (BUL)3126
31  Словенија (SLO)3115
32  Узбекистан (UZB)3025
33  Грузија (GEO)2518
34  Кинески Тајпеј (TPE)24612
35  Турција (TUR)22913
36  Грција (GRE)2114
 Уганда (UGA)2114
38  Еквадор (ECU)2103
39  Израел (ISR)2024
 Ирска (IRL)2024
41  Катар (QAT)2013
42  Бахами (BAH)2002
 Косово (KOS)2002
44  Украина (UKR)161219
45  Белорусија (BLR)1337
46  Венецуела (VEN)1304
 Романија (ROU)1304
48  Индија (IND)1247
49  Хонгконг (HKG)1236
50  Словачка (SVK)1214
 Филипини (PHI)1214
52  ЈАР (RSA)1203
53  Австрија (AUT)1157
54  Египет (EGY)1146
55  Индонезија (INA)1135
56  Етиопија (ETH)1124
 Португалија (POR)1124
58  Тунис (TUN)1102
59  Естонија (EST)1012
 Латвија (LAT)1012
 Тајланд (THA)1012
 Фиџи (FIJ)1012
63  Бермуда (BER)1001
 Мароко (MAR)1001
 Порторико (PUR)1001
66  Колумбија (COL)0415
67  Азербејџан (AZE)0347
68  Доминиканска Република (DOM)0325
69  Ерменија (ARM)0224
70  Киргистан (KGZ)0213
71  Монголија (MGL)0134
72  Аргентина (ARG)0123
 Сан Марино (SMR)0123
74  Јордан (JOR)0112
 Малезија (MAS)0112
 Нигерија (NGR)0112
77  Бахреин (BRN)0101
 Литванија (LTU)0101
 Македонија (MKD)0101
 Намибија (NAM)0101
 Саудиска Арабија (KSA)0101
 Туркменистан (TKM)0101
83  Казахстан (KAZ)0088
84  Мексико (MEX)0044
85  Финска (FIN)0022
86  Боцвана (BOT)0011
 Брег на Слоновата Коска (CIV)0011
 Буркина Фасо (BUR)0011
 Гана (GHA)0011
 Гренада (GRN)0011
 Кувајт (KUW)0011
 Молдавија (MDA)0011
 Сирија (SYR)0011
Вкупно3403384021080

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица