Самоански Острови

архипелаг што покрива 3,030 км² и се наоѓа во централниот дел на Јужен Пацифик, дел од Полинезија и поширокиот регион на Океанија
Оваа статија е за Самоанскиот Архипелаг. За независната држава Самоа, видете Самоа. За истоимената територијата на САД, видете Американска Самоа.


Самоанските Острови формираат архипелаг во Тихиот Океан. Архипелагот зазема површина од 3.030 км2 и истиот е дел од географскиот регион Полинезија во Океанија. Самоанските Острови имаат вкупно население од околу 250.000 жители. Национален и најголем јазик на островите е самоанскиот јазик. На островите преовладува самоанската култура и самоанскиот начин на општествен живот.[1]

Самоански Острови
горе: островот Офу-ОлосегаAbove. доле: карта на Самоанските Острови
Географија
МестоПолинезија
Површина3.030 км2
Највисоко издигнување1.858 м
Највисока точкаМауга Силисили
Управување
Samoa
Најголема населбаАпија (pop. 38,800)
Американска Самоа
Најголема населба населбаПаго Паго (pop. 11,500)
Демографија
Население250,100 (2001)

Денес островите се поделени на две политички единици. Западниот дел на островите се под јурисдикција на независната држава Самоа, а источниот дел од островите е под јурисдикција на американската сојузна територија Американска Самоа. Самоанците се најбројни на островите и тие претставуваат најброен полинезиски народ во светот.[2] Во 1768 година, источниот дел на архипелагот бил посетен од францускиот истражувач Луи Антоан де Бугенбил и тој ги именувал како Навигаторски Острови. Ова име било користено од мисионерите сè до 1845 година, а во официјалната европска преписка сè до 1870 година.[3]

Географија и клима

Самоанските Острови се наоѓаат во Тихиот Океан. Тие се дел од Полинезија во Океанија. Островите се на 800 километри оддалеченост од Фиџи, 530 километри од Тонга, 2.900 километри од Нов Зеланд и 4.000 километри од Хаваи.[4] Поголем дел од островите се со вулканско потекло прекриени со тропска шума. Помал број од островите се корални. Највисока точка на островите е планината Силисили на островот Саваи со надморска височина од 1858 метри.[5] На Американска Самоа највисок врв е Лата со 966 метри надморска височина.

Островите имаат тропска клима. Дождлива сезона е од ноември до април и често островите се погодени од тајфуни од декември во март.[6]

Политичка поделба

Германски, британски и американски воени бродови во Апија во 1899.

Во текот на 1800-те години соперништвото меѓу колонијалните империи на САД, Германија и Обединетото Кралство било на високо ниво и тоа довело до Тространата конвенција од 1899 година. Според договорот, Самоанските Острови биле поделени на два дела: Германска Самоа и Американска Самоа. Меѓународната конвенција се случила пред Првата светска војна и претходници на истата биле Вашингтонската конференција од 1887, Берлинскиот конгрес од 1889 и Англо-германскиот договор за Самоа од 1899 година. Во 1920 година Нов Зеланд ја презел власта врз Германска Самоа и управувал со островите сè до независноста на Западна Самоа во 1962 година. Западна Самоа го променила името во Самоа, а источниот дел на архипелагот и понатаму е под управа под САД познат како Американска Самоа.[7]

  •  Самоа, независна држава која ги зазема западните острови од архипелагот. Државата има 2.831 километар квадратен и население од околу 185.000 жители. Од независноста во 1962 па сè до 1997 година државата била позната како Западна Самоа, а потоа го променила името во Самоа. Главен град на државата е Апија, а официјална валута е самоанска тала. Службени јазици во државата се самоански и англиски.
  •  Американска Самоа, територија на САД. Територијата ги зазема источните острови од архипелагот и има вкупна површина од 199 км2 и население од 65.000 жители. Главен град на територијата е Паго Паго, а официјална валута е американскиот долар. Службени јазици во територијата се самоанскиот и англискиот.

Острови

Карта на Самоа.
Карта на Американска Самоа.

Самоа

  • Уполу, население од 134,400 (2001) - најнаселен остров.
  • Саваи, население од 43,142 (2006), најголем остров по површина.
  • Маноно, население од 889 (2006)
  • Аполима, население од 75 (2006)
  • Фануатапу, ненаселен остров.
  • Намуа, ненаселен остров.
  • Нулопа, ненаселен остров.
  • Нулуа, ненаселен остров.
  • Нусаге, ненаселен остров.
  • Нутеле, ненаселен остров.

Американска Самоа

  • Тутуила, население од 55,876 (2000).
  • Ауну, население од 476 (2000).
  • Тау, население од 873 (2000).
  • Офу-Олосега, население од 289 (2000) на Офи и население од 216 (2000) на Олосега.
  • Роуз ненаселен атол.
  • Свејнс, население од 37 жители.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

14°16′S 171°12′W / 14.267° ЈГШ; 171.200° ЗГД / -14.267; -171.200

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица