Плодна Полумесечина

област во западна Азија и североисточна Африка

Плодна Полумесечина — подрачје во Југозападна Азија и најисточниот дел на Северна Африка, кое ги опфаќа долините на четирите големи реки Нил, Јордан, Тигар и Еуфрат, каде што историски се развиле земјоделството и раните (првите) човечки цивилизации, поради што е познато и како лулка на цивилизациите. Поточно, подрачјето наречено Плодна Полумесечина ги опфаќа Левантот на источниот брег на Средоземното Море на исток, Месопотамија со теченијата на Тигар и Еуфрат до Персискиот Залив на запад и долното течение на Нил со Горниот и Долниот Египет на југ и југоисток, при што на југ е ограничен од Сириската Пустина, а на север од масивите на планинските венци на Таур и Арарат, при што подрачјето има облик на полумесечина и површина помеѓу 400.000 и 500.000 км2.

Карта на Плодната Полумесечина

Називот Плодна Полумесечина за ова подрачје е воведен од американскиот археолог Џејмс Хенри Брестед од Универзитетот во Чикаго, поттикнат од фактот дека станува збор за плодна земја чиј облик наликува на полумесечина.[1] Ова е подрачје и на првите човекови цивилизации Сумер, Акад и Древен Египет, каде што се осмислени и пронајдени првите човекови изуми, какви што се развојот на писменоста, пронаоѓањето на тркалото, стаклото, а поради самата плодност, развиени се и земјоделството и наводнувањето.

Денешни држави со значајна територија во рамките на Плодната Полумесечина се Ирак, Сирија, Либан, Кипар, Јордан, Израел, Палестина, Египет, како и југоисточните делови на Турција и западните делови на Иран. Терминот се користи и во меѓународната геополитика и дипломатските односи.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица