Средоземни игри

меѓународно повеќеспортско натпреварување

Средоземни игри (или Медитерански игри) — меѓународно спортско натпреварување, кое се одржува на секои четири години. Земјите-учеснички мора да бидат дел од средоземната цивилизација. Овој настан го предложил Мохамед Тахер-паша, кој бил претседател на Олимпискиот комитет на Египет за време на Летните олимписки игри 1948. Првите Средоземни игри се одржале во 1951 г. во Александрија, еден од најголемите градови на Египет. Првите 10 игри се одржувале една година пред Олимписките игри, но во 1991 било одлучено игрите да се одржуваат една година по Олимписките игри.

Средоземни игри
Знаме на игрите
Плакат за I Средоземни игри во Александрија, 1951 г.
Први1951 (Александрија, Египет)
Честотана 4 години
Последни2018, Тарагона, Шпанија
Целспортови во Средоземјето
ПретседателАмар Адади (Алжир)
Мреж. местоМКСИ

Македонија за првпат почнала да учествува на XVII Средоземни игри во Мерсин, 2013 г.

Историја на Средоземните игри

Првите Средоземни игри

Првите Средоземни игри се одржале во месец октомври во 1951 г. во Александрија, во чест на Мохамед Тахер-паша, кој ја изнел идејата за овој настан. На настанот учествувале 734 спортисти од 10 земји, кои настапиле во 13 спортови. Веќе на вторите игри, кои се одржале во 1955 г. Во Барселона е основано контролно тело, кое ги надгледува натпреварувачите во сите натпревари и врши анти-допинг контрола. На 16 јуни 1961 г., ова тело го добило своето официјално име: Службен одбор на Средоземните игри (француски: Comité International des Jeux Méditerranéens).

Врховно тело

Средоземните игри, како спортски настан кој се одржува секои четири години има углед на најголем спортски настан околу Средоземното Море. Настанот предизвикува голем интерес кај земји од три континенти: Европа, Африка и Азија. Специфичноста на овие игри е способноста на малите земји да освојат медал. Нема ниту една држава, чиј претставник не освоил барем еден медал, па дури и држави како Либан и Сан Марино освоиле медал. Покрај спортот, идеологијата на овој настан се заснова и на создавање на можност за мирна и праведна соработка на спортистите од трите континенти.

Игрите се одржуваат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, но за нивното одржување е одговорен Грчкиот олимписки комитет. Седиштето на Одборот на Средоземните игри се наоѓа во Атина, а секретарот мора да биде Грк. Обврските, кои Грција ги има како еден од главните организатори на Средоземните игри се исполнува и со напорите на Владата на Грција, која инвестира во развојот на игрите.

Одлики на Средоземните игри

Лого

Официјалното лого на Средоземните игри, кои се нарекуваат Средоземни олимписки игри се состои од три круга, кои ги симболизираат трите континенти, чии земји се натпреваруваат. Круговите се одржуваат во сината позадина, која го симболизира морето површина сино. За време на церемонијата на затворање на игрите, знамето се предава на претставник од земјата-домаќин на следните Средоземни игри.

Земји-учеснички

Земји-учеснички на Средоземните игри

На игрите тековно учествуваат вкупно 26 земји:[1]

Единствена земја, чие уество ѝ е дозволено, а не учествува е Израел. Иако географски не припаѓаат на Средоземјето, некои земји како на пример Македонија, Португалија, Србија, Андора и Сан Марино, кои веќе учествуваат може да влијае на игрите да учествуваат и некои арапски земји.

Градови-домаќини

НазивГодинаМестоЗемја
I Средоземни игри1951Александрија Египет
II Средоземни игри1955Барселона Шпанија
III Средоземни игри1959Бејрут Либан
IV Средоземни игри1963Неапол  Италија
V Средоземни игри1967Тунис Тунис
VI Средоземни игри1971Измир  Турција
VII Средоземни игри1975Алжир  Алжир
VIII Средоземни игри1979Сплит СФР Југославија
IX Средоземни игри1983Казабланка Мароко
X Средоземни игри1987Латакија Сирија
XI Средоземни игри1991Атина  Грција
XII Средоземни игри1993Лангдок-Русијон  Франција
XIII Средоземни игри1997Бари  Италија
XIV Средоземни игри2001Тунис Тунис
XV Средоземни игри2005Алмерија  Шпанија
XVI Средоземни игри2009Пескара  Италија
XVII Средоземни игри2013Мерсин  Турција
XVIII Средоземни игри2018Тарагона  Шпанија
XIX Средоземни игри2022Оран  Алжир

Застапени на спортови

На игрите затапени се вкупно 33 спортови.

СпортВоведен
Стреличарство1971
Атлетика1951
Бадминтон2013
Кошарка1951
Одбојка на плажа2005
Боќање1997
Бокс1951
Кајакарство1979
Велосипедизам1955
Скокови во вода1951
Коњички спортови1955
СпортВоведен
Мечување1951
Хокеј на трева1955
Фудбал1951
Голф1983
Гимнастика1951
Ракомет1967
Џудо1971
Карате1993
Хокеј на ролшуи1955
Веслање1951
Рагби1955
СпортВоведен
Едрење1955
Стрелаштво1951
Пливање1951
Пинг-понг1971
Теквондо2013
Тенис1963
Одбојка1959
Ватерполо1951
Скијање на вода2009
Кревање тегови1951
Борење1951

За учество на жени било одлучено уште во 1959, но за првпат учествувале во 1967 г.

Освоени медали по земји

РангЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1  Италија8767406872303[3]
2  Франција6315765331740[3]
3  Турција341243278862[3]
4  Шпанија3294495441322[3]
5  Југославија*199177182558[3]
6  Грција192247339778[3]
7  Египет142194231567[3]
8  Тунис8393146322[3]
9  Мароко697799245[3]
10  Алжир6659115240[3]
11  Хрватска516269182[3]
12  Словенија495690195[3]
13  Србија*495375177[3]
14  Сирија283976143[3]
15 ОАР23213074[3]
16  Кипар14191851[3]
17  Либан10234275[3]
18  Албанија9181744[3]
19  Босна и Херцеговина481931[3]
20  Сан Марино39517[3]
21  Португалија381324[3]
22  Црна Гора35816[3]
23  Косово3104[3]
24  Македонија22711[3]
25  Либија211316[3]
26  Малта1348[3]
27  Монако0314[3]
Вкупно2686268630238395

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица