Племе

Племе — форма на голема човечка заедница што постои надвор од или пред појавата на државите, чии членови зависат од нивната земја, во најголем дел се доволни самите на себе, па не се интегрирани во општеството. Британскиот антрополог Стивен Кори племето го дефинира како заедница на луѓе кои „живеат на одреден начин со генерации, независни се, и сосема се разликуваат од општеството што доминира“.[1] Исклучок од оваа дефиниција се земјите од Среден Запад како арапските племиња во Ирак и Јемен, Јужна Азија, Авганистан и многу африкански земји како Јужен Судан, каде целото население се припадници на едно или друго племе, па според тоа племето е доминатно во општеството.

Шаман од племе што живее во Амазонија

Постојат 150 милиони припадници на племиња ширум светот.[2] Иако во најголем број племињата се домородни народи во местото каде што живеат, сепак има исклучоци од ова.

Поимот „племенско општество“ често се користи за да се опише заедница организирана врз основа на крвно сродство и голема поврзаност со местото на живеење.[3]

Во некои земји, како во Индија и Северна Америка, постојат племиња кои се официјално признати и на кои им е дадена ограничена автономија во рамките на државата.

Племе и нација

Научниците сметаат дека има разлика меѓу историските племиња кои постоеле пред создавање на државите и современите племиња. Многумина сметаат дека животот во племе е поблиску до природата, за разлика од животот во современите држави.

Антропологот Мортон Фрид во неговата студија Поимот племе од 1975 година, изнесува бројни примери на племиња во кои членовите зборуваат на различни јазици или пак вршат различни ритуали, или пак примери на членови кои имаат јазик и ритуали исти со оние на друго племе. Фрид исто така изнел примери на племиња каде припадниците следеле различни политички водачи, или исти водачи со припадниците на друго племе. Заклучил дека племињата се динамични.[4]

Новите истражувања покажуваат дека племенските структури претставуваат еден вид адаптација на ситуации кои обезбедуваат изобилни, но сепак непредвидливи ресурси. Таквите структури се покажале доволно флексибилни за да го координираат производството и дистрибуцијата на храна во време на недостаток, без ограничување на луѓето за време на вишок.

Племето како тема во уметноста

  • „Племето што гледа во небото“ (италијански: La tribù con gli occhi al cielo) — расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[5]
  • „Племе“ — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[6]
  • „Племето на смелите кокошки“ (српски: Племе смелих кокошака) — кус расказ на Митко Маџунков од 1984 година.[7]
  • „Племенски собир“ (англиски: Tribal Gathering) — песна на американска рок-група Брдс (The Byrds) од 1968 година.[8]
  • „Племенско расположение“ (англиски: Tribal vibes) — песна на американска рап-група Џангл брадерс (Jungle Brothers) од 1989 година.[9]

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица