Рајна-Рур

Рајна-Рур (германски: Metropolregion Rhein-Ruhr) — најголема метрополитенска област во Германија со околу 11.000.000 жители. Тој е полицентричен по природа и единствен мегаград во Германија. Таа зафаќа површина од 7.110 квадратни километри и целосно се наоѓа во рамките на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Метрополитенската област Рајна-Рур се шири од Дортмунд-Бохум-Есен-Дујсбург (Рур) на север, до урбаните подрачја на градовите Менхенгладбах, Диселдорф (покраински главен град), Вупертал, Келн (најголемиот град во областа и германскиот четврти најголем град) и Бон на југот. Локацијата на Рајна-Рур во срцето на европската „сина банана“ го прави добро поврзан со другите големи европски градови и метрополитенски области, како што се Амстердам и Рандстад, Фламанскиот дијамант и Франкфурт/областа Рајна-Мајна.

Рајна-Рур
Metropolregion Rhein-Ruhr
Рајна-Рур според LEP Северна Рајна-Вестфалија, 1995
Рајна-Рур според LEP Северна Рајна-Вестфалија, 1995
Држава Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Најголеми градовиКелн
Диселдорф
Дортмунд
Есен
Дујсбург
Бон
Површина
 • Метро7.110 км2 (2,750 ми2)
Најг. вис.&10000000000000494000000494 м
Најм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население [1][2]
 • Метро11,316,429 жители
 • Метро1,422/км2 (3,684/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
БРП2004
номинален€330.9 милијарди (трет во ЕУ)
Рајна во Келн
Рајна во Диселдорф
Рур во Есен

Метрополитенската област е наречена по реките Рајна и Рур, кои ги дефинираат географските одлики на области и историски неговиот економски столб.

Поделби

Постојат многу различни поддефиниции на она што му припаѓа на областа Рајна-Рур, но метрополитенската област официјално има граници со Хам на исток, Менхенгладбах на запад и Бон на југ и малиот град Везел како своја најсеверна точка. Северната граница е слична со границата на Рурската област.

Табелата подолу го покажува неофицијалниот збир на областите. Во официјалната дефиниција метрополитенската област е многу помала.

Областпоголеми градовиповршинанаселение
Рурска метрополитенска област[3]4.435 км²5.172.745
Дортмунд280 км²581.308
Есен210 км²576.259
Дујсбург233 км²491.931
Диселдорф метрополитенска област2.404 км²2.944.700
Диселдорф217 км²586.217
Нојс99 км²151.280
Менхенгладбах170 км²258.251
Вупертал168 км²351.050
Келн/Бон метрополитенска област[4]2.920 км²2.818.178
Келн405 км²1.000.298
Бон141 км²319.841
Рајна-Рур метрополитенска област9.759 км²10.935.623

Евростат Urban Audit го дели Рајна-Рур областа во шест Поголеми урбани зони (ПУЗ). Овие шест урбани зони не ги покриваат градовите Ремшајд и Золинген, ниту округот Рајна-Нојс.

Поголема урбана зонапоголеми градовиповршинанаселение
Поголема урбана зона Рур[5][6]4.434 км²5.172.745
Дортмунд280 км²581.308
Есен210 км²576.259
Дујсбург233 км²491.931
Поголема урбана зона Диселдорф[7][8]1.200 км²1.525.774
Диселдорф217 км²586.217
Нојс99 км²151.280
Ратинген67 км²91.306
Поголема урбана зона Менхенгладбах[9][10]170 км²258.251
Менхенгладбах170 км²258.251
Поголема урбана зона Вупертал[11][12]168 км²351.050
Вупертал168 км²351.050
Поголема урбана зона Келн[13][14]1.627 км²1.899.930
Келн405 км²1.000.298
Поголема урбана зона Бон[15][16]1.295 км²918.248
Бон141 км²319.841
Област Рајна-Рур8.894 км²10.125.998

Градови со повеќе од 1.000.000 жители

Градови со повеќе од 500.000 жители

Градови со повеќе од 100.000 жители

Рурска област (Вестфалски дел)

Бохум, Ботроп, Гелзенкирхен, Хаген, Хам, Херне, Изерлон, Реклингхаузен, Витен

Рурска област (Рајнски дел)

Дујсбург, Мерс, Милхајм во Рур, Оберхаузен

Бершки крај

Бершки Гладбах, Ремшајд, Золинген, Вупертал

Рајнска долина

Бон, Крефелд, Леверкузен, Менхенгладбах, Мерс, Нојс

Економија

Историски гледано, поголемиот дел од Рур бил во најголем дел се одликува со тешката индустрија од времето на доцниот 19-ти и раниот 20 век. Од средниот век, Келн, Дортмунд и другите градови биле важни регионални трговски центри, но во текот на 19-от век градот Диселдорф постигнал голем пораст и станал администативен центар на областа, а од 1945 година и политички главен град.

Денес, метрополитенската област Рајна-Рур изнесува околу 15% од БДП-то на германската економија и може да се постави како трет најголем БРП на метрополитенските области во Европската Унија и 16-ти најголем БДП во светот. И покрај оваа големина, областа Рајна-Рур често нема меѓународна конкурентност од недостатокот на единствена презентација, во која градовите и урбаните области во рамките на областа, често се занимаваат со посебна инвестициона политика едни против други.[17]

Во рамките на областа, Диселдорф и Келн се далеку најголеми економски центри,[18] со специјализација во финансиите/високата технологија и осигурувањето/мултимедија услугите соодветно. Други поголеми економски центри се Бон, Дортмунд и Есен. Областа е дом на дванаесет[19] Форчн Глобал 500 компании, меѓу кои се Е.ОН АГ, Диселдорф; Deutsche Post AG, Бон; Метро АГ, Диселдорф; Deutsche Telekom AG, Бон; ThyssenKrupp AG, Есен/Дујсбург; RWE AG, Есен; Бајер АГ, Леверкузен; Франц Ханиел & ГмбХ, Дујсбург; Евоник Индустрија, Есен; Аркандор АГ, Есен; Хохтиф АГ, Есен и Henkel Group, Диселдорф.

Сообраќај

Карта на ДБ 2650 поврзувајќи го Келн со Хам

Метрополитенската област може да се пофали со два меѓународни аеродрома Келн/Бон и Диселдорф и неколку регионални/домашни аеродроми како Дортмунд, Диселдорф/Менхенгладбах и Веце. Градот Келн, исто така, е поврзан со аеродромот Франкфурт со едночасовна железничка брза линија Келн-Франкфурт.

Комерцијални аеродроми

АеродромИАТА кодИКАО кодгодишен патнички сообраќај
Аеродром ДиселдорфDUSEDDL18,98 милиони (2010)
Аеродром Келн/БонCGNEDDK10,35 милиони (2008)[20]
Аеродром ДортмундDTMEDLW2,30 милиони (2008)

Северна Рајна-Вестфалија ја има најгустата мрежа на аутобанови во Германија и Феркерсфербунд Рајна-Рур е регионалниот подземен железнички систем, кој ги поврзува сите градови и нивните локални У- и С-железнички системи (С-железница Рајна-Рур).

Пристаниште Дујсбург (Дуиспорт) и пристаниште Дортмунд се големите индустриски пристаништа во внатрешноста и служат како центри по Рајна и германскиот континентален воден транспортен систем.

Туризам

Настани

Областа е домаќин на бројни мега настани, составени од забавни саеми и културни настани како што се кенски и диселдорфски карневал, Келн Комеди Фестивал, Рурфестшпиле Реклингхаузен, РурТринале и Келн геј прајд, како и трговските саеми на Келнскиот саем - Келнски саем и Саем во Диселдорф. Со капацитет од над 20.000 луѓе, Келнарена и Вестфаленхален влегуваат во кругот на најголемите затворени арени во Германија.

Областа е домаќин на осум фудбалски клубови, најуспешните меѓу нив се ФК Борусија Дортмунд, ФК Борусија Менхенгладбах, ФК Келн, ФК Шалке 04 и ФК Бајер Леверкузен.

Знаменитости

Неколкуте туристички одредишта во областа привлекуваат над 12 милиони туристи годишно; Келнската катедрала, самата над 6 милиони туристи. Други поважни атракции се палатите Августусбург и Фалкенлуст близу Бон и Замок Бенрат близу Диселдорф, како и рудникот за јаглен и индустриски комплекс Цолферајн и други знаменитости на европскиот пат на индустриското наследство.

Музеи

НРВ Форум, Уметничка галерија Северна Рајна-Вестфалија, Кунстхале Диселдорф, Музеј Кених, Музеј Лудвиг, Римско-германски музеј, Музеј Валраф-Рихарц, Неандерталски музеј и Германски музеј Бон се некои од најпознатите примери.

Образование

Метрополитенската област Рајна-Рур е дом на девет универзитети и преку 30 високи школи, со вкупно над 300.000 студенти. Најголемиот е најстариот универзитет е Келнскиот (Universität zu Köln), првично основан во 1388. Други универзитети се:

  • Универзитет Бохум,
  • Универзитет Бон,
  • Германски спортски универзитет Келн,
  • Технолошки универзитет Дортмунд,
  • Универзитет Дујсбург-Есен,
  • Универзитет Диселдорф,
  • Универзитет Хаген и
  • Универзитет Вупертал.

Општини

Оваа карта на Областа Рајна-Рур покажува околу 130 километри од север кон југ.

Следниве регистри ги покажуваат сите општини кои официјално припаѓаат на областа Рајна-Рур. Демографски, овие општини вклучуваат 20 градови (слободни градови (German: „Kreisfreie Städte“)), секој со повеќе од 100.000 жители и 11 окрузи (German: „Kreis“), секој со население со повеќе од 250.000 жители. Некои окрузи припаѓаат само делумно на областа Рајна-Рур. Во таков случај единствено општините кои припаѓаат на метрополитенската област се прикажани.

Слободни градови
ОпштинаЖители
31 декември 2009[2]
Површина
км²
Жители на/
км²
Бохум (BO)376.319145,442.587,45
Бон (BN)319.841141,222.264,84
Ботроп (BOT)117.241100,611.165,3
Дортмунд (DO)581.308280,392.073,21
Дујсбург (DU)491.931232,812.113,01
Диселдорф (D)586.217217,012.701,34
Есен (E)576.259210,382.739,13
Гелзенкирхен (GE)259.744104,862.477,06
Хаген (HA)190.121160,361.185,59
Хам (HAM)181.741226,26803,24
Херне (HER)165.63251,413.221,79
Келн (K)998.105405,152.463,54
Крефелд (KR)235.414137,761.708,87
Леверкузен (LEV)160.59378,852.036,69
Менхенгладбах (MG)258.251170,451.515,11
Милхајм во Рур (MH)167.47191,291.834,49
Оберхаузен (OB)214.02477,042.778,09
Ремшајд (RS)111.42274,601.493,59
Золинген (SG)160.99289,461.799,6
Вупертал (W)351.050168,392.084,74
вкупно/просечно6.503.6763.163,742.055,69
Окрузи (Kreise)
Општина/округЖители
31 декември 2009[2]
Површина
км²
Метман (округ) (ME)
Еркрат46.08426,89
Хан (општина)29.15624,22
Хајлигенхаус26.81827,47
Хилден55.55125,96
Лангенфелд (Рајнска област)59.03841,10
Метман39.37442,52
Монхајм на Рајна43.06523,10
Ратинген91.30688,72
Фелберт84.63374,90
Вилфрат21.42032,23
Уна (округ) (UN)
Бергкамен51.14944,80
Бенен18.63038,02
Френденберг/Рур22.13556,21
Холцвикеде17.26422,36
Камен (општина)44.80340,93
Линен87.78359,18
Шверте48.52356,20
Зелм27.12360,34
Уна66.65288,52
Верне29.99476,08
Енепе-Рур (EN)
Енепетал30.77857,42
Гефелсберг31.65126,29
Хатинген55.81771,39
Хердеке24.79422,40
Швелм29.01220,50
Шпрокхефел25.51247,79
Ветер28.22131,47
Витен98.60172,37
Окрузи (Kreise)
Општина/округЖители
31 декември 2009[2]
Површина
км²
Мерковски округ (MK)
Хемер37.45967,56
Изерлон95.232125,50
Менден56.07886,06
Реклингхаузен (округ) (RE)
Кастроп-Рауксел75.75251,66
Дателн35.75766,08
Дорстен77.308171,19
Гладбек75.52035,91
Хертен62.63937,32
Марл88.20287,63
Оер-Еркеншвик30.49938,69
Реклингхаузен119.05066,43
Валтроп29.83746,99
Рајна-Ерфт (BM)
Брил44.25936,12
Фрехен49.75245,11
Хирт57.50151,17
Веселинг35.14423,37
Рајна-Нојс (NE)
Дормаген62.92485,41
Грефенбројх64.0390102,46
Карст41.84137,40
Коршенброх33.11655,26
Мербуш54.19064,38
Нојс151.28099,48
Окрузи (Kreise)
Општина/округЖители
31 декември 2009[2]
Површина
км²
Рајна-Зиг (SU)
Алфтер22.89534,77
Борнхајм48.54482,71
Нидеркасел37.40235,79
Занкт Аугустин55.52434,23
Зигбург39.65423,46
Тросдорф75.15062,17
Рајнско-бершки крај (GL)
Бершки Гладбах105.69983,12
Буршајд18.77127,38
Лајхлинген27.47637,33
Фирзен (округ) (VIE)
Кемпен36.04068,81
Тенисфорст30.08444,33
Фирзен75.47591,07
Вилих51.96267,77
Везел (округ) (WES)
Динслакен69.68747,67
Камп-Линтфорт38.72463,16
Мерс105.92967,69
Нојкирхен-Флуин27.62743,48
Рајнберг31.64875,15
Ферде37.66853,48
Везел60.958122,53
вкупно3.609.2123.946,69

Поврзано

  • Рајна-Лана
  • Рајна-Мајна
  • Список на метрополитенски области во Европа по население
  • Список на метрополитенски области во Германија

Наводи

Додатна литература

  • Кнап, Волфганг (1998). The Rhine-Ruhr area in transformation: Towards a European metropolitan region?. европска планска студија.
  • Дилеман, Франс М. (1998). Randstad, Rhine-Ruhr and Flemish diamond as one polynucleated macro-region?. Блеквел.
  • Блитефогел, Ханс Х. (1998). The Rhine-Ruhr metropolitan region: Reality and discourse. европска планска студија.

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица