Турска Република Северен Кипар

(Пренасочено од Северен Кипар)

Турска Република Северен Кипар (турски: Kuzey Kıbrıs Türk Cumhuriyeti) или само како Северен Кипар (Kuzey Kıbrıs)[4]де факто независна држава[5][6][7] , непризаена од ОН, која се наоѓа на северниот дел од островот Кипар. Северен Кипар ја прогласил својата независност во 1983 година, девет години по турската нелегална инвазија, која заврши со задолжително преместување на околу 250.000 жители од двете страни, и околу 12.000 жртви[8]. Државата има дипломатски односи само со Турција со која има одлична соработка на секој план. ОН и ЕУ ја признаваат како дел од Република Кипар, иако истата нема никаков можност за остварување на своите уставни овластувања во Турската Република Северен Кипар.

Турска Република Северен Кипар
Kuzey Kıbrıs Türk Cumhuriyeti
Знаме Грб
Химнаİstiklal Marşı
Марш на независноста[1]

Главен град
(и најголем)
Северна Левкозија
35°11′N 33°22′E / 35.183° СГШ; 33.367° ИГД / 35.183; 33.367
Службен јазик турски
Демоним Кипарски Турци
Уредување унитарна полупретседателска република
 •  Претседател Ерсин Татар
 •  Премиер Озкан Јорганџиоглу
Законодавство Собрание на републиката
Независност од Република Кипар 
 •  Турска окупација на Кипар 20 јули 1974 
 •  Автономна администрација 1 октомври 1974 
 •  Федерирана држава 13 октомври 1975 
 •  Независност од Република Кипар 15 ноември 1983 
Површина
 •  Вкупна 3,355 км2 (174.)
 •  Вода (%) 2.7
Население
 •  проценка за 2021 г. 382.836[2] 
 •  Попис 2011 г. 313.626 
 •  Густина 114 жит/км2 
БДП (номинален) проценка за 2018 г.
 •  Вкупно $4.234 мил.[3] 
 •  По жител $14.942[3] 
Валута Турска лира (TRY)
Часовен појас EET (UTC+2)
 •  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на лево
НДД ct.tr/nc.tr или .tr
Повик. бр. +90 392

Северен Кипар има вкупна површина од 3.355 км2 каде живеат околу 265.100 жители. Главен град во државата е Никозија (Левкозија), службен јазик е турскиот јазик и најголема религија е Исламот.

Северен Кипар се протега од полуостровот Карпас на североисток од државата, па потоа западно по заливот Ѓузелјурт и ’ртот Кормакитис и на југ селото Аканџилар. Најзападна точка на државата е ексклавата Еренќој. Границата помеѓу Северен и Јужен Кипар е под набљудување на ООН и го дели главниот град Никозија на два дела.

Географија и клима

Брегот на С. Кипар.

Северен Кипар се наоѓа на северниот дел од островот Кипар и граничи со Република Кипар на југ. Северен Кипар излегува на Средоземното Море и на север се наоѓа Турција. Вкупната површина на Северен Кипар изнесува 3.355 км2, со главен град Никозија.

Времето на Северен Кипар за време на зима е ладно и врнежливо, особено во периодот од декември и февруари каде се забележуваат 60% од годишните врнежи.[9] Овие врнежи го зголемуваат водостојот на реките во земјата, кои вообичаено се слаби во поглед на водостојот. Снегот е поретка појава и најчесто има снежни покривки на повисоките предели. Пролетта во земјата е кратка со нестабилно време и ветрови. Летото е топло и сушно, за разлика од есента која е понестабилна. Климата во државата варира од регион до регион.

Политички систем

Северен Кипар е полупретседателска република, каде претседателот е на чело на државата, додека премиерот е на чело на владата. Извршната власт е во рацете на владата. Законодавната власт е во рацете на владата и на Собранието. Судската власт е независна во републиката.

Претседателот се избира за мандат од пет години. Моментален претседател е Мустафа Акинџи, кој стапил на функцијата на 30 април 2015 г . Собранието има капацитет од 50 пратенички места избрани на непосредни избори.

Демографија

Според пописот во 2006 година, Северен Кипар има население од 265.100 жители.[10] Мнозинството од населението се Кипарски Турци, додека остатокот вклучува и Турци доселеници од Турција. Од 178.000 турски кипарски граѓани, 82% се староседелски Турци или 145.000 жители. Граѓаните во Северен Кипар со привремен престој или доселени работници брои околу 78.000 жители.[10][11] Во Северен Кипар живеат околу 3.000 Кипарски Грци. Најголема религија во државата е Исламот.

Северен Кипар е држава каде службен и најголем јазик е турскиот јазик. Исто така доста се зборува и англискиот јазик како втор јазик. Постари жители можат да разберат и малку грчки, јазик кој не се зборува во државата.

Административна поделба

Административни региони.

Северен Кипар е поделен на пет окрузи:

Образование

Образованието се состои од предшколско образование, основно образование, средно образование и високо образование. Петгодишното основно образование во Северен Кипар е задолжително. Во Северен Кипар има над 40.000 студенти во шест универзитети: Универзитет Близок Исток, Американски универзитет Гирне, Блискоисточен технички универзитет, Европски универзитет од Лефке, Кипарски меѓународен универзитет и Источносредоземен иниверзитет (ИСУ). ИСУ е меѓународно признат универзитет со над 15.000 студенти од 68 националности.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица