Транслитерација по Вајли

Транслитерацијата по Вајли е систем за транслитерација (романизација) на тибетското писмо. Овој метод за транслитерација ги користи само стандардните букви од англиската азбука. Името потекнува од Турел Вајли, кој го составил овој систем во неговата статија „Стандарден систем за тибетска транслитерација“, објавена во 1959 година.[1] Така, овој систем станал стандарден систем за транслитерација на писмото, особено во САД.

Согласки

Системот на Вајли за транслитерација на тибетските согласки е:

TВМФАТВМФАТВМФАТВМФА
ka[ká]kha[kʰá]ga[ɡà/kʰà]nga[ŋà]
ca[tɕá]cha[tɕʰá]ja[dʑà/tɕʰà]nya[ɲà]
ta[tá]tha[tʰá]da[dà/tʰà]na[nà]
pa[pá]pha[pʰá]ba[bà/pʰà]ma[mà]
tsa[tsá]tsha[tsʰá]dza[dzà/tsʰà]wa[wà]
zha[ʑà/ɕà]za[zà/sà]'a[ɦà/ʔà]ya[jà]
ra[rà]la[là]sha[ɕá]sa[sá]
ha[há]a[ʔá]

Крајната буква од писмото, нултата согласка , не се транслитерира. Нејзината присутност е означена со почетен самогласен слог.

Во тибетското писмо, некои букви се пишуваат лево, десно, горе и долу од дадениот слог. Ова правиле не важи за транслитерацијата, освен групата gy-, која може да биде напишана како претставка g или супфикс y. Овие се означуваат со употреба на точка меѓу g и y. На пример, གྱང 'ѕид' е gyang, додека གཡང་ 'јама' е g.yang.

Самогласки

Четирите самогласни знаци (дадени во овој пример со согласката ) се:

ཨི iཨུ uཨེ eཨོ o

Кога слогот нема самогласен знак, гласот 'а' се користи да се означи стандардната 'а' (пр. ཨ་ = a).

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица