Порт Џексон

Порт Џексон[1] e залив во југоисточното крајбрежје од Австралија кој се состои од три ракави: Сиднејскиот залив (должина од 20 км, ширина од 1 до 3 км и длабочина до 60 м) кој е јужен, најголем и најзаштитен ракав од брановите на океанот, Мидл Харбор (анг: Middle Harbor), Северен залив. Овој залив е дел од Тасмановото Море (дел од Јужниот Тихи Океан). На бреговите од Порт Џексон се наоѓа Сиднејската опера и Сиднејскиот заливски мост. Тука била основана првата европска населба и колонија во Австралија, а потоа Порт Џексон продолжил да игра клучна улога во историјата и развојот на градот Сиднеј.

Порт Џексон
Панорама на Порт Џексон (2006).
ПодрачјеСиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија
Координати33°51′30″S 151°14′00″E / 33.85833° ЈГШ; 151.23333° ИГД / -33.85833; 151.23333
Речни извориПарамата, Лејн Коув, Мидл Харбор
Океански/морски извориТасманово Море - Тихи Океан
Сливни земјиАвстралија
ОстровиОстров Кларк, Остров Шарк, Остров Гоут, Форт Денисон
Населени местаСиднеј

Во и околу самиот залив се одржуваат многу настани како прославата на новогодишната ноќ во Сиднеј, а тука започнува и Трката со јахти од Сиднеј до Хобарт.

Историја

Сиднеј Коув, Порт Џексон во Округот Камберленд - скица направена од Френсис Фокс во 1788 година.
Слика од 1830 година го прикажува бродот Мелиш како влегува во заливот. Бродовите што увезувале стоки од Индија имале значајна улога во основањето на Сиднеј.

Кога пристигнале Европјаните, обалата околу Порт Џексон била населена со Еора кланови.[2]

Пристигнувањето на Џејмс Кук во Порт Џексон

За прв Европјанин кој пристигнал во Порт Џексон се смета дека Џејмс Кук. Тој во 1770 година го нарекол заливот по Сер Џорџ Џексон.[3] Џејмс Кук во својот дневник напишал „на пладне бевме... на околу 2 или 3 милји од копното и заливот се чинеше дека има безбедно пристаниште кое јас го нареков Порт Џексон“.

Првата флота

По осумнаесет години, во Порт Џексон пристигнала Првата флота. Таа прво била закотвена во Ботаничкиот залив, а на 21 јануари 1788 година гувернерот Артур Филип отпловил од Ботаничкиот Залив за да најде попогодно место за основање на колонија. Филип прво преноќил во Камп Ков, а потоа отишол во Порт Џексон пред да одлучи да се врати во Ботаничкиот Залив попладнето на 24 јануари. На 26 јануари 1788 година, целата флота се преселила во Порт Џексон каде што Артур Филип ја основал првата колонија во Австралија, која подоцна ќе стане градот Сиднеј.[4][5]

Подоцнежни настани

Во август 1908 година по наредба на американскиот претседател Теодор Рузвелт Големата бела флота (флота на морнарицата на САД), пристигнала во Порт Џексон. Од 1938 година, хидроавиони слетувале во Сиднејскиот Залив на Роуз Беј, и тоа станал првиот Сиднејски меѓународен аеродром.

Во 1942 година, за да го заштити Сиднејскиот Залив од напад на јапонски подморници, таму била изградена мрежа против подморници. На 31 мај 1942 година, три јапонски подморници влегле во заливот, а една од нив се заплеткала во мрежата. Откако не успеале да ја ослободат подморницата, екипажот се самоубил. И двата на екипажот од втората подморница извршиле самоубиство. Третата подморница испукала две торпеда кон УСС Чикаго (ја промашиле целта) пред да го напушти заливот. Во ноември 2006 година, оваа подморница била пронајдена во близина на северните плажи во Сиднеј.[6]

Мрежата против подморница била отстранета набргу по Втората светска војна.[7][8]

Утврдувања

Форт Денисон е поранешна казнено место и одбранбен објект кое се наоѓа на мал остров сместен сесевероисточно од Кралската ботаничка градина во Сиднејскиот Залив.

На Сиднеј Хедс и на други места има утврдувања, а некои сега се на листата на културно наследство. Првите утврдувања се од 1830-тите и требало да го одбранат Сиднеј од напади од море или од побуни на осуденици. Тврдините биле изградени од песочник ископан на самото место и се состојат од различни тунели, подземни простории, складишта на барут, касарни и ровови.[9][10]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица