Пуцк

Пуцк (полски: Puck; кашупски: Pùckò, Pùck, Pëck; германски: Putzig; литвански: Puckas; латвиски: Pucka) — град во Источното Поморје, северозападна Полска, на Пучкиот Залив на Балтичкото Море. Градот има 11.265 жители (2017)[1] и е седиште на Пучкиот Округ во Поморското Војводство.

Пуцк
Puck
Плоштадот во Пуцк
Плоштадот во Пуцк
Грб на Пуцк
Земја Полска
ВојводствоПоморско
ОкругПучки
ОпштинаПуцк (градска општина)
ОснованXII век
Станал град1348
Управа
 • ГрадоначалникХана Прухњевска
Површина
 • Градска4,8 км2 (19 ми2)
Најг. вис.&1000000000000002000000020 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2017)
 • Градско11.265
 • Густина2.359,7/км2 (61,120/ми2)
 • Метро1.080.700
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.84-100
Повик. бр.+48 58
Рег. таб.GPU
Мреж. местоwp.puck.pl
Пуцк во 1909 г.
Болница за сиромашни во стилот фахверк (XVIII век), денес Музеј на Пучкиот крај.
Плажа во Пуцк.

Историја

Местото добило на важност како пазариште и пристаниште уште во VII век. Во 1309 г. потпаднало под власта на Тевтонскиот ред како дел од областа Померелија, и во 1348 г. добил градски права. Како и остатокот од Кралството Прусија, во 1454 (1466) г. влегол во состав на Полска и станал регионално седиште. Полските владетели направиле обид да создадат трговска флота во Данциг (Гдањск), но не добиле дозвола од градот, кој во тоа време бил независен во состав на сојузот Ханза. Во 1567 г. е договорено дека полските бродови мора да пристигаат во Пауцке (Пуцк).

Во 1772 г. со поделбата на Полска, Пуцк влегол во Кралството Прусија и бил пруски град до крајот на Првата светска војна, кога ѝ е вратен на Полска согласно Версајскиот договор. Пуцк останал единствениот полски пристаништен град сè до изградбата на пристаништето во Гдиња во 1920-тите и имал улога на главна поморска база на полската држава сè до Втората светска војна.

Како и другите делови до Полска, градот е заземен од Германците во 1939 г. Полската војска пружала жесток отпор, и градот бил умерено бомбардиран. Со завршетокот на војната, во 1945 г. Пуцк станал дел од новооснованата комунистичка држава НР Полска.

Знаменитости

  • Градска управа (1865)
  • Црква „Св. Петар и Павле“ (XIII век)
  • Достоинственички куќи на главниот плоштад, XVII век, (обновени во XIX век)
  • Потопено пристаниште (VIII - X век) околу 500 м од брегот
  • Остатоци од замокот (XIV век)
  • Споменик на Јузеф Халер фон Халенбург и Венчавањето на Полска со морето
  • Музеј на Пучкиот крај
  • Дрвен пристан
  • Сидриште
  • Пештери кај Мехово
  • Приморски пределен парк

Збратимени градови

Пуцк е збратимен со следниве градови:

  • Гере, Франција
  • Конц, Германија
  • Ќешин, Полска
  • Штајн, Германија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

54°42′N 18°24′E / 54.700° СГШ; 18.400° ИГД / 54.700; 18.400

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица