Стивен Чу

Стивен Чу (кинески: 朱棣文, пинјин: Zhū Dìwén[4][5][6][7][8], трскр. Џу Дивен; 28 февруари 1948[9]) — американски физичар познат по своите истражувања во Беловите лаборатории и универзитетот Стенфорд за ладење и заробување на атомите во ласерска светлина, за што освоил Нобелова награда за физика во 1997 година заедно со неговите колеги Клод Коен Тануџи и Вилијам Даниел Филипс.

Почесен
Стивен Чу[1]
12ти Министер за енергетика
На должноста
21 јануари 2009 – 22 април 2013
ПретседателБарак Обама
ЗаменикДаниел Понман
ПретходникСемјуел Бодман
НаследникДаниел Понман (активен)

Ернест Мониз

Лични податоци
Роден(а)28 февруари 1948(1948-02-28)
Сент Луис, Мисури, САД
ПартијаДемократ[2][3]
УстановаРочерстерски универзитет
Калифорниски универзитет
НаградиНобелова награда за физика (1997)

Чу работел како 12ти министер за енергетика на САД од 2009 до 2013 година. Кога бил избран за Министер за енергетика, Чу бил професор по физика и молекуларна биологија на Калифорнискиот универзитет, и директор на националната библиотека во Беркли, каде неговите истражувања[10][11][12] главно биле насочени кон проучувањето на биолошките системи.[13] На 1 февруари 2013 година, најавил дека нема да биде министер за време на вториот мандат на претседателот Обама, за подоцна да даде оставка на 22 април 2013 година.[14][15][16]

Чу е гласен поборник за повеќе истражувањата во обновливите извори на енергија и јадрената енергија, тврдејќи дека запоставувањето на фосилните горива е од суштинско значење во борбата против климатските промени.[17][18][19] На пример, тој осмислил глобална „гликозна економија“, облик на нискојаглеродна економија, во која гликозата од тропските растенија се испорачува низ светот како што се тоа се прави денес со нафтата.[20]

Образование и младост

Чу е роден во Сент Луис, Мисури,[21] со потекло од Љухе, Кина.[22] а матурирал во средното училиште „Гарден Сити“.[23] Тој во 1970 година се стекнал со диплома за уметности по математика и диплома за наука по физика на Рочестерскиот универзитет. Тој подоцна ја добива титулата Д-р по физика од Калифорнискиот универзитет Беркли, во 1976 година, за време кога тој бил поддржан од страна на Националната фондација за наука.[24]

Чу потекнува од семејство на научници. Неговиот татко, Џу Жуѓин, стекнал докторат по хемиско инжинерство од Масачусетскиот институт за технологија и предава во Вашингтон на Сентлуишкиот универзитет и Бруклинскиот политехнички институт, а неговата мајка студирала економија. Неговиот дедо, Ли Шутјен , се стекнал со диплома од универзитетот „Корнел“ и чичкото на мајка му, Ли Шухуа, за физички науки, студирал физика во Сорбона пред да се врати во Кина.[25] Постариот брат на Чу е професор по биохемија и медицина на Стенфорд. Неговиот помлад брат, Морган Чу, е партнер и поранешен соуправувач во адвокатска фирма.[26] Според Чу, неговите двајца браќа и четири роднини се стекнале со титули доктор на медицина, четири доктори на науки и еден правник.

Во 1997 година, тој се оженил со Жан Фетер, британка и физичар од Оксфорд.[21] Тој има два сина, Џефри и Михаил, од претходниот брак со Лиза Чу.[25]

Чу е заинтересиран за спортови како што се безбол, пливање и велосипедизам. Тој научил тенис, читајќи книга за спортот во осмо одделение. Тој, исто така научил скок со стап од бамбус, набавувајќи ги од месните продавници за ќилими.[21][25]

Кариера и истражување

Стивен Чу за време на предавањата

По добивањето на својот докторат, Чу остананува во Беркли како постдокторски истражувач во период од две години, пред да се вклучи во Беловите Лаборатори, каде што тој и неколку од неговите соработници добиваат Нобеловата награда за ласерското ладење. Тој ги напуштил Беловите лаборатории и станува професор по физика на Универзитетот „Стенфорд“ во 1987 година,[25] каде станува претседател на одделот за физика од 1990 година до 1993 година, и од 1999 до 2001 година. На универзитетот „Стенфорд“, Чу и тројца други соработници ја започнуваат програма Био-X, која се фокусира на меѓудисциплинарни истражувања во биологијата и медицината[27] и одиграла клучна улога во обезбедувањето на средствата за финансирање на Институтот за честична астрофизика и космологија.[28] Во август 2004 година, Чу беше назначен за директор на Лоренс Берклиевата национална лабораторија, лабораторија на министерство за национални енергетски лаборатории на САД, и се приклучил на одделот за физика и одделот за молекуларна и клеточна Биологија .[29] Под водство на Чу, Лоренс Берклиевата национална лабораторија е центар на истражување на биогорива и сончевата енергија.[17][29]

Првичното истражување на Чу е фокусирано на атомска физика преку развивање на техники на ласерско ладење на магнето-оптичко преклопување на атоми со користење на ласери. Тој и неговите соработници во Беловите лаборатории развиеле начин за ладење на атомот со примена на шест ласерски зраци во парови и наредени во три насоки под прави агли едни со други. Преклопувањето на атомите со овој метод им овозможува на научниците да ги проучуваат поединечните атоми со голема точност. Покрај тоа, оваа техника може да се користи за изградба на атомски часовници со голема прецизност.[30]

На Стенфорд, истражувачките интереси на Чу се прошируваат во биофизиката и полимерната физика. Ја изучувал активноста на ензимите и белковините и РНК преклопување користејќи техники како што се флуоресцентно-резонантениот пренос на енергија, атомската микроскопија и оптичките пинцети. Неговите истражувања на полимерната физика користат поединечни ДНК молекули со цел да се изучи динамиката на полимерите и нивната фазни премини. Тој продолжил со истражувања во атомската физика, како и развивање на нови методи на ласерско ладење и преклопување.[31]

Награди

Стивен Чу во 2014 година за време на говорот одржан на тема климатските промени и употребата на енергијата.

Стивен Чу е добитник на Нобелова награда за физика во 1997 година за развој на методи за ласерско ладење и преклопување на атоми со ласерска светлина. Тој е член на Академија на науки на САД, и американската Академија на уметности, и надворешен член на Кинеската академија на науките, и Корејската академија за науки и инженерство.[32] Исто така бил награден со Хумболтовата награда од фондацијата „Александар фон Хумболт“ во 1995 година.

Чу добил почесен докторат од Бостонскиот универзитет, кога тој бил нивен главен говорник во 2007 година.[33] Списанието Дијабло му доделува на Еко награда во априлското издание во 2009 година,[34] кратко време откако тој бил номиниран за секретар за енергетика. Универзитетот „Вашингтон“ во Сент Луис и универзитетот Харвард му доделиле докторат.[35][36] Му била доделена почесна диплома и од Универзитетот „Јеил“ за време на доделувањето на дипломите во 2010 година.[37] Подоцна му била доделена почесна диплома од Политехничкиот институт на Универзитетот во Њујорк, истата институција во која неговиот татко предавал неколку години, во 2011 година за време на доделувањето на дипломите.[38] Пенсилванскиот државен универзитет му доделил почесен докторат за време на доделувањето на дипломите во 2012 година.[38] Во 2014 година, на Чу му била доделена почесна докторска титула од колеџот „Вилијамс“,[39] каде одржал говор кој бил модериран од страна на професорот Протик Маџумдер.[40] Чу беше избран за странски член на Кралското друштво во 2014 година[41] Неговата номинација гласи:[41]

Развојот на методи за ласерско ладење и преклопување на атоми од страна на Стивен Чу беше награден со Нобеловата награда за физика во 1997 година, тој исто така е пионер во развојот на атомската интерферометрија за прецизност при мерењата и тој воведе нови методи за визуелизација и манипулација наединечни биомолекули заедно со оптички пинцети. Во текот на неговата кариера, тој бара нови решенија за предизвиците поврзани со енергијата или климата. Од јануари 2009 година до април 2013 година, тој беше 12-от американски секретар за енергетика во администрацијата на претседателот Барак Обама, и поведе напредно истражување во полето на енергетиката.[42]

Министерство за Енергетика

Официјален портрет како министер за енергија
Средбата на Стивен Чу со претседателот Barack Обама на 5 февруари 2009 година.

Неговата номинација да биде министер за енергитика, едногласно беше потврдена од страна на Сенатот на САД на 20 јануари 2009 година .[43] На 21 јануари 2009 година, Чу положи свечена заклетва како министер за енергетика, во администрацијата на Барак Обама. Чу е првиот човек назначен на САД кабинетот по добивање на Нобелова награда.[44] Тој е исто така вториот кинески американец член во администрацијата, по поранешниот секретар за труд Елејн Чао.[45]

Тој продолжил со својата научна работа, и подоцна го објавил својот труд за гравитациското црвено поместување [46] a и уште едно дело каде бил соавтор во јули 2010 година.[47][48]

Во март 2011 година Чу вели дека регулаторите во американската Јадрена регулаторната комисија не треба да го одложуваат одобрувањето на градежни дозволи за планираните американски атомски централи во пресрет на јадрената катастрофа во Јапонија.[49]

Во август 2011 година Чу го пофали извештајот на советодавниот панел за контролирање на ризиците за испуштање на гасовите врз животната средина. Чу реагирал на извештајот на комисијата на хидрауличното разбивање, методот на контроверзно дупчење кој им овозможува на САД голем развој во полето на вадење на гас, но посотоела опасност од загадување на подземните води. Во извештајот се повикува на подобро собирање на податоци за воздухот и водата, како и „строги“ стандарди на загадувањето на воздухот и задолжително објавување на хемикалиите кои се користат во процесот на хидрауличното разбивање.[50]

На 1 февруари 2013 година, Чу ја најави својата намера да поднесе оставка.[51] При објавата на неговата оставка, тој предупредува на опасностите од промената на климата поради понатамошната зависност од фосилните горива, и запишал,„ Каменото време не заврши зашто осанавме без камења туку преминавме на подобри решенија“.[52] Својата оставка ја поднесува на 22 април 2013 година. Моментално работи на Универзитетот „Стенфорд“, со екипа предводена од Ји Цуј професор по материјали и инженерство за развој на високоенергетска батерија со анода од литиум и катода од сулфур.[53]

Енергија и климатски промени

Чу е гласен поборник за повеќе истражувања на обновлива енергија и јадрена енергија, тврдејќи дека оттргнувањето од фосилните горива е од суштинско значење во борбата против климатските промени и глобалното затоплување.[17][18][19] Чу изјавил дека една типична јаглена централа оддава 100 пати повеќе зрачење од една атомска централа.[54]

Чу предупредил дека глобалното затоплување може да ги уништи калифорниските фарми во рамките на овој век.[55]

Тој се приклучува на Советот за климатски промени во Копенгаген, меѓународна соработка помеѓу бизнисот и науката со цел да се прошири свеста за време на Конференцијата за Климатски промени во 2009 година од страна на ОН во Копенхаген Данска.[56]

Чу имал главна улога во доставувањео на најповолна понуда за Институтот за енергија - проект финансиран со 500 милиони долари, во соработка помеѓу Калифорнискиот унивњерзитет, Лоренс Берклиевата лабораторија и Илиноишкиот универзитет. Ова предизвикало негодувања на Калифорнискиот универзитет, каде постоело стравување дека ова здружение може да му наштети на угледот на училиштето и на академскиот интегритет.[57][58][59][60]

Делумно засновано врз неговото истражување на Универзитетот Беркли, Чу претпоставува дека глобална гликозна економија, облик на нискојаглеродна економија, може да биде замена за сегашниот систем. Во иднина, посебни видови на високогликозни растенија би се одгледувала во тропските предели, каде би се обработиле хемиски, а подоцна ќе бидат извезувани како што тоа се прави сонафтата денес.

Чу, исто така, се залага за обојување на покривите на зградите и покривите на патишта во светот со бела или друга светла боја, со што сончевата светлина би се одбила назад во вселената со што би се придонело за намалување на глобалното затоплување. Ефектот ќе биде, според Чу, сличен на тоа сите автомобили да би се отстраниле од патиштата во светот во период од 11 години.[20] Неговиот колега Семјуел Тернсторм, во американскиот институт за претприемништво и содиректор на проектот за геоинженерство изразил поддршка за идејата во The American величејќи го Чу за неговата идеја со која и прави услуга на нацијата.[61]

Поврзано

  • Министерство за енергија на САД
  • Временски развој на нискотемпературната технологија

Наводи

Надворешни врски

Викицитат има збирка цитати поврзани со:


Политички функции
Претходник
Семјуел Бодман
Министер за енергетика на САД
2009–2013
Наследник
Даниел Понман
активен
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица