Улица

јавна површина и минувачница во населено место

Улица[1][2] или сокак[3][4] — јавна површина, најчесто поплочена, со придружна изградена околина. Таа претставува јавна земјишна парцела во урбаните области која ги поврзува зградите и каде луѓето можат слободно да се движат, да се собираат и да комуницираат. Улицата може да биде обична земјена патека, но најчесто е поплочена со тврда подлога, како: бетон, асфалт или плочки. Таа е оспособена за движење на пешаците и на сообраќајните средства (автомобили, трамваи, автобуси, итн.).

Улицата „Минхнер“ во Франкфурт, Германија.

Поим

Улицата Еби Роуд во Лондон.

Првобитно, зборот „улица“ означувал поплочен пат (латински: via strata), но и ден-денес, во колоквијалната употреба претставува синоним за „пат“. Сепак, жителите на градовите и урбаните планери прават разлика меѓу овие два поима: главната функција на патот е транспортот, додека улицата ја олеснува јавната интеракција.[5] Навистина, градските улици служат и за транспорт, но патиштата, како што се магистралните патишта и автопатиштата, вообичаено не служат за движење на пешаците и за интеракција меѓу луѓето.[6][7]

Улицата како тема во уметноста и во популарната култура

Улицата како тема во книжевноста

  • „Да јас не сум по 'вој сокак поминал“ - македонска народна песна.[8]
  • „Мојата улица“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[9]
  • „Партизанската улица“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[10]
  • „Смешен настан на улицата“ — песна на македонскиот поет Србо Ивановски.[11]
  • Улица“ - (новела) на македонскиот писател Славко Јаневски од 1950 година.[12]
  • „Улица без излез“ — песна на Славко Јаневски.[13]
  • „На улица“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[14]
  • „Од улица во улица“ (руски: Из улицы в улицу) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1913 година.[15]
  • „На улица“ (руски: Уличное) - песна на Владимир Мајаковски од 1913 година.[16]
  • „На улица“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.[17]
  • „Улиците што ги има: Народен фронт“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[18]
  • „Мисли што ме обземаат на прометните улици“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[19]
  • „Крокодилска улица“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.[20]

Улицата како тема во филмот

Улицата како тема во музиката

  • Улици (англиски: The Streets) — англиски рапер.[24]
  • „Сочевата страна на улицата“ (хрватски: Sunčana strana ulice) — песна од истоимениот музички албум на хрватската рок-група Азра.[25]
  • „Улиците на Лондон“ (англиски: Streets Of London) — песна на англиската панк-рок група Anti-Nowhere League од 1982 година.[26]
  • „7 улици“ (англиски: 7 Streets) — песна на англиската рок-група Atomic Rooster од 1970 година.[27]
  • „Улица на јагодите“ (англиски: Strawberry Street) — песна на американскиот рок-музичар Џеф Бакли.[28]
  • „На улицата“ (англиски: In The Street) — песна на американската поп-рок група Биг стар од 1972 година.[29]
  • „Пени лејн“ (англиски: Penny Lane) — песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1967 година.[30]
  • „Аби Роуд“ (англиски: Abbey Road) — музички албум на британската поп-рок група Битлси од 1969 година.[31]
  • „Булевар на скршените сонови“ (англиски: Boulevard Of Broken Dreams) — песна на американскиот џез-рок музичар Џејмс Вајт (James White) од 1983 година.[32]
  • „Авенија на чемпресите“ (англиски: Cypress Avenue) — песна на северноирскиот поп-рок музичар Ван Морисон (Van Morrison) од 1968 година.[33]
  • „Улиците на Арклоу“ (англиски: Streets of Arklow) — песна на Ван Морисон од 1974 година.[34]
  • „Авенијата Кентаки“ (англиски: Kentucky Avenue) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1978 година.[35]
  • „Улицата на милоста“ (англиски: Mercy Street) - песна на британскиот рок-музичар Питер Гебриел (Peter Gabriel) од 1986 година.[36]
  • „Законот на улиците“ (англиски: Code Of The Streets) — песна на американската хип-хоп група Gang Starr од 1994 година.[37]
  • „Уличен живот“ (англиски: Street Life) — песна на американската хип-хоп група Geto Boys од 1993 година.[38]
  • „Авенија на убиствата“ (англиски: Murder Avenue) — песна на американската хип-хоп група Geto Boys од 1993 година.[38]
  • „Улиците на твојот град“ (англиски: Streets Of Your Town) — песна на австралиската поп-група The Go-Betweens од 1988 година.[39]
  • „На споредните улици“ (англиски: Down The Backstreets) — песна на американскиот рапер Гуру (Guru) од 1993 година.[40]
  • „Темни улици“ — песна на македонскиот рапер Да Џака Накот од 2012 година.[41]
  • „Скандал во улицата Јазу“ (англиски: Yazoo Street Scandal) — песна на Боб Дилан и Бенд (The Band) од 1975 година.[42]
  • „Улица на љубовта“ (англиски: Love Street) — песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1968 година.[43]
  • „Биди сам на улицата“ (српски: Буди сам на улици) — песна на српската рок-група ЕКВ (ЕКВ) од 1986 година.[44]
  • „Каде што улиците немаат име“ (англиски: Where the Streets Have No Name) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1987 година.[45]
  • „Приказни од улицата“ (англиски: Stories Of The Streets) — песна на канадскиот музичар Леонард Коен.[46]
  • „Улична тепачка“ (англиски: Street Fight) — песна на американски рок-музичар Алис Купер од 1972 година.[47]
  • „Уличен живот“ (англиски: Street Life) — песна од истоимениот албум на американската група Крусејдерс (Crusaders) од 1979 година.[48]
  • „На улицата Мишн“ (англиски: Down On Mission Street) — песна на британската рок-група Lloyd Cole And The Commotions од 1984 година.[49]
  • „Улицата Шарлот“ (англиски: Charlotte Street) — песна на Lloyd Cole And The Commotions од 1984 година.[49]
  • „Немила случка на Јужната улица“ (англиски: Incident on South Street ) — песна на американската џез-група Лаунџ лизардс (The Lounge Lizards) од 1981 година.[50]
  • „Уличката Сисотобел“ (англиски: Sisotowbell Lane) — песна на канадската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1968 година.[51]
  • „4. јули“ (англиски: 4th of July) — песна од истоимениот албум на македонската рок-група Mooger Fooger.[52]
  • „Растресена улица“ (англиски: Shakin' Street) — песна на американската рок-група MC5 од 1970 година.[53]
  • „Сребрени улици“ — песна на македонската поп-пејачка Маја Оџаклиевска.[54]
  • „Уличен одач“ (српски: Улични ходач) — песна на српската рок-група Партибрејкерс од 1985 година.[55]
  • „Улични бранови“ (англиски: Street Waves) — песна на американската рок-група Pere Ubu од 1978 година.[56]
  • „Мрачните улици на Лондон“ (англиски: Dark Streets Of London) — песна на ирско-англиската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[57]
  • „Бегство на главната улица“ (англиски: Exile on Main St.) — музички албум на британската рок-група Ролинг Стоунс од 1972 година.[58]
  • „Уличен живот“ (англиски: Street Life) — песна на британската рок-група Рокси Мјузик (Roxy Music) од 1973 година.[59]
  • „Улична непријатност“ (англиски: Street Hassle) — песна на шкотската рок-група Симпл мајндс (Simple Minds) од 1984 година.[60]
  • „Булевар на детонациите“ (англиски: Detonation Boulevard) — песна на британската рок-група Систерс оф мерси (The Sisters Of Mercy) од 1990 година.[61]
  • „Ода на уличната мешаница“ (англиски: Ode To Street Hassle) — песна на британската рок-група Спејсмен 3 (Spacemen 3).[62]
  • „Диви на улиците“ (англиски: Wild In The Streets) — песна на американската панк-рок група Circle Jerks од 1982 година.[63]
  • „Бензиска уличка“ (англиски: Gasoline Alley) — песна од истоимениот музички албум на британскиот рок-музичар Род Стјуарт (Rod Stewart) од 1970 година.[64]
  • „На улицата“ (англиски: Down On The Street) — песна на американската рок-група Стуџис (The Stooges) од 1970 година.[65]
  • „Улица 22“ — песна на македонската рок-група Funk Shui.[66]
  • „Улица на зелените цвеќиња“ (англиски: Green Flower Street) — песна на американскиот рок-музичар Доналд Фејген (Donald Fagen) од 1982 година.[67]
  • „Дете на улицата“ (хрватски: Dijete ulice) — песна на хрватската рок-група Филм од 1981 година.[68]
  • „Темната страна на улицата“ (англиски: Dark End Of The Street) — песна на американската кантри-група The Flying Burrito Bros од 1969 година.[69]
  • „На улица“ (англиски: Out In The Street) — песна на британската рок-група Ху (The Who) од 1965 година.[70]
  • „На улицата, денес“ (англиски: In The Street, Today) — песна на британската рок-група The Jam од 1977 година.[71]
  • „Звуци од улицата“ (англиски: Sounds From The Street) — песна на The Jam од 1977 година.[72]

Галерија

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица