Прејди на содржината

Порта Македонија

21°25′56.4″E / 41.99444° СГШ; 21.432333° ИГД / 41.99444; 21.432333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Порта Македонија
Портата Македонија од јужната страна
Карта
Триумфална порта
Општи податоци
Видпорта
Стилкласицизам
МестоПлоштад Пела
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Почната2010
Завршена2011
Отворена6 јануари 2012
Трошок за изградба4,4 млн евра
СопственикМинистерство за култура на РМ
Проектирање и изградба
АрхитектВалентина Стефановска
Архит. биро„Неимар инженеринг“

Порта „Македонија“ — споменик во облик на славолак (триумфална арка) кој се наоѓа на плоштадот Пела во Скопје. Прогласена е за културно наследство на Македонија со цел да се заштити. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект „Скопје 2014“ и свечено отворен на 6 јануари 2012 со говор на премиерот Никола Груевски каде тој се искажал како идеен творец на проектот.[1]Портата е пуштена во употреба со неколку месеци задоцнување по првичниот рок на 8 септември 2011 г. по повод 20 години од независноста на Македонија поради непредвидено продолжување на градежните работи.[2]

Портата е висока 21 м. Однадвор има релјефи на површина од 193 м2 што претставуваат разни настани и обележја од историјата на Македонија и нејзината култура, а во внатрешноста има галериски простор на две нивоа и продавница за сувенири. На горниот дел од Порта Македонија има платформа за набљудување со три дурбина, а до таму водат два лифта и две скалишта.[3]

Позната и како „Триумфална капија“, ова е дело на вајарката Валентина Стефановска, авторката на споменикот „Воин на коњ“. Објектот го извело градежното претпријатие „Гранит” по проект на „Неимар инженеринг“ со вкупен трошок од 4,4 милиони евра.[4]

Илуминација на Портата Македонија за време на манифестацијата „Бела ноќ“ (30.9.2023)

Тематикауреди извор

Илуминација на Портата Македонија за време на манифестацијата „Бела ноќ“ (30.9.2023)

Споменикот има 32 релјефа врз прилепски мермерСивец“ во длабока резба на кои се прикажани сцени од праисторијата преку наколната населба во Заливот на Коските, антиката со Александар Македонски, средниот век со сесловенските просветители Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, Цар Самоил и подоцнежните периоди со Крале Марко и Карпош, а XX век е претставен со Илинден, АСНОМ, Егзодусот од Егејска Македонија, па сè до прогласувањето на независноста на Македонија во 1991 г. Покрај историските сцени, страничните ѕидови се украсени со артефакти од народната материјална култура, како и четири бронзени статуи на аглите врз первазот.

Наводиуреди извор

Надворешни врскиуреди извор

41°59′40″N 21°25′56.4″E / 41.99444° СГШ; 21.432333° ИГД / 41.99444; 21.432333

🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајГоце ДелчевМакедонски парламентарни избори (2024)Свети Кирил и МетодијМакедонијаГордана Сиљановска-ДавковаКарлес ПуџдемонНова КаледонијаОче нашМарко ЦепенковПретседател на МакедонијаПреспански договорСкопјеСредоземно МореСловачкаВтора светска војнаПечалбариМакедонски претседателски избори (2024)Македонска револуционерна организацијаСписок на македонски народни поговоркиБојана АтанасовскаМочуриштеХристијан МицкоскиКорупцијаГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори (2020)Чорбаџи ТеодосИталијаКочо РацинПеколот (Божествена комедија)Лудвиг ван БетовенСпецијална:СкорешниПромениИлинденско востаниеПанонски легендиДржавни празници во МакедонијаТурцијаКалеш АнѓаПоштенски броеви во Македонија