Супституција (хемија)

Во супституциската реакција (или реакција на замена), една функционална група од некое хемиско соединение се заменува со друга група.

Во органската хемија, електрофилната и нуклеофилната супституциска реакција се од првенствена важност. Органските супституциски реакции се класифицирани во неколку главни органски реакции во зависност од тоа дали реагенсот што доведува до ваква реакција се смета за електрофилна или нуклеофилна честичка, потоа дали меѓупроизводот во реакцијата е карбокатјон или карбоанјон или слободен радикал и дали супстратот е алифатичен или ароматичен. Деталното разбирање на една реакција помага да се предвиди производот од таа реакција.

Постојат неколку видови на супституции:

Нуклеофилна супституција

  • Нуклеофилот реагира со алифатичниот супстрат во нуклеофилна алифатичка супституција.
  • Кога супстратот е ароматично соединение, реакцијата се нарекува нуклеофилна ароматична супституција.
  • Дериватите на карбоксилната киселина реагираат со нуклеофилите во нуклеофилна киселинска супституција.

Електрофилна супституција

  • Електрофилите најчесто учествуваат во електрофилна ароматична супституција.
  • Електрофилните реакции со други незаситени соединенија (освен арените) доведуваат до електрофилна адиција, отколку до супституција.

Радикална супституција

Овој тип на супституција вклучува и радикали.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица