7 век

век
(Пренасочено од VII век)
< 6 век7 век8 век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900

7 век започнал на 1 јануари 601 год., а завршил на 31 декември 700 год.

Муслиманските освојувања започнале со обединувањето на Арабија од страна на Мухамед, почнувајќи од 622 година.[1] По смртта на Мухамед, во 632 година, исламот се проширил надвор од Арапскиот полуостров под Рашидунскиот калифат (632-661) и Омејадскиот калифат (661-750). Исламското освојување на Персија во VII век довело до пропаста на Сасанидското Царство. Исто така во текот на 7 век биле освоени териториите на Сирија, Палестина, Ерменија, Египет и Северна Африка.[1]

Византиското Царство продолжила да претрпува порази и губиток на територии во текот на брзата експанзија на муслиманската империја.[2]

На Пиринејскиот Полуостров, VII век се нарекува Siglo de Concilios, односно век на собори, што се однесува на Соборите во Толедо.

Харша ја обединил северна Индија, која била расцепкана на мали држави по падот на империјата Гупта во VI век.

Во Кина, династијата Суи била заменета со династијата Танг, која ги преместила своите воени бази од Кореја во Средна Азија. Корејското кралство Сила станало сојузник на династијата Танг, потчинувајќи ги корејските кралства Пекче и Когуре за да го обедини Корејскиот полуостров под еден владетел. Периодот на Асука траел во Јапонија во текот на целиот седми век.[3]

Источната полутопка на почетокот на 7 век
Источната полутопка на крајот од 7 век

Настани

Страници од Куран од доцниот 7 век.
Англосаксонски шлем пронајден во археолошкото наоѓалиште Сатон Ху во Англија.
Свилено платно од 7 век во храмот Хорју-џи, Јапонија.
Големата пагода на дива гуска - кинеска будистичка пагода од 7 век.
  • Исламот започнал во Арабија; Куранот бил документиран.
  • Првиот познат хрватски кнез Порга го основал Војводството на Далмација и Либурнија, во текот на неговата власт Хрватите го прифатиле христијанството.
  • Светското население се намалило на околу 208 милиони луѓе.
  • Англосаксонската хептархија се појавила на почетокот или на крајот на овој век во Англија.
  • Сатон Ху е археолошко наоѓалиште во сегашна источна Англија од овој период, во кое се најдени погребни артефакти во т.н. бродски гробници.
  • Ксјанџанг, пред да се врати во Чангјан во Кина, патувал од Кина во Индија, за да ги преведе будистичките записи.
  • Тимгад во Алжир, бил уништен од Берберите.
  • Крај на спорадичното будистичко владеење во Синд.
  • Хрватските племиња навлегле во денешната територија на Хрватска на почетокот на 7 век, населувајќи се во шест различни и одвоени племенски заедници.
  • Градот Теотиуакан бил ограбен, а политичките и верските објекти биле изгорени.
  • Шугендо религијата се развила од будизмот, таоизмот, шинтоизмот и други влијанија во планините на Јапонија.
  • Бугарите пристигнале на Балканот, било воспоставено моќното Бугарско Царство.
  • Арапските трговци продреле во областа на езерото Чад.
  • Најрана потврдена англиска поезија.
  • Страничните панели на базиликата на Свети Аполинариј во Клас, биле направени.
  • Бил изграден најстариот јапонски будистички храм, Хорју-џи, од Асука периодот, во префектурата Нара.
  • Меѓу 7 и 9 век - биле направени мозаиците над апсидата на базиликата на Свети Аполинариј во Клас.
  • 600: Големата сипаница се проширила од Индија во Европа.
  • 602: Трета кинеска доминација над Виетнам започнала по падот на раната Ли династија.
  • 603: Последното споменување на римскиот сенат во Грегоријанскиот регистар, во кое се споменува прогласувањето на статуите на императорот Фока и царицата Леонтија од страна на сенатот.[4]
  • 606: Бонифациј, кој денес се слави како светец-заштитник на Германците, бил избран за папски наследник по смртта на папата Сабинијан.
  • 607: Будистичкиот храм Хорју-џи, бил завршен во Икаруга, Јапонија.
  • 610: Ираклиј I пристигнал со брод од Африка во Цариград, го соборил источноримскиот цар Фока и се прогласил себе за цар. Бил голем реформатор кој го променил службениот јазик на Источното Римско Царство од латински во грчки (јазикот на мнозинското население).
  • 615: Сасанидското Царство под шахот Хозрој II го ограбило градот Ерусалим и ја зеле реликвијата Вистинскиот крст.
  • 615: Пакал Велики станал крал на мајанскиот град-држава Паленке.
  • 616: Шахот Хозрој II го нападнал Египет.
  • 616: Етелфрит од Нортумбрија ги поразил Велшаните во битка кај Честер во Англија.
  • 618: Императорот Ли Јуан ја основал династијата Танг во Кина.
  • 618: Кралството Ченла целосно ја освоило територијата на Фунан (територија околу делтата на реката Меконг).
  • Градот Гуангџоу, или Кантон, во Кина станал главно меѓународно пристаниште каде доаѓале поморски патници од Египет, Источна Африка, Арабија, Персија, Индија, Шри Ланка и Југоисточна Азија, вклучувајќи хиндуси, Евреи и несторијански христијани.
  • 622: Започнала првата годината според исламскиот календар, кога се случила Хиџра – пребегнувањето на Мухамед и неговите следбеници од Мека во Медина.
  • 623: Франкискиот трговец Само, кој ги поддржувал Словените во борбата против Аварите, станал владетел на првата позната словенска држава во Средна Европа.
  • 626: Аварите и Персијците заедно го опседнале градот Цариград, но не успеале да го заземат.
  • 627: Византискиот цар Ираклиј I ги поразил Персијците, со што завршиле римско-персиските војни.
  • 629: Почнале византиско-арапските војни. Голем дел од Источното Римско Царство било освоено од муслиманските Арапи предводени од Калид ибн ал-Валид.
  • 629-630: Походот на царот Таизонг против Источните Тујуеи, кинески сили на династијата Танг под командантите Ли Џинг и Ли Шиј го уништиле Каганатот на Гок Турците.
  • 632: Започнале муслиманските освојувања.
  • 635-649: Алопен, персиски христијански свештеник, го вовел несторијанството во Кина.
  • 636: Битката кај ал-Кадисиј резултирала со решавачка победа на муслиманите во нивниот воен поход кон Персија. Персиската Империја била освоена од муслиманските Арапи предводени од Саад ибн Абу Вакас.
  • 638: Кинескиот цар Таизонг (627-649) издал указ за универзална толеранција на религиите. Несторијанските христијани изградиле црква во Чанг'ан.
  • 638: Муслиманското освојување на Палестина.
  • 639: Муслиманското освојување на Египет и Ерменија.
  • 639: Неуспешен револт на Куршад, водачот на туркиските племиња, против Кина.
  • 641: Крај на Коптскиот период во Египет со неговото освојување од страна на муслиманите.
  • 649-683: Кинескиот цар Гао-ѕун од династијата Танг дозволил основање на христијански манастири во секоја од 358-те префектури.
  • 650: Започнале хазарско-арапските војни.
  • Средина на 7 век – Бил изграден Дхармараја Рата, Мамалапурам, Тамил Наду, Индија.
  • 651: Последниот цар на Сасанидското Царство Издигерд III бил убиен во Мерв (древен град на територија на денешен Туркменистан), што го означило крајот на сасанидското владеење во Персија.
  • 656-661: Првата исламска граѓанска војна.
  • 657: Кинеската династија Танг, под царот Гао-ѕун, го поразила Западниот туркиски каганат.
  • 661: Калифот Али ибн Аби Талиб бил убиен. Неговиот наследник Хасан ибн Али абдицирал во корист на калифот Муавија I, означувајќи го почетокот на Омејадскиот калифат.
  • 663: Кинеската династија Танг и корејското кралство Сила извојувале победа против корејското кралство Пекче и нивните Јамато јапонски сојузници во поморската битка кај Баекганг.
  • 664: Кабул бил освоен од муслиманите.
  • 664: Кинески извор од династијата Танг, напишан од Ицзин, го споменува кралството Калинга, кое се наоѓало некаде во северниот брег на централна Јава.[5]
  • 668: Крај на војните меѓу династијата Танг и корејското кралство Коруге.
  • 670: Африканската муслиманска војска на Укба ибн Нафи влегла во регионот на Ифрикија. Веќе во доцните 670-ти години било комплетирано муслиманското освојување на Северна Африка.
  • 671: Ицзин ги посетил Шривиџаја и Малаја во Суматра и Кедах на Малајскиот полуостров на неговиот пат кон Наланда, Индија.[6]
  • 674: Започнала првата арапска опсада на Цариград.
  • 677: Поголемиот дел од арапската флота била уништена од грчки оган.
  • 678685: Кувер со Протобугарите и Сермезијанците доаѓа во Македонија.
  • 680: Во Битката кај Онгала Бугарите извојувале победа над Византијците.
  • 680: Битката кај Карбала резултирала со смртта на Хусеин ибн Али и поделбата на муслиманската заедница.
  • 681: Византиското Царство ја признала Бугарија како независна држава.
  • 682: Елтериш и Тоњокук го основале Вториот туркски каганат.
  • 683: Дапунта Хианг Шри Џајанаса го извел патувањето познато како Сидајатра за да го прошири своето влијание. Настанот бил спомнат во неколку натписи, како што се натписот Телага Бату, натписот Таланг Туво и натписот Кедукан Букит. Почеток на превласта на Сривиџаја во регионот на Малачкиот проток и Сундскиот проток.
  • 683-685: Втората исламска граѓанска војна.
  • 686: Сривиџаја започнал морска инвазија на Јава, која се споменува во натпис Кота Капур. Ова најверојатно придонело за крајот на царството Таруманара.
  • 687: Ицзин се вратил кај Сривиџаја на враќање од Индија во Кина. Во неговиот запис тој објавил дека кралството Малаја било заземено од Сривиџаја.
  • 688: Византискиот цар Јустинијан II ги победил Бугарите.
  • 690: Пробудистичката царска сопруга Ву Цетјен ја презела власта во свои раце и била единствена жена во кинеската историја која владеела како света и божествена владетелска царица.
  • 691: Будизмот станал државна религија на Кина.
  • 694: Визиготскиот крал Егика, кој владеел со Шпанија, ги обвинил Евреите дека им помагаат на муслиманите и ги осудил сите Евреи на ропство.
  • 698: Арапите ја зазеле Картагина од Византиското Царство.
  • 698: Започнало активно, но неофицијално, прогонство на христијаните во Кина.
  • 698: Започнал Периодот на Северо-јужните држави во Кореја.
  • 700: Вулканскиот комплекс Еѕиза избувнал во северозападна Британска Колумбија, Канада.
  • 700: Издигнување на поморското царство Сривиџаја со седиште во Суматра.
  • 700: Натписот Соџометро, датиран околу крајот на 7 век, бил откриен во Батанг, централна Јава. Во него се спомнува Дапунта Селендра, веројатно како предок на династијата Саилендра. Текстот е напишан на старомалајски јазик, што укажува на поврзаност на Сривиџаја со ова семејство.

Личности

Византискиот цар Ираклиј I
Папата Григориј I
Ву Цетјен, кинеска царица од династијата Танг
  • Абу Бакр, првиот исламски калиф
  • Али ибн Аби Талиб (600-661), братучед на Мухамед, четвртиот исламски калиф
  • Анна, крал на Источна Англија
  • Антара Ибн Шаддад, арапски поет
  • Апар, индиски поет
  • Аспарух, творец и прв владетел на Дунавска Бугарија
  • Бенјамин I Александриски, коптски патријарх на Александрија за време на исламското освојување на Египет
  • Берта од Кент, кралица на Кент
  • Брамагупта, индиски математичар и астроном
  • Ву Цетјен, единствената жена во историјата на Кина со титула на небесна царица
  • Гао-ѕун (649-683), Трет кинески цар од династијата Танг
  • Го од Балхеа, основач на и прв владетел на корејската држава Балхае
  • Григориј I (540-604), богослов, папа, државен администратор на Рим
  • Еанфлаед, кралица на Бернициј
  • Елтериш, основач на вториот туркиски каганат
  • Елфелда од Нортумбри
  • Етелберт од Кент, кралот на Кент
  • Етлбург од Кент, англосаксонска кралица
  • Етелбург од Фермаутирс, англосаксонска принцеза
  • Етлтрит, англосаксонска светица
  • Ираклиј I, цар на Византија кој војувал против Сасанидите    
  • Исак Нинивски, христијански теолог, мистик и светец
  • К'ак'-Ути'-Виц'-К'авил (628-695), 12-ти владетел на Копан
  • Калид ибн ал-Валид (592-642), муслимански воен командант кој ги поразил римските и персиските војски во повеќе од осум битки
  • Кутберт Линдисфарнски, англосаксонски епископ и православен светец
  • Кедмн, англиски поет
  • Кен Фалад Мак Аилила, ирски научник
  • Кувер - бугарски владетел
  • Кумарила Бхата, индиски филозоф
  • Ли Џинг, кинески генерал кој го освоил Источно-туркискиот каганат и го поразил кралството Тујун
  • Ли Шиџи, кинески војсководец
  • Мухамед (570-632), исламски пророк
  • Нарасимхаварман, тамилски крал на јужна Индија   
  • Непознатиот кнез, ги водел Србите на Балканот од север
  • Омар, втор исламски калиф
  • Осман ибн Афан, трет исламски калиф
  • Пакал Велики, владетел на мајанската држава Паленке
  • Пулакесин II, четвртиот владетел на династијата Чалукја во Индија
  • Редвалд, крал на Источна Англија
  • Сексбург, англиска кралица и светица
  • Сигеберт, крал на Источна Англија
  • Су Дингфанг, кинески војсководец во служба на династијата Танг кој успеал да го уништи Западно-туркискиот каганат
  • Таизонг (599-649), кинески цар од династијата Танг
  • Тонг Јабгу, водач на западните Турци и веројатно основач на Хазарскиот каганат
  • Хилда од Витби (614-680), англиска светица
  • Хуиненг, (638-713) шестиот и последен патријарх на Чан будизмот

Откритија

  • Летната пагода во Ценгдинг, Кина, била изградена во 636 година.
  • Во 650 година биле издадени првите хартиени пари во Кина.
  • Во 670-тите години, бил измислен грчкиот оган во Цариград.
  • Кон крајот на 7 век узенгијата била пренесена од Кина во Персија.
  • Најраниот познат запис за играта шатранџ, претходник на шахот.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица