Историја на Австралија

Во поголемиот дел од изминатите 40.000 години, Австралија била населена со Абориџини. Абориџините имаат азиско потекло и создале богата култура базирана на лов и собирање плодови. Нивниот мирен живот бил уништен со доаѓањето на Европејците кон крајот на 18 век. Првите доселеници биле затвореници од преполните британски затвори, а подоцна им се придружиле земјоделците и рударите привлечени од богатството на оваа земја. Во 1901 г. Австралија станала независна држава која се приклучи во битките во двете светски војни. Денес таа е мултикултурна земја со богата економија и блиски врски со Азија, Америка и Европа.

Историска карта на Австралија

Пражители

Првите луѓе што ја населиле Австралија биле предците на денешните Абориџини. Тие пристигнале во Австралија пред околу 40.000 години пловејќи по плитките мориња кои подоцна ја одвоиле Австралија од Азија. Со подигање на нивото на морето, тие се повлекле во внатрешноста, и со секири сечеле дрва за да подигнат засолништа од дрво и кора.

Откривање и истражување

Абел Тасман
Е. Филипс Фокс - Пристигнувањето на капетан Кук во заливот Ботани, 1770 година

Во 17 век, шпанскиот морепловец Луис Ваз де Торес и Холанѓанецот Вилем Јансон ги истражувале островите во Азија и Тихиот Океан.

Иако има теорија дека португалци ја откритиле Австралија во 1520-тите, нема официјални докази за тоа.[1][2][3][4] Вилем Јансон капетан на бродот Дајфкен,се смета за првиот Европеец кој стапнал на Австралија (1606 година).[5] Истата година, шпанска експедиција која пловела во блиските води, предводена од португалскиот морепловец Педро Фернандес де Кеирос стигнал на Новите Хебриди и мислејќи дека тоа е митскиот јужен континент го нарекол островот „Austrialia del Espiritu Santo“ (Јужна земја на Светиот Дух), во чест на кралицата Маргарет од Австрија, сопруга на Филип III од Шпанија кој ја финансирал експедицијата.[6][7][8] Истата година, заменикот на Кеирос, Луис Ваз де Торес поминал низ Торесовиот Проток, долж јужниот брег на Нова Гвинеја без да го забележи континентот Австралија.[9]

Во 1628 година, генералниот гувернер на Холандска Источна Индија, Питер де Карпентие, испратил ескадрила од холандски бродови за да го истражи северниот брег. Овие бродови направиле детални испитувања, особено во Карпентарискиот Залив, именуван во чест на Де Карпентие.[10]

Во 1642-43 година холанѓанецот Абел Тасман пловел околу Австралија без воопшто да го забележи тоа. Тој стигнал до островот кој го нарекол Ван Дименова Земја, (сега Тасманија). Исто така експедицијата на Абел Тасман била првата европска експедиција за која се знае дека стигнала на Нов Зеланд и го забележала островот Фиџи. На неговото второ патување во 1644 година, тој го мапирал Австралиското копно (кое го нарекол Нова Холандија).

Вилијам Дампиер, англиски борец и истражувач, во 1688 година и повторно во 1699 година стигнал на северозападниот брег на Нова Холандија, и објавил влијателни описи на Абориџините.[11]

Во 19 април во 1770 година, британскиот истражувач капетан Џејмс Кук со својот брод Ендевор стигнал до источниот брег на Нова Холандија а десет дена подоцна се закотвил во заливот Ботани. Кук на 21/22 август 1770 година го прогласил целиот источен брег на Австралија за британска сопственост.[12]

Во март 1772 година, Марк-Жозеф Марион ду Фресне, кој раководел со два француски брода, стигнал до Ван Дименовата Земја на својот пат кон Тахити и Јужните мориња. Тој со својата посада станале првите регистрирани Европејци кои се сретнале со домородците на Тасманија и убиле еден од нив.[13] Истата година, француската експедиција предводена од Луј Алено де Сент Алоарн, станале првите Европејци кои формално побарале суверенитет над западниот брег на Австралија, но не бил направен обид ова да биде проследено со колонизација.[14]

Џозеф Бенкс, еден од британските натуралисти, скицирал и собрал стотици растенија кои Европејците никогаш не ги виделе. Во 1787 г. Британците одлучија да превезат затвореници во Австралија со брод. Првата група од 759 затвореници пристигнала во заливот Ботани во 1788 година . Недалеку од Сиднеј Ков во Порт Џексон беше подигната затворска населба. Транспортот на затворениците е завршен во 1868 година.

Колонизација

Планови за колонизација пред 1788 г

Двајца од домородците на Нова Холандија, напредување во борба (1770), скициран од илустраторот на Кук, Сиднеј Паркинсон
Карта на Нова Холандија, со Нов Јужен Велс и Ботани заливот со соседните и новооткриените земји, објавена во Историски наратив за откривањето на Нова Холандија и Нов Јужен Велс, Лондон, ноември 1786 година

Џон Каландер во 1766 година предложил Британија да основа колонија на протерани осуденици во Јужното Море или во Тера Аустралис за да и овозможи на матичната земја да ги искористи богатствата на тие региони.[15]

Шеснаесет години по стапнувањето на Кук на источниот брег на Австралија, британската влада одлучила да основа колонија во заливот Ботани.

Во Американската револуционерна војна (1775–1783) Британија изгубила поголем дел од своите северноамерикански колонии и сакала да најде нови територии како замена. Британија од 1718 до 1775 година транспортирала околу 50.000 осуденици во Новиот свет и сега барала алтернатива.[16][17]

Во 1779 година Сер Џозеф Бенкс, познат научник кој го придружувал Џејмс Кук на неговото патување во 1770 година, го препорачал Ботани заливот како соодветно место за казнено населување. Планот на Банк бил да се испратат 200 до 300 осуденици во заливот Ботани каде што ќе бидат препуштени сами на себе и нема да се товар на британскиот даночен обврзник.[18]

Под водство на Бенкс, американскиот лојалист Џејмс Матра, кој исто така патувал со Кук, изработил нов план за колонизација на Нов Јужен Велс во 1783 година.[19] Матра тврдел дека земјата е погодна за насади со шеќер, памук и тутун; Новозеландското дрво и конопот или ленот може да се покажат како вредни производи; може да формира трговска база на Тихиот Океан.[20] По интервјуто со државниот секретар Лорд Сиднеј во 1784 година, Матра го изменил својот предлог и требало Австралија да се населува со осуденици.[21]

Одлуката за населување била донесена кога се чинело дека во Холандија може да избувне граѓанска војна во Холандија која ќе предизвика нова војна во која Британија повторно ќе се соочи со сојузот на трите поморски сили, Франција, Холандија и Шпанија, кои ја поразиле во 1783 година. Затоа, една поморска база во Нов Јужен Велс би можела да ги олесни нападите врз холандските и шпанските интереси во регионот.[22][23] Планови за користење на колонијата како стратешка база против шпанските интереси биле повремено правени по 1788 година, но никогаш не биле спроведени.[24]

Колонијата во Нов Јужен Велс

Основање на колонијата: 1788 до 1792 година

Колонијата Нов Јужен Велс била основана со пристигнувањето на Првата флота од 11 бродови под команда на капетанот Артур Филип во јануари 1788 година. Се состоела од преку илјада доселеници, вклучувајќи 778 осуденици (192 жени и 586 мажи).[25] Неколку дена по пристигнувањето во Ботани, флотата се преселила во Порт Џексон каде на 26 јануари 1788 година била основана населба во Сиднеј Ков.[26] Овој датум подоцна станал национален ден на Австралија познат како Ден на Австралија. Колонијата била формално прогласена од Гувернерот Филип на 7 февруари 1788 година во Сиднеј.[27]

Артур Филип, првиот гувернер на Нов Јужен Велс

Во 1788 година, Филип основал нова колонија на Норфолшкиот остров во Јужниот Пацифик од каде се надевал дека ќе обезбеди дрва и лен за морнарицата. Но на островот било тешко да се пријде, поради што населбата била напуштена а доселениците биле евакуирани во Тасманија во 1807 година.[28] Островот подоцна бил повторно ставен во употреба како место за секундарен транспорт во 1825 година.[29]

Консолидација: 1793 до 1821 година

По заминувањето на Филип, воените офицери почнале да добиваат земја и да увезуваат стоки за широка потрошувачка кои ги добивале од бродовите кои ја посетувале Австралија. Поранешните осуденици го обработувале земјоделското земјиште кое им било доделено, а се занимавале и со трговија. Фармите се распространиле на поплодното земјиште околу Парамата, Виндзор и Камден, а до 1803 година колонијата била самодоволна со житни култури. Почнало да се градат чамци со цел да се олесни патувањето и да се искористат морските ресурси на крајбрежните населби. Ловењето на фоки и китови станале важни индустрии.[30]

Основање на други колонии

Ван Дименова Земја

Откако ја пречекал француската поморска експедиција на Николас Боден во Сиднеј во 1802 година, гувернерот Филип Гидли Кинг во 1803 година одлучил да основа населба во Ван Дименовата Земја (денешна Тасманија), за да спречи можно француско населување. Се изградила британска населба на островот меѓу Лонсстон на север и Хобарт на југ. Во првите две децении, населбата во голема мера се потпирала на трудот на осудениците, ситното земјоделство и пасењето овци, ловот на китови и фоки.[31][32]

Од 1820-тите, на слободните доселеници им се нуделе земјишни грантови сразмерно со капиталот што доселениците ќе го донесат. Така биле доделени речиси 2 милиони хектари земја на слободните доселеници таа деценија, а бројот на овци на островот се зголемил на 170.000 на милиони. Земјишните грантови создале социјална поделба меѓу големите земјопоседници и мнозинството осуденици и еманциписти без земја.[33][34]

Ван Дименовата Земја се одвоила како колонија од Нов Јужен Велс во декември 1825 година и продолжила да се порширува во текот на 1830-тите, поддржана од земјоделство, пасењето овци и ловењето китови. По забраната за носење на осуденици во Нов Јужен Велс од 1840 година, Ван Дименовата Земја станала главна дестинација на осуденици. Тоа прекинало во 1853 година, а во 1856 година колонијата официјално го променила своето име во Тасманија.[35]

Викторија

Мелбурн Лендинг, 1840 година; акварел од В. Лиардет (1840)

Во 1834 година овчарите од Ван Дименовата Земја привлечени од богатите пасишта почнале да се преселуваат на континентална Австралија околу Порт Филип.

Во 1836 година, Порт Филип бил официјално признат како област на Нов Јужен Велс и бил отворен за населување. Главната населба Мелбурн била основана во 1837 година како планиран град по инструкции на гувернерот Бурк. Наскоро пристигнале многу доселеници од Ван Дименовата Земја и од Нов Јужен Велс, а до 1850 година во областа имало 75.000 Европејци, 2.000 домородни жители и 5 милиони овци. Во 1851 година, областа Порт Филип се одвоила од Нов Јужен Велс како колонија на Викторија.[36][37]

Западна Австралија

Основањето на Перт 1829 година од Џорџ Пит Морисон

Во 1826 година, гувернерот на Нов Јужен Велс, Ралф Дарлинг, испратил воен гарнизон кај Кинг Џорџ Саунд (од ова настанал градот Албани), за да ги одврати Французите да основаат населба во Западна Австралија. Во 1827 година, шефот на експедицијата, мајорот Едмунд Локер, и формално ја анектирал западната третина од континентот како британска колонија.[38]

Во 1829 година била основана колонијата на Лебедова Река (каде што денес се наоѓаат Фремантел и Перт). Таа била првата приватизирана колонија без осуденици во Австралија. Но, голем дел од обработливото земјиште било доделено на отсутни сопственици а развојот на колонијата бил попречен од лошата почва, сувата клима и недостатокот на капитал и работна сила. До 1850 година имало нешто повеќе од 5.000 доселеници, од кои половината биле деца. Од тогаш колонијата почнала да прифаќа осуденици поради постојаниот недостиг на работна сила.[39][40]

Јужна Австралија

Аделаида во 1839 година. Јужна Австралија е основана како слободна колонија, без осуденици.

Провинцијата Јужна Австралија е основана во 1836 година како приватно финансирана населба заснована на теоријата за „систематска колонизација“ развиена од Едвард Гибон Вејкфилд. Намерата била да се основа слободна колонија заснована на приватни инвестиции со мали трошоци за британската влада. Било забрането да работат осуденици со надеж дека тоа ќе ја направи колонијата поатрактивна за „угледните“ семејства и ќе промовира рамномерен однос меѓу машките и женските доселеници. Градот Аделаида требало да биде изграден со донации од цркви, паркови и училишта. Земјиштето требало да се продава по еднаква цена, а приходите да се искористат за да се обезбеди понуда на работна сила на мигрантите.[41][42][43] Различните верски, лични и комерцијални слободи биле загарантирани.[44]

Квинсленд

Во 1824 година, казнената населба Моретон Беј била основана на местото на денешен Бризбејн како место за секундарна казна. Во 1842 година казнената колонија била затворена и областа била отворена за слободно населување. До 1850 година, населението во Бризбејн достигнало 8.000 жители а многу сточари паселе говеда и овци во Дарлинг Даунс западно од градот. Насилството меѓу доселениците и домородното население било големо кога сточарите се преселиле северно од реката Твид. Серијата спорови меѓу северните сточари и владата во Сиднеј довеле до барања од доселениците за одвојување од Нов Јужен Велс. Во 1857 година британската влада се согласила за одвојување и во 1859 година била прогласена колонијата Квинсленд. Доселеното население во новата колонија било 25.000 жители, а најголемиот дел од нејзината територија сè уште било зафатено од домородците.[45][46][47]

Жените во колонијалното општество

Колонијалната Австралија се одликувала со неурамнотеженост меѓу половите, бидејќи жените сочинувале само околу 15 отсто од доведените осуденици. Првите осуденички донесле низа вештини, и работеле домашни работници, млекарки и работници на фарма. Поради недостигот на жени во колонијата, веројатноста да се омажат била многу поголема од мажите и се стремеле да избираат постари, работливи и имотни мажи за сопрузи. Раните колонијални судови ги спроведувале правата на сопственост на жените независно од своите сопрузи, а системот за оброци, исто така, им дал на жените и нивните деца одредена заштита од напуштање. Жените биле активно вклучени во стопанството и земјоделството уште од раните колонијални години. Меѓу најуспешните биле поранешната осуденичка која станала претприемачка Мери Реибеј и земјоделката Елизабет Макартур.[48] Една третина од акционерите на првата колонијална банка (основана во 1817 година) биле жени.[49]

Истражување на континентот

Флиндерс се подготвува да ја обиколи Тера Австралис - јули 1802 година

Во 1798–1799 година Џорџ Бас и Метју Флиндерс тргнале од Сиднеј кон југ и ја обиколиле Тасманија, со што докажале дека е остров.[50] Во 1801–02 Метју Флиндерс бил првиот човек кој ја обиколил Австралија. На бродот бил и абориџинскиот истражувач Бунгари, од месноста на Сиднеј, кој станал првиот човек роден на австралискиот континент кој ја обиколил.[50]

Метју Флиндерс првиот човек кој ја обиколил Австралијаво 1801–02 година.

Во 1798 година, поранешниот осуденик Џон Вилсон со двајца придружници ги преминале Сините Планини, западно од Сиднеј, во експедиција наредена од гувернерот Хантер. Во 1813 година, Грегори Блаксленд, Вилијам Лосон и Вилијам Вентворт ги преминале планините по друг пат и набрзо бил изграден пат до Централните Таблланди.[51]

Во 1824 година, гувернерот Сер Томас Бризбејн ги задолжил Хамилтон Хјум и поранешниот капетан на кралската морнарица Вилијам Ховел да водат експедиција за наоѓање нова пасишта на југот на колонијата, а исто така и да најдат одговор на мистеријата за тоа каде е западниот дел на Нов Јужен Велс. Во текот на 16 неделната експедиција во 1824-25 година, Хјум и Ховел откриле многу важни места, како реката Мареј (која ја нарекле Хјум), многу нејзини притоки и добри пасишта и земјоделски земјишта.[52]

Чарлс Стурт во 1828 година водел експедиција покрај реката Мекквари и ја открил реката Дарлинг. Се развила теорија дека реките од внатрешноста на Нов Јужен Велс се вливаат во внатрешно море. Во втората експедиција од 1829 година, Стурт ја следел реката Мурумбиџи до вливањето во „широка и благородна река“, која ја нарече реката Мари. А потоа ја следел и оваа река до спојувањето со реката Дарлинг. Стурт продолжил по реката кон Езерото Александрина, каде што Мари се влева морето во Јужна Австралија.[53]

Полскиот научник и истражувач, грофот Пол Едмунд Стрзелецки, вршел геодетски работи на Австралиските Алпи во 1839 година, и предводен од своите абориџински водичи Чарли Тара и Џеки, станал првиот Европеец кој се искачил на највисокиот врв во Австралија, кој го нарекол врв Кошќушко во чест на полскиот патриот Тадеуш Кошќушко.[54][55]

Џон Лонгстаф:Пристигнувањето на Бурк, Вилс и Кинг во напуштениот логор во Куперс Крик, недела навечер, 21 април 1861 година, масло на платно, 1907 година, Национална галерија на Викторија .

Во 1860 година, Бурк и Вилс биле првите кои го преминале континентот од југ до север (од Мелбурн до Карпентарискиот Залив. Затоа што немале вештини за движење низ грмушките, а не сакале да помош од локалните Абориџини, Бурк и Вилс умреле во 1861 година, откако се вратиле од Заливот до Куперс Крик (собирното место) за да сфатат дека другиот дел од нивната група заминале пред само неколку часа. Тие станале трагични херои на европските доселеници, на нивниот погреб имало над 50.000 луѓе, а нивната приказна била инспирација за многу книги, уметнички дела, филмови и претстави во популарната култура.[56][57]

Од автономија до федерација

Колонијална самоуправа и златна треска

Кон претставничка влада

Империјалното законодавство во 1823 година предвидуваше Законодавниот совет номиниран од гувернерот на Нов Јужен Велс и нов Врховен суд, обезбедувајќи дополнителни ограничувања на моќта на гувернерите. Голем број истакнати колонијални фигури, вклучувајќи го и Вилијам Вентворт . водеше кампања за поголем степен на самоуправа, иако имаше поделеност околу степенот до кој идното законодавно тело треба да биде популарно избрано. Други главни прашања во јавната дебата за колонијалната самоуправа беа традиционалните британски политички права, земјишната политика, транспортот и дали на колониите со голема популација на осуденици и поранешни осуденици може да им се верува самоуправа. Австралиското патриотско здружение беше формирано во 1835 година за да промовира претставничка влада за Нов Јужен Велс.[58][59]

Зголемената имиграција на слободните доселеници, намалениот број на осуденици и зголемената популација од средната класа и работничката класа доведоа до дополнителна агитација за либерални и демократски реформи. Јавните состаноци во Аделаида во 1844 година побараа попретставителна влада за Јужна Австралија.[60] Уставното здружение, формирано во Сиднеј во 1848 година, повика на машко право на глас. Анти-транспортната лига, основана во Ван Дименовата Земја во 1849 година, исто така побара повеќе претставителна влада.[61] Во округот Порт Филип, агитацијата за претставничка влада беше тесно поврзана со барањата за независност од Нов Јужен Велс.[62]

Златните трески од 1850-тите

Г-дин Е.Х. Харгрејвс, Златниот откривач на Австралија, 12 февруари 1851 година враќајќи го поздравот на рударите за злато - Томас Тирвит Балкомб

Иако златото беше пронајдено во Австралија уште во 1823 година од геодет Џејмс Мекбрајан, златна треска започна кога Едвард Харгрејвс широко го објави своето откритие за злато во близина на Батурст, Нов Јужен Велс, во февруари 1851 година. Дополнителни откритија беа направени подоцна истата година во Викторија, каде што беа пронајдени најбогатите полиња со злато. Според британскиот закон, сите минерали припаѓале на круната, а гувернерите на Нов Јужен Велс и Викторија брзо воведоа закони насочени кон избегнување на нарушувањето поврзано со златната треска во Калифорнија од 1848 година. Двете колонии воведоа лиценца за ископување злато со месечен надоместок, при што приходите се користат за надоместување на трошоците за обезбедување инфраструктура, администрација и полициско следење на полињата со злато. Со оглед на тоа што големината на дозволените побарувања беше мала (6,1 метар квадратен), а голем дел од златото беше блиску до површината, системот за лиценцирање ги фаворизираше малите трагачи пред големите претпријатија.[63]

Златната треска првично предизвика одредени економски нарушувања, вклучително и инфлација на платите и цените и недостиг на работна сила, бидејќи машките работници се преселија на полињата со злато. Во 1852 година, машката популација на Јужна Австралија се намалила за три отсто, а на Тасманија за 17 отсто. Имигрантите од Обединетото Кралство, континентална Европа, Соединетите Американски Држави и Кина, исто така, се прелеаја во Викторија и Нов Јужен Велс. Австралиското население се зголемило од 430.000 во 1851 година на 1.170.000 во 1861 година. Викторија стана најнаселената колонија, а Мелбурн најголемиот град.[64][65]

Кинеската миграција беше посебна грижа за колонијалните службеници. Имаше 20.000 кинески рудари на викторијанските златни полиња до 1855 година и 13.000 на ископувањата во Нов Јужен Велс. Имаше широко распространето верување дека тие претставуваат опасност за животниот стандард и моралот на белата Австралија, а колонијалните влади одговорија со наметнување низа даноци, давачки и ограничувања за кинеските мигранти и жители. Антикинеските немири избувнаа на викторијанските златни полиња во 1856 година и во Нов Јужен Велс во 1860 година.[66]

Еурека залиха

Гласачко место во Мелбурн - Дејвид Сине и Ко (околу 1880 година)

Изборите за полупретставничките Законодавни совети, одржани во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Ван Дименовата Земја во 1851 година, произведоа поголем број либерални членови. Таа година, Законодавниот совет на Нов Јужен Велс поднесе петиција до британската влада барајќи самоуправа за колонијата. Антитранспортната лига, исто така, смета дека системот на осуденици е пречка за постигнување на самоуправување. Во 1852 година, британската влада објави дека транспортот на осудениците во Ван Дименовата Земја ќе престане и ги покани источните колонии да изготват устави кои овозможуваат одговорно самоуправување. Државниот секретар ја наведе социјалната и економската трансформација на колониите по откритијата на златото како еден од факторите што го прават самоуправувањето остварливо.[67]

Тајното гласање беше усвоено во Тасманија, Викторија и Јужна Австралија во 1856 година, по што следеа Нов Јужен Велс (1858), Квинсленд (1859) и Западна Австралија (1877). Јужна Австралија воведе универзално машко право на глас за својот долен дом во 1856 година, проследено со Викторија во 1857 година, Нов Јужен Велс (1858), Квинсленд (1872), Западна Австралија (1893) и Тасманија (1900). Квинсленд ги исклучи Абориџините Австралијци од гласање во 1885 година. Во Западна Австралија, имотната квалификација за гласање остана за Абориџините Австралијци, Азијците, Африканците и луѓето со мешано потекло.[68]

Долгиот бум (1860-1890)

Земјиште реформа

Периодот од 1850 до 1880 година доживеа заживување во оживувањето на грмушките . Првите грмушки биле избегани осуденици или поранешни осуденици во раните години на британското населување кои живееле самостојно во грмушката, честопати издржувајќи се со криминални активности. Раното поврзување на грмушката со слободата беше почеток на траен мит. Повторното оживување на грмушките од 1850-тите се потпира на поплаките на руралните сиромашни (неколку членови на бандата Кели, најпознатите бушрангери, беа синови на сиромашни мали фармери). Подвизите на Нед Кели и неговата банда собраа значителна поддршка од локалната заедница и широко покривање на националниот печат во тоа време. По апсењето и погубувањата на Кели за убиство во 1880 година, неговата приказна инспирираше бројни уметнички дела, литература и популарна култура и континуирана дебата за степенот до кој тој беше бунтовник кој се бореше против социјалната неправда и угнетувачката полиција, или криминалец-убиец.[69]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица