Островски територии на САД
Островски територии (англиски: insular areas) — зависни подрачја под управа на САД, но не припаѓаат на ниедна сојузна држава, ниту на федералниот округ Колумбија.[1] За нивната управа е задолжена Службата за островски работи во состав на Министерството за внатрешни работи.
Бидејќи териториите не се составен дел од самите САД, жителите уставно право на американско државјанство, туку го добиваат истото со повелба на конгресот. Исклучок е Американска Самоа, чии жители можат да живеат и работат во САД, но не и да гласаат и вршат јавни должности.
Жителите на островските територии не плаќаат данок на приходи, но се обврзани кон САД со други давачки како што се царинските,[2] данок на стоков промет,[3] социјално осигурување и др.
Во островските територии се вбројуваат не само зависните територии на туку и независните земји што имаат потпишано договор за слободно здружување со САД. Иако учествуваат во многу заеднички работи, тие се правно засебни од САД и нивните жители не се државјани на таа земја.
За разлика од сојузните држави, суверенитетот на овие територии не е во народот, туку во Конгресот. Оваа установа потоа им дава право на значајна самоуправа и пратеник во своите редови без право на глас.
Список на територии и статус
Во островските територии влегуваат неколку карипски и тихоокеански острови.
Во состав на САД
Населени
- нема
Ненаселени
- Палмирски Атол (ненаселен, природен резерват, но под управа на Службата за островски работи; дел од Малите оддалечени острови на САД)
Зависни територии
Населени
- Американски Девствени Острови
- Американска Самоа (официјално неорганизирана, но има самоуправа под Министерството за внатрешни работи на САД)
- Гуам
- Порторико
- Северни Маријански Острови
Ненаселени
Заедно со Палмирскиот Атол, следниве острови ја сочинуваат целината наречена Мали оддалечени острови на САД:
- Бахо Нуево (гребен, го оспорува Колумбија)
- Бејкеров Остров
- Кингменов Гребен
- Мидвејски Атол (природен резерват)
- Наваса (го оспорува Хаити)
- Вејк (остров) (го оспоруваат Маршалските Острови)
- Хауленд (остров)
- Џарвисов Остров
- Сераниља (гребен, го оспорува Колумбија)
- Џонстонов Атол
Во слободно здружение
Ова се три суверени држави што влегле во слободно здружение со САД.
Поранешни територии
Поврзано
- Зависна територија
- Мали оддалечени острови на САД
- Поморска база „Гвантанамо“
- Административна поделба на САД
Наводи
Надворешни врски
- Служба за островски работи Архивирано на 17 јуни 2007 г. (англиски)
- Политички видови на островски територии Архивирано на 4 февруари 2012 г. - дефиниции на Министерството за внатрешни работи (англиски)