Сенко Велинов

македонски глумец

Сенко Велинов (роден на 15 мај 1965 година во Скопје) — македонски глумец, протагонист на повеќе улоги од антологиско значење. Дипломирал на ФДУ во Скопје. Член на Народниот театар во Суботица, во театарот на Љубиша Ристиќ (1990–1992), на Драмски театар (1992–1999), на Драмата на МНТ (1999–2000), директор на Драмски театар (2001–2002), од 2002 година повторно во Драмата на МНТ.

Сенко Велинов
Роден15 октомври 1965
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Познатпо улогата во:
Од денес за утре
Американецот
Ова не е американски филм
Занимањеглумец

Улоги: Арган (Вообразен болен), Гилдерстен (Розенкранц и Гилдерстен се мртви мртви), Дон Жуан (Дон Жуан), Салиери (Амадеус), Троил (Троил и Кресида), А (Емигранти) и др.

Критика

Од она што го видов провоцирана сум веднаш да кажам: Сенко Велинов е повеќе од одличен. Со улогата на глумецот Светловидов, тој ги достигна славните мигови на неговиот чудесен Салиери и на неговиот Гилдестерн. Во претставата во која во еден миг се извикува „Оче наш, дај ни ја маската наша насушна“, Сенко ја одбра репликата на Розенкранц за флејтата како знак на езотеричната вистина. Едноставно, Велинов направи своевиден омаж за глумецот. Преплавен од немири и порачувајќи дека вистината за животот е иронична вистина, тој ги покажа конфликтите и кризите што се случуваат во душата на глумецот. Со еден збор, Велинов го стави глумецот лице в лице со себеси. Во доба кога на Светловидов му е време да си замине од сцената (има 68 години), тој ја открива личната драма за бескрајната осаменост. Со свесност за нехармоничноста меѓу надворешниот и внатрешниот живот, со сознание дека животот е осама и апсурд, во очаен обид да излезе од таа осаменост, тој бара егзил во алкохолот и живее во идентификација со своите ликови. Прашувајќи се каде отиде се, Светловидов на Велинов го покажа непрекинатото одминување на времето . [1]

Наводи

Надворешни врски


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица