Физика

Физиката (од грчки: φυσικός, фисикос, природно и φύσις, фисис, природа)[1][2]природна наука која ги изучува општите и фундаментални закономерности кои ја определуваат градбата и еволуцијата на материјалниот свет.[3] Физиката е егзактна наука, што значи дека се занимава со пронаоѓањето на количествен опиc на природните појави. Физиката се основа на теории кои даваат јасни и мерливи предвидувања. Како физички се сметаат само експериментални резултати кои можат да бидат независно добиени. Таквите резултати можат да потврдат или да отфрлат дадена физичка теорија. Теоретската и експерименталната физика се тесно поврзани - понекогаш развитокот на физичките теории мотивира спроведување на нови експерименти, а понекогаш новите експериментални податоци го провоцираат создавањето на нова теорија. За изучувањето на природните појави овие две активности се од еднаква важност.

Неколку примери за физички појави

Значењето на физиката во современиот свет е огромно. Новите нејзини идеи и достигнувања водат до развиток на другите науки и до нови научни откритија, кои од своја страна наоѓаат примена во техниката и промисленоста. На пример, истражувањата во областа на електромагнетизмот водат до појавата на телефонот, електромоторот, возовите кои се движат со помош на махнетни сили (магнетнолебдечки); откритијата во областа на термодинамиката ја прават можна изградбата на автомобилот, додека развитокот на радиоелектрониката доведува до појавата на компјутерите.

И покрај неверојатното количество на собрани познавања за светот, човечкото разбирање за процесите и појавите непрекинато се менува и развива, новите истражувања поттикнуваат нови и нерешени прашања за кои се потребни нови објаснувања и теории. Во таа смисла, физиката е во непрекинат процес на развиток и е сè уште далеку од можноста да ги објасни сите природни појави и процеси.

Историја

Исак Њутн (1643–1727)

За првпат поимот физика е користен од древногрчкиот филозоф и учен Аристотел во IV век п.н.е. Физиката е една од најстарите области на знаењето[4], макар што во древноста таа не биле оформена како одделна наука. Долго време физиката и филозофијата се употребувале како синоними.

Експерименталната физика започнала со експериментите во статиката од страна на средновековните исламски физичари како ел-Бируни и ел-Хасан.

Како резултат на научната револуција од XVI-XVII век физиката се осамостојува како посебна наука.Класичната физика станала посебна наука кога научниците започнале да користат експериментални и квантитативни методи со кои откриле тоа што денес е познато како закони во физиката. Кеплер, Галилео и Њутн откриле различни закони за движењето. За време на индустриската револуција како што се зголемувала потребата за енергија, довело до откривање на нови закони во термодинамиката, хемијата и електромагнетизмот.

Модерната физика започнува со работата на Ајнштајн за релативитетот и квантната механика.

Основни теории

ТеоријаОсновни одделиПоими
Класична механикаЊутнови закони — Лагранжова механика — Хамилтонова механика — Теорија на хаосот — Хидродинамика — Механика на континуумСупстанцаПросторВремеЕнергијаДвижењеМасаДолжинаБрзина — Сила — МоќностРаботаЗакон за запазувањеМомент на инерцијаАголен моментМомент на силаБран — Дејство — Големина
ЕлектромагнетизамЕлектростатикаЕлектрицитетМагнетостатикаМагнетизамМаксвелови равенкиЕлектричен полнежНапонЕлектрична струјаЕлектрично полеМагнетно полеЕлектромагнетно полеЕлектромагнетно зрачење
Термодинамика и статистичка физикаТоплинска машина — Молекуларно-кинетичка теоријаТемператураБолцманова константаЕнтропија — Слободна енергија — Термодинамичка рамнотежа — Статистички збир — Микроканонска распределба — Голема канонска распределба
Квантна механикаШредингерова равенка — Фајманов интеграл — Квантна теорија на полетоХамилтонов оператор — Идентични честички — Планкова константаМерење — Квантен осцилатор — Бранова функција — Нулта енергија — Пренормирање
Теорија на релативностаСпецијална теорија за релативностаОпшта теорија за релативностаПринцип на релативноста — 4-вектор — Простор-времеБрзина на светлината — Тензор енергија-импулс — Крива простор-време — Црна дупка

Поделба

Физиката е мошне обемна наука која првобитно ги опфаќала сите денешни природни науки. Денес, иако од неа се издвоени одделни науки, таа сѐ уште не губи во својата опширност, што се должи на многуобразните појави кои ги проучува. Од оваа причина физиката е поделена на повеќе физички субдисциплини:

Наводи

Поврзано

  • Физичари
  • Некои хронолошки настани, важни за развојот на физиката

Литература

  • Ратко К. Јанев, Љубо. А. Петковски, Атомска физика, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2012.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица