6 јануари

датум
<<јануари>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

6 јануари — 6-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 359 денови до крајот на годината (360 во престапна).

Настани:

1392 Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад.
1838 Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор.
1896 Во Париз премиерно е прикажан филмот „Пристигање на воз на станицата во Ла Сиота“ (1895) од браќата Лимиер.
1916 На Бадник, кај месноста Дервишка Нива, Бугарската војска извршила колеж врз 103 жители на Поречието. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ.
1945 Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.
1992 По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава.

Родени:

1367 Ричард II — крал на Англија.
1412 Јованка Орлеанка — француска национална хероина од Стогодишната војна (1337-1453.).
1848 Христо Ботев — бугарски револуционер и поет.
1850 Едуард Бернштајн — германски социјалдемократски теоретичар.
1883 Халил Џибран — либански поет.
1903 Валтер Ниг — швајцарски теолог.
1925 Лучано Леџосицилијански мафијаш, инспирација за романот „Кум“ на Марио Пузо.
1926 Кид Гавилан — кубански боксер.
1936 Сафет Исовиќ — босански и југословенски фолк-пејач.
1941 Милутин Бебековски — македонски поет.
1942 Јанис Бутарис — градоначалник на Солун.
1953 Томислав Ивчиќ — хрватски поп-пејач.
1953 Манфред Калц — германски фудбалер.
1956 Џастин Велби — Архиепископ Кантербериски, поглавар на Англиканската црква.
1961 Шабан Салиу — македонски политичар.
1963 Пол Кипкоеч — кениски атлетичар.
1973 Христина Андоновска — македонски професор.
1984 Матео Монтагути — италијански велосипедист.
1985 Валерио Ањоли — италијански велосипедист.
1994 Денис Суарез — шпански фудбалер.

Починале:

1693 Мехмед IV — отомански султан.
1882 Ричард Хенри Дана — американски писател.
1884 Грегор Мендел— австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар.
1904 Александар Малинов — македонски револуционер.
1949 Виктор Флеминг — американски филмски режисер.
1983 Владимир Брезовски — македонски историчар.
1987 Маргарет Лоренс — канадска писателка.
1993 Рудолф Нуреев — руски и советски балетан.
1993 Дизи Гилеспи — американски џез-музичар.
1998 Сони Боно — американски музичар и политичар.
1999 Мишел Петручијани — француски џез-музичар.
2022 Питер Богданович — американски режисер.
2023 Џанлука Вијали — италијански фудбалер.

Празници:

Бадник
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица