15 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

15 мај — 135-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (136-и во престапна година).Остануваат 230 денови до крајот на годината.

Настани:

1848 Во Париз, работниците го распуштиле уставотворното собрание и формирале револуционерна влада.
1926 Во Загреб проработи првата среднобранова радиостаница на Балканот.
1943 Во Москва, по иницијатива на Сталин, била распуштена Комунистичката интернационала (Коминтерната).
1945 Во Југославија завршиле вооружените дејства во Втората светска војна.
1957 Велика Британија ја изврши првата термојадрена проба во централниот Тихи Океан.
1988 По осум години војна, Советската армија го започна своето повлекување од Авганистан.
1992 Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.
1992 Бил нападнат воен конвој на ЈНА во Тузла, Босна и Херцеговина при што биле убиени 49 војници.
1995 Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.
2012 Франсоа Оланд станува претседател на Франција.
2013 Челси ја освои Лига Европа

Родени:

1567 Клаудио Монтевердииталијански композитор на преодот од ренесансата кон барокот.
1848 Виктор Васнецов — истакнат руски сликар од фолклористичкиот и националромантичарски правец.
1859 Пјер Кири — француски физичар и хемичар.
1862 Артур Шницлер — австриски писател и доктор.
1864 Ватрослав Облак — словенечки и австриски лингвист, славист и македонист.
1864 Димитар Матов — македонски фолклорист и етнограф.
1864 Захарија Шумљанска — македонски револуционер.
1891 Михаил Булгаков — руски писател.
1901 Луис Монти — италијанско-аргентински фудбалер.
1909 Џејмс Мејсон — англиски филмски и театарски глумец.
1914 Тензинг Норгај — непалски планинар, кој прв се искачил на Монт Еверест.
1915 Виктор Аќимовиќ — југословенски и македонски публицист.
1920 Мелих Џевдет Андај — турски поет, романописец, есеист, драмски автор.
1930 Џаспер Џонс — американски сликар.
1937 Меделин Олбрајт Корбел — државен секретар на САД.
1942 Ристо Јачев — македонски писател.
1947 Љупко Петровиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1956 Мурат Јашари — поранешен член на ОНА.
1959 Ратомир Грозданоски — македонски теолог.
1959 Ендрју Елдрич — англиски рок-музичар, член на групата „Систерс оф мерси“ (Sisters of Mercy).
1960 Римас Куртинаитис — литвански и советски кошаркар.
1964 Маја Иванова — сопруга на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
1965 Џезаир Шаќири — македонски политичар и поранешен член на ОНА.
1965 Сенко Велинов — македонски глумец.
1966 Јиржи Немец — чешки фудбалер.
1970 Роналд де Бур — холандски фудбалер.
1970 Франк де Бур — холандски фудбалер и тренер.
1978 Егои Мартинес — шпански велосипедист.
1981 Патрис Евра — француски фудбалер.
1987 Енди Мареј — британски тенисер.
1997 Усман Дембеле — француски фудбалер.

Починале:

1634 Хендрик Аверкамппределен сликар од златното време на холандското сликарство
1886 Емили Дикинсон — американска поетеса.
1914 Јован Скерлиќ — српски писател и книжевен критичар.
1935 Казимир Малевич — руски и советски сликар.
1967 Едвард Хопер — американски сликар.
1987 Рита Хејворт — американска глумица.
1994 Олга Спиридоновиќ — српска и југословенска театарска и филмска глумица.
2019 Михаило Јанкетиќ — српски глумец.
2021 Ѓорѓе Марјановиќ — српски и југословенски пејач на забавна музика.
2023 Роберт Лукас — американски економист, добитник на Нобеловата награда.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица