Турска лира

Турска лира (тур.: Türk Lirası, ISO 4217: TRY[1], бројчен код 949) е парична единица на Република Турција и непризнаената турска Република Северен Кипар.

Турска лира
Türk lirası (турски)
монета од 1 турска лира
ISO 4217
КодTRY
Составници
Подединица
 1/100куруш
СимболTL, £
Банкноти
 Чести5, 10, 20, 50 TL
 Ретки100, 200 TL
Монети
 Чести5, 10, 25, 50 Kr , 1 TL
 Ретки1 Kr
Демографија
Корисник/ци Турција
Северен Кипар Република Северен Кипар
Издавач
Централна банкаЦентрална банка на Република Турција
 Мреж. местоwww.tcmb.gov.tr
ПечатарCBRT Banknote Printer
 Мреж. местоwww.tcmb.gov.tr
Вредност
Инфлација4.90% (Турција, јануари 2011)
 Извор[1] Сабах

Историја

По извесен период во кој лирата била врзана за британската фунта и францускиот франк, во 1946 година бил усвоен односот 2,8 лири = $1 што се одржувал до 1960 година, кога валутата била девалвирана до 9 лири = $1. Од 1970 година функционирала серија на фиксни, а потоа и флуктуирачки курсеви во однос на доларот како што вредноста на лирата почнала да опаѓа.

Поради хроничната инфлација во Турција од 1970 до 1990 година, лирата имала голема депресијација на вредноста. Турција имала висока стапка на инфлација во споредба со развиените земји, но никогаш не доживела хиперинфлација. Од просечните 9 лири за 1 американски долар во доцните 1960-ти, валутата дошла во сооднос од околу 1.650.000 лири за 1 американски долар кон крајот на 2001 година. Тоа претставувало просечна инфлација од над 40% годишно.

  • 1966 — 1 САД $ = 9 лири
  • 1980 — 1 САД $ = 90 лири
  • 1988 — 1 САД $ = 1,300 лири
  • 1995 — 1 САД $ = 45,000 лири
  • 1996 — 1 САД $ = 107,000 лири
  • 2001 — 1 САД $ = 1,650,000 лири
  • 2004 — 1 САД $ = 1,350,000 лири
  • 2005 — 1 САД $ = 1.29 нова лира (Во 2005 г. е воведена нова турска лира, на која се избришани 6 нули од турската лира)
  • 2007 — 1 САД $ = 1.26 нова лира
  • 2008 — 1 САД $ = 1.55 нова лира
  • 2009 — 1 САД $ = 1.48 нова лира
  • 2010 — 1 САД $ = 1.44 лира (турската лира и новата турска лира како називи се користеле од 2005 година. Во 2010 година името повторно било заменето во турска лира, но називот нова турска лира се користел до 31 декември 2009 г.)
  • 19 октомври 2012 — 1 САД $ = 1.79 лира

Кон крајот на декември 2003 година Големото народно собрание на Турција усвоило закон со кој се овозможува отстранување на шест нули од турската лира и создавање нова валута, воведена на 1 јануари 2005 година. До 31 декември 2008 бил преодниот период од кој официјално валутата почнува да се нарекува Нова турска лира.[2]

Изглед

Сите банкноти и монети на позадината го имаат ликот на Мустафа Кемал Ататурк од различни периоди од неговиот живот од 1930 година, со исклучок на некои банкноти од втората емисија (1937-1942 г.) кои го имаат ликот на турскиот војсководец и политичар Мустафа Исмет Инени.

Банкноти

Банкноти на Турција од 1 јануари 2009 година
ИзгледНоминална
вредност
ДимензииБојаОпис
ЛицеПозадинаЛицеПозадина
5 лири64 × 130 mmкафеаваМустафа Кемал АтатуркАјдин Саили, дијаграми на Сончевиот Систем, атом, античка пештера и неправилна лева ДНК-низа.
10 лири64 × 136 mmцрвенаМустафа Кемал АтатуркЏахит Арф, Арфова константа, аритметичка серија, абакус, бинарна низа
20 лири68 × 142 mmзеленаMustafa Kemal AtatürkМимар Ахмет Кемаледин-беј, главната зграда на Универзитетот Гази, аквадукт, кружен мотив и коцка-глобус-цилиндар како симболи на архитектурата
50 лири68 × 148 mmпортокаловаМустафа Кемал АтатуркФатма Али Топуз, цвеќе, книги и записи
100 лири72 × 154 mmсинаМустафа Кемал АтатуркБухуризаде Итри, забелешки, инструменти и фигура на Џалалудин Руми
200 лири72 × 160 mmвиолетоваМустафа Кемал АтатуркЈунус Емре, мавзолејот на Јунус Емре, роза, гулаб и натпис "Sevelim, sevilelim" (Дајте љубов, да бидеме сакани)

Монети

Монети на Турција од 2009 година
ИзгледНоминална
вредност
Технички одликиИзгледДатум на издавање
ЛицеПозадинаДимензијаДебелинаМасаСоставЛицеПозадинаМонетаИздадена
1 куруш16.5 мм1.35 мм2.2 г70% бакар
30% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк20081 јануари 2009
5 куруши17.5 мм1.65 мм2.9 г65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк20081 јануари 2009
10 куруши18.5 мм1.65 мм3.15 г65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк20081 јануари 2009
25 куруши20.5 мм1.65 мм4 г65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк20081 јануари 2009
50 куруши23.85 мм1.9 мм6.8 гНадворешен прстен:
65% бакар
18% никел
17% цинк
Внатрешен дел:
79 % бакар
4% никел
17% цинк
Вредност,
мост во Истанбул,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк20081 јануари 2009
1 лира26.15 мм1.9 мм8.2 гНадворешен прстен:
79% бакар
4% никел
17% цинк
Внатрешен дел:
65% бакар
18% никел
17% цинк
Вредност,
мотив,
година на ковање
"Република Турција", Мустафа Кемал Ататурк20081 јануари 2009

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица