Претседателски избори во САД (1808)

Претседателски избори во САД, 1808 — 6. по ред претседателски избори во САД кои траеле од 4 ноември до 7 декември 1808 година. Кандидатот од редовите на Демократско-републиканската партија Џејмс Медисон го победил кандидатот на Федералистичката партија Џејмс Котсворт Пинкни. Медисон до одржувањето на изборите бил државен секретар во администрацијата на Томас Џеферсон, додека Пинкни бил неуспешниот кандидат на федералистите на изборите одржани во 1804 година.

Претседателски избори во САД, 1808
САД
1804 ←
4 ноември - 7 декември 1808→ 1812

176 изборни гласови на Избирачкиот колегиум
89 изборни гласови гласови за победа
 
КандидатЏејмс МадисонЧарлс К. Пинкни
ПартијаДемократско-републиканска партијаФедералистичка партија
Матична државаВирџинијаЈужна Каролина
Потпред. кандидатЏорџ КлинтонРуфус Кинг
Изборнички гласови12247
Застапувани држави125
Добиени гласови124.73262.431
Удел64,7%32,4%

Мапа на изборните резултати. Зелената боја ги означува сојузните држави каде што победил Медисон, а портокаловата боја ги означува сојузните држави каде што победил Пинкни, зветлата зелена боја ги означува сојузните држави каде што победил Клинтон. Бројките го означуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава.

претседател пред изборите

Томас Џеферсон
Демократско-републиканска партија

Избран за претседател

Џејмс Медисон
Демократско-републиканска партија

Најголемиот предизвик на Медисон бил од членовите на неговата матична партија. Тогашниот потпретседател Џорџ Клинтон и поранешниот амбасадор Џејмс Монро го предизвикале Медисон на функцијата претседател на партијата пред одржуваењто на изборите. Клинтон освоил шест изборни гласови на изборите, сите од Њујорк.

Ова бил единствениот од двата моменти во американската историја каде што бил избран новиот претседател на САД, додека дотогашниот потпретседател на САД продолжил со својот мандат. Вториот пат било со реизборот на Џон Калхун во 1828 година.

Номинации

Номинации на Демократско-републиканската партија

Кандидати за претседател

Кандидати за потпретседател

Јавно гласање

Номинациите за претседателските избори во 1808 биле спроведени преку конгресни јавни гласања. Со подготовките на Томас Џеферсон за пензионирање, поддржувачите на државниот секретар Џејмс Медисон од Вирџинија работеле напорно за да се осигурат дека Медисон ќе го наследи Џеферсон. Главна конкуренција Медисон нашол кај поранешниот амбасадор Џејмс Монро и потпретседателот Џорџ Клинтон. Монро бил поддржуван од страна на фракцијата т.н. „Стари Републиканци“, која поддржувала умерена централна власт и биле незадоволни од купувањето на Луизијана како и пактот од 1802 година. Поддршката на Клинтон доаѓала од западните демократски републиканци кои не биле задоволни од актот за ембарго за којшто тие сметале дека има потенцијал да доведе до војна и кои се стремеле да згасне таканаречената „династија од Вирџинија“. На јавното гласање во конгрсот бил избран Медисон како демократско-републикански кандидат за претседател, а Клинтон како кандидат за потпретседател.[1]

Многу поддржувачи на Монро и Клинтон одбиле да ги прифатат резултатите од јавното гласање. Монро бил номиниран од група демократски републиканци од Вирџинија, сепак, и покрај тоа што Монро не бил активно посветен да го порази Медисон, тој сепак одбил да се повлече од трката.[2] Клинтон исто така бил поддржуван за претседател од страна на група од демократски репбуликанци од Њујорк и покрај тоа што тој останал како номиниран кандидат за претседател од страна на партијата.[3]

Резултати

Кандидат за претседателИзборни гласовиКандидат за потпретседателИзборни гласови
Џејмс Медисон83Џорџ Клинтон79
Џејмс Монро3Џон Ленгдон5
Џорџ Клинтон3Хенри Дирборн3
Џон Квинси Адамс1

Номинации на Федералистичката партија

На јавното гласање на федералистите повторно биле избрани генералот Џејмс Котсворт Пинкни од Јужна Каролина како кандидат за претседател и поранешниот сенатор Руфус Кинг од Њујорк за кандидат за потпретседател.

Кандидати за претседател

Vice-Presidential candidates

  • Руфус Кинг (Њујорк), поранешен сенатор

Резултати

Претседател

КандидатПартијаБр. на гласовиИзборни гласови
БројПроцент
Џејмс МедисонДемократско-републиканска партија124.73264,7 %122
Чарлс К. ПинкниФедералистичка партија62.43132,4 %47
Џорџ Клинтоннезависен2,9 %6
Вкупно187.163100 %175

Наводи

Извори

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица