Реј Бредбери

Реј Даглас Бредбери (англ. Ray Bradbury, 22 август 19205 јуни 2012) бил американски писател на научна фантастика[1].

Реј Даглас Бредбери во 1975

Биографија

Реј Бредбери (во средината), заедно со претседателот на САД Џорџ Буш и неговата жена, 2004

Роден е на 22 август 1920 во Вокиган, Илиноис, САД. Во раните години неговото семејство често се преселувало, за во 1934 конечно да се населат во Лос Анџелес. Во семејството на Бредбери, повеќемина се занимавале со книгоиздателство, затоа не изненадува тоа што и самиот станал писател, покрај тоа што бил голем љубител на книжевноста. По средното образование не се решава да се запише на универзитет и заработува од продавање дневни весници. Образованието го продолжва во библиотеката, каде се вљубува во научно фантастичните дела и ликови, како Флеш Гордон и Бак Роџерс. Наскоро започнува да ги објавува и своите СФ раскази по списанија во раните 1940-ти. Неговата прва книга, збирката Темен карневал, ја објавува во 1947[2]. ==Работел и на сценарија за филмови. Тоа се „Моби Дик“ (1956), режиран од Џон Хустон, и „Кралот на кралевите“ (1961), режиран од Николас Реј. Бредбери исто така пишувал и за првата сезона на Зона на самракот (1959).

Покрај веќе наведените дела, Бредбери има напишано и голем број на есеи и ракази. Пишувал и мјузикли, десетина романи и новели, збирки раскази, па и поезија. Веројатно најпознато дело му е Фаренхајт 451 – температурата на која хартијата гори, издадено во 1953 година, кое денес претставува класик на американската книжевност.

Бредбери бил и идеен советник за павилионот на САД на Светската изложба во Њујорк во 1963, а помагал и при создавањето и планирањето на туристичките патеки низ Дизниленд како консултант за урбано градежништво и брз транспорт.

Иако честопати бил означуван како неучнофантастичен писател, лично сметал дека од неговите дела само „Фаренхајт 451“ е научна фантастика, заснована на стварноста. За поголемиот број од останатите дела сметал дека се фантастика[3].

Дела

  • (1953) „Фаренхајт 451“
  • (1957) „Вино од глуварчиња“
  • (1962) „Нешто чудно не привлекува“
  • (1972) „Дрвото на Вештерската ноќ“
  • (1985) „Смртта е осамен бизнис“
  • (1990) „Гробишта за лудаци“
  • (1992) „Зелени сенки, бел кит“
  • (1998) „Ахмед и заборавените машини“
  • (2001) „Од прашина вратени“
  • (2003) „Ајде сите да ја убиеме Констанс“
  • (2003) „Дојдено од вселената“

Збирки раскази

  • (1947) „Темен карневал“
  • (1950) „Марсовски хроники“
  • (1951) „Илустрираниот човек“
  • (1953) „Златните јаболка на сонцето“
  • (1955) „Октомвриска земја“ (дополнето и прошитено издание на „Темниот карневал“)
  • (1959) „Лекарство за меланхолија“
  • (1960) „Р за ракета“
  • (1969) „Го опевам електричното тело!“
  • (1970) „В за вселена“
  • (1980) „Приказни за Реј Брадбери
  • (1988) „Тојнбискиот конвектор“
  • (1996) „Побрзо од окото“
  • (1998) „Возејќи на слепо“
  • (2002) „Уште едено за по пат“
  • (2003) „100 најпознати приказни“
  • (2004) „Мачкините пиџами: приказни“

Покрај овие колекции многу раскази се издадени како Best of колекции.

Поезија

  • (1975) „Кога последните слонови процветаа во предворјето“
  • (1977) „Кога роботските глувци и роботските луѓе трчаат низ роботски градови“

Друго

  • (1992) „Зен во уметноста на пишувањето“

Занимливости

  • Интересно е дека Бредбери, кој пишувал за космички бродови и вселенски патувања, тој самиот никогаш не возел автомобил. Ваквото свое однесување го објаснувал со ужасната сообраќајна несреќа што ја видел уште како дете.
  • Сè до својата 63 година не патувал ниту со авион.

Почести и награди

За своите придонеси во филмската индустрија, Реј Бредбери добил ѕвезда на познатиот Холивудски булевар.

Еден астероид е именуван во негова чест - (9766) Bradbury, исто како и еден кратер на месечината што го добил називот според наслов на негов роман - "Dandelion Crater".

За своето творештво е добитник на „Светската награда за фантастика“, Стокеровата. Пулицеровата награда и други.

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица