Планински часовен појас

часовен појас во Северна Америка

Планински часовен појас — часовен појас во Северна Америка, седум часа зад координираното универзално време (UTC) при стандардно сметање и шест часа зад него при летно сметање (UTC−6). Часовничкото време на појасот се води по средното сонечево време на 105. западен меридијан од Гринич.

  Планински часовен појас

Во САД и Канада, овој појас го носи општиот назив „планинско време“ (англиски: Mountain Time, MT). Се нарекува „планинско стандардно време“ (Mountain Standard Time, MST) при стандардно сметање на времето и „планинско летно време“ (Mountain Daylight Time, MDT) при летно сметање. Појасот е наречен „планински“ бидејќи низ него целосно се протегаат големите Карпести Планини, од северозападна Канада, па до Ново Мексико во САД. Во Мексико, истиот појас се нарекува „тихоокеански појас“ (шпански: Zona Pacífico). Во САД и Канада овој појас лежи источно од тихоокеанскиот, а западно од централниот појас.

Почнувајќи од 2007 г. во некои подрачја месното време се менува од MST во MDT од 02:00 ч. MST на 03:00 ч. MDT на вториот ден недела во март и се враќа од 02:00 ч. MDT на 01:00 ч. MST на првиот ден недела во ноември.

Сонора во Мексико и најголемиот дел од Аризона во САД не следат летно време, а за време пролетта, летото и есента следат исто време како тихоокеанскиот појас.[1] Резерватот Навахо (кој е претежно во Аризона) следи летно време, но резерватот Хопи не следи.

Најголем град во планинскиот часовен појас е Финикс во Аризона, со неговата метрополитенска област.

Канада

Само една покраина во Канада лежи целосно во планинскиот појас:

Една покраина и една територија се поделени меѓу планинскиот и тихоокеанскиот појас:

Една територија иедна покраина се поделени меѓу планинскиот и централниот појас

Мексико

Следниве сојузни држави во Мексико имаат исто време како планинскиот часовен појас:

  •  Јужна Долна Калифорнија
  •  Колима — само три од четирите острови на архипелагот Ревилјахихедо: Сокоро, Сан Бенедикто и Рока Партида.
  •  Најарит: освен општината Баија де Бандерас, која е во централниот појас.
  •  Синалоа
  •  Сонора — нема летно време, само MST.
  •  Чивава

САД

Пет сојузни држави во САД наполно лежат во планинскиот појас:

Три сојузни држави се поделени меѓу планинскиот и тихоокеанскиот појас:

  •  Ајдахо — Јужно Ајдахо
  •  Невада — само Вест Вендовер заедно со гратчињата Џекпот, Маунтан Сити, Овајхи и Џарбиџ на границата со Ајдахо.
  •  Орегон — главен часовен појас на округот Малхир

Седум сојузни држави се подлеени меѓу планинскиот и централниот појас:

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица