Сумерска архитектура

Рамнината помеѓу реките Тигар и Еуфрат (Месопотамија) немала минерали и дрвја. Сумерските градби се план-конвексни глинени тули, без врзивен материјал како малтер или цемент. Бидејќи плано-испакнатите тули (заради тоа што се заоблени) се однесуваат нестабилно, на секои неколку реда тули сумерските градители ставале еден ред поставен нормално на нив. Празнините се популнувале со битумен, сено, барски трски и плевел.

Големиот зигурат во Ура

По извесно време ваквите градби се изјаловувале, и затоа биле повремено рушени, зарамнувани, и повторно градени на исто место. Ова постојано преградување полека ја накачило висината на градовите, и така тие станале повисоки од околната рамнина. Ваквите брда се нарекуваат телови и ги среќаваме ширум античкиот Близок Исток. Сумерските цилиндрични печати исто така на нив прикажуваат куќи кои се градат од трска, слични на оние до скоро градени од барските арапи во јужен Ирак .

Сумерските храмови и палати се правеле од понапредни материјали и техники, како потпирачи, вдлабнувања, полустолбови и глинени клинци.

Во сумерската култура писарите играле важна улога, и тие ја запушувале изградбата која се изведувала за владата, благородништвото и кралското семејство.

Зигурати

Најславните и импресивните сумерски градби се зигуратите - големи платформи со тераси на нивоа со храм на врвот. Зигуратите служеле како инспирација за Вавилонската кула во Библијата (видете Етеменанки).

Зигуратите типични за Убаидскиот период биле градени многу високо на платформа од глинени тули. На овие големи платфрми биле градени постепено помали и помалки концентрични платформи, иако понекогаш се граделе и приземни храмови типични за протописмениот перидо. Овие биле слични на некои современи згради во облик на зигурати. Многу храмови биле испишувани со натписи, како оние кај Укаир.

Поврзано

  • Асиро-вавилонска уметност и архитектура
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица