Устие на Рона

Устие на Рона (француски: Bouches-du-Rhône; окситански: Bocas de Ròse; „Устите на Рона“) — департман во јужна Франција. Се граничи со Воклиз на север, Гар на запад и Вар на исток. На југ се наоѓа Средоземното Море. Нејзина префектура и најголем град е Марсеј. Други важни градови се Екс-ан-Прованс, Арл, Мартиг и Обањ.

Устие на Рона
Bouches-du-Rhône

Bocas de Ròse  (окситански)
Француски департман
Одозгора надолу, одлево надесно: Марсеј, префектура на департманот, Ле Бо-де-Прованс, Каси на средоземниот брег и Амфитеатарот во Арл
Знаме на Устие на Рона Bouches-du-RhôneГрб на Устие на Рона Bouches-du-Rhône
Местоположба на Устието на Рона во Франција
Местоположба на Устието на Рона во Франција
ДржаваФранција
РегионПрованса-Алпи-Азурен Брег
ПрефектураМарсеј
ПотпрефектураЕкс-ан-Прованс
Арл
Истр
Управа
 • Претседател на Советот на департманотМартин Васал[1] (LR)
Површина1
 • Вкупна5.087 км2 (1,964 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно2.043.110
 • Ранг3.
 • Густина400/км2 (1,000/ми2)
Часовен појасСЕВ (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот13
Арондисмани4
Кантони29
Општини119
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 km2

Марсеј, вториот по големина град во Франција, има едно од најголемите контејнерски пристаништа во земјата. Се цени како најстар град во Франција, основан од грчки доселеници од Фокеја околу 600 пр. н. е.[2] Устието на Рона е најнаселениот департман во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег, со 2.043.110 жители во 2019 година.[3] Има површината на департманот изнесув 5.087 квадратни километри. Неговиот INSEE и поштенски код се 13.

Историја

Поглед на Марсеј, префектура на Устието на Рона

Историјата на областа е тесно поврзана со онаа на Прованса. Марсеј е важно пристаниште уште пред Јулиј Цезар да ја освои Галија. Римското присуство оставило бројни споменици низ департманот. Значајни луѓе родени во областа се романтичниот сликар Камиј Рокплан и неговиот брат, новинар и театарски режисер Нестор Рокплан.

Устието на Рона е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Основан е од западниот дел на поранешната покраина Прованса и кнежевствата Оранж, Мартиг и Ламбеск. Изгубил дел од својата територија во 1793 година, вклучувајќи ги Оранж и Апт, кога бил основан департманот Воклиз.

По неговото основање, департманот силно ја поддржал Француската револуција, имал 90 јакобински клубови до 1794 година [4] Забележително било и тоа што повеќе од половина од свештениците во департманот го прифатиле Граѓанскиот устав на свештенството, со кој црквата ѝ била потчинета навладата.[5] За време на владеењето на Француската комунистичка партија во 20 век, резултатите од изборите покажале дека поддршката за левичарската политика останала релативно силна таму, особено во северните предградија на Марсеј.

Географија

Природни региони

Железница TER PACA во Ле Ров, на Синиот Брег

Департманот е дел од сегашниот регион Прованса-Алпи-Азурен Брег. Опкружен е со департманите Гар на запад, Воклиз на север и Вар на исток, како и со Средоземното Море на југ. Делтата на реката Рона образува огромна мочурлива област наречена Камарг во југозападниот дел на департманот.Тунелот Ров, најдолгиот каналски тунел во светот од Марсеј до Етан де Бер, како и помалите канали позападно, овозможиле воден превоз од Марсеј до Рона до 1963 година, кога тунелот Ров бил затворен за сообраќај.

Устието на Рона се граничи со реките Рона на запад и Диранс на север. Рона се дели на Гран Рона и Пети Рона јужно од Арл - областа помеѓу нив го образува Камарг. Главните планини на департманот се масивот Сент-Бом (1.042 метри – 3.418 стапки), Монтањ Сент-Виктоар (1.011 метри – 3.316 стапки), масивите Гарлабан и Алпиј.

Сеизмичка активност

Департманот Устие на Рона е исто така познат по својата сеизмичка активност: населените места во зоната II („просечна сеизмичка активност“) Ламбеск Пејрол-ан-Прованс и Салон-де-Прованс се најизложени.

Сеизмички ризик во департманот

Области Ib („ниска сеизмичка активност“) ги вклучува кантоните Екс-ан-Прованс, Тре Ејгиер, Оргон, Бер-Понд, Истр, Истр-Север и Југ и областите Ia („многу ниска сеизмичка активност“) ги вклучува другите кантони во областа Екс-ан-Прованс, Арл-Исток, Шаторенар, Сен Реми-де-Прованс, Марињан, Мартиг-Исток и Роквер-Запад. Зоната 0 („занемарлива сеизмичка активност“) го опфаќа остатокот од департманот.

Клима

Департманот има средоземна клима, со контрастни температури во опсег од 15 степени. Врнежите се неправилни, со само 65 дена годишно кога врне повеќе од 1 мм. Сепак, има ненадејни дождови, со просечни 500-700 мм годишно. Ова главно се случува во пролет и есен. Летото е многу топло, зимата блага. Засилените ветрови се вообичаени, особено познатиот мистрал, кој дува 100 дена годишно со максимални 100 километри на час. Брегот е посув, особено долж Синиот Брег, Каланките и заливот Ла Сиота, во кои се наоѓаат некои од најсушните области во Франција, со само 450 мм на дожд годишно. Повисоките области добиваат повеќе врнежи и пониски температури. Регионот Арк во внатрешноста е многу постуден од другите области, со тешки мразови во зима.

Демографија

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1801285,012—    
1806292,903+2.8%
1821313,614+7.1%
1831359,473+14.6%
1841375,003+4.3%
1851428,989+14.4%
1861507,112+18.2%
1872554,911+9.4%
1881589,028+6.1%
1891630,622+7.1%
1901734,347+16.4%
1911805,755+9.7%
1921841,996+4.5%
19311,101,672—    
19361,224,802—    
1946971,935—    
19541,048,762—    
19621,248,555—    
19681,470,271—    
19751,632,974—    
19821,724,199—    
19901,759,371—    
19991,835,719—    
20162,019,717—    

Главни градови

Најнаселена општина е Марсеј, кој е префектура на департманот. Од 2019 година, има 14 општини со повеќе од 20.000 жители:[3]

КомунаНаселение (2019)
Марсеј870.731
Екс-ан-Прованс145.133
Арл50.454
Мартиг48.574
Обањ47.535
Салон-де-Прованса45.386
Истр43.626
Ла Сиота35.993
Витрол33.333
Марињан32.384
Мирама26.428
Ле Пен Мирабо21.623
Гардан21.521
Алош21.372

Има уште 15 општини со над 10.000 жители: Шатонеф-ле-Мартиг, Пор-де-Бук, Шаторенар, Тараскон, Фос-сир-Мер, Бук-Бел-Ер, Бер-л'Етан, Сен Мартен-де-Кро, Ориол, Роњак, План-де-Сик, Сетем-де-Валон, Пелисан, Тре и Фиво.[3]

Политика

Историја

Кантони во Устието на Рона

Бидејќи Устието на Рона е еден од најнаселените и најразновидните департмани во Франција, тој долго време е сцена на особено жестоки политички битки. Развојот на пристаништето Марсеј-Фос, односите што се одржувале меѓу Франција и нејзината колонијално царсто, индустријата околу ископувањето јаглен во Прованса, како и значителното доселеништво, особено кое доаѓало од Италија, од крајот на 19 век и во раздобјето помеѓу двете светски војни се чинители кои довеле до појава на голема и воинствена работничка класа. Од крајот на 19 век, социјалистичкото движење стекнало влијание, како на пример во 1881 година со изборот на првиот социјалистички пратеник во земјата, Кловис Иг. Руралните области, особено во регионот Екс-ан-Прованс, го поткрепувале влијанието на десничарските партии, вклучително и монархистите и католиците на почетокот на Третата Француска Република. Меѓувоеното раздобје и времето на Народниот фронт го означило почетокот на преовладувањето на левицата во департманот, прво со изборот на Францускиот отсек на Работничката интернационала (SFIO).

Карта на општините во Устието на Рона и политичкото мнозинство на нивниот општински совет по општинските избори во 2014 година. Сивата боја не означува политичко мнозинство.

По Втората светска војна, марсејската десница, поврзана со подземјето и која соработувала со германските окупаторски сили, била широко дискредитирана. Левицата во голема мера преовладувала во Ослободувањето, а на изборите во 1946 одина Марсеј го добил комунистичкиот градоначалник Жан Кристофол. Во 1947 година, SFIO стапил во сојуз со десничарските и централните партии против комунистите, што шест години подоцна резултирало со избор на Гастон Дефер за градоначалник на Марсеј, позиција на која бил до неговата смрт во 1986 година. Меѓутоа, доминацијата на социјализмот бил предизвикана од деиндустријализацијата. Конзервативниот успех во 1995 година на Жан-Клод Годен во Марсеј е симбол на широко распространетите политички промени додека дури и поранешните комунистички бастиони Ла Сиота и Пор-Сен Луј-ди-Рон гласале за десницата. Во 1990-тите Националниот фронт доживува подем, победил на општинските избори во Марињан и Витрол.

Претседател на Департманскиот совет била Мартин Васал од десничарската партија Републиканци од 2015 година, откако на поранешниот социјалистички претседател Жан-Ноел Герини му била изгласана недоверба а и се соочил со обвиненија за корупција.

На француските претседателски избори во 2022 година, исто како и пет години претходно, Марин Ле Пен од Националниот сојуз (поранешен Национален фронт) освоил мнозинство во Устието на Рона во првиот круг, пред актуелниот претседател Емануел Макрон од Републиката напред! да освои мнозинство во вториот круг.

Пратеници во Народното собрание

Устието на Рона ги избра следните членови на Националното собрание на законодавните избори во 2017 година :

Изборна единицаЧлен[6]Партија
Устие на Рона, 1. изборна единицаЖилиен РавјеРепубликанци
Устие на Рона, 2. изборна единицаКлер ПитолаРепубликата напред!
Устие на Рона, 3. изборна единицаАлександра ЛујРепубликата напред!
Устие на Рона, 4. изборна единицаЖан-Лик МеланшонНепокорена Франција
Устие на Рона, 5. изборна единицаКати Ракон-БузонРепубликата напред!
Устие на Рона, 6. изборна единицаГи ТеисјеРепубликанци
Устие на Рона, 7. изборна единицаСаид АамадаРепубликата напред!
Устие на Рона, 8. изборна единицаЖан-Марк ЗилезиРепубликата напред!
Устие на Рона, 9. изборна единицаБернар ДефлеселРепубликанци
Устие на Рона, 10. изборна единицаФрансоа-Мишел ЛамберРепубликата напред!
Устие на Рона, 11. изборна единицаМоамед ЛакилаДемократско движење
Устие на Рона, 12. изборна единицаЕрик ДиарРепубликанци
Устие на Рона, 13. изборна единицаПјер ДаревилФранцуска комунистичка партија
Устие на Рона, 14. изборна единицаАн-Лоранс ПетелРепубликата напред!
Устие на Рона, 15. изборна единицаБернар РејнесРепубликанци
Устие на Рона, 16. изборна единицаМоника МишелРепубликата напред!

Департмански совет на Устието на Рона

Мартин Васал, актуелен претседател на Одделенскиот совет

Подолу е списокот на места освоени од различните партии на департманот по департманските избори во 2015 година.

ПартијаМеста во Департманскиот совет
Републиканцит (LR)25
Социјалистичка партија (ПС)15
Сојуз на демократи и независни (УДИ)7
Француска комунистичка партија (ПЦФ)5
Европа Екологија – Зелените (EELV)2
Ла Форс ди 132
Национален фронт (ФН) и Исправена Франција (ДЛФ)2

Култура

Планината Сент Виктоар и вијадуктот на долината на реката Арк од Пол Сезан

Департманот е добро застапен во француската уметност. Пол Сезан насликал бројни слики од Планината Сент Виктоар. Винсент ван Гог поминал две години во Арл, сликајќи многу сцени во областа. Главни музеи на департманот се Музејот на европските и средоземните цивилизации, Музејот на фајанс во Марсеј и Историскиот музеј Марсеј.

Туризам

Главни знаменитости

Главните туристички места се:

  • Градовите Марсеј и Екс-ан-Прованс
  • Римски и романескни споменици во Арл
  • Камарг и градот Сент-Мари-де-ла-Мер
  • Ветерницата на Алфонс Доде во Фонвјеј
  • Ле Бо-де-Прованс, средновековно село
  • Сен Реми-де-Прованс и урнатините на римскиот град Гланум
  • Тараскон, средновековен замок и црква
  • Салон-де-Прованса, градот на Нострадамус и една од најголемите тврдини во Прованса: Шато де л'Ампери
  • Каланк де Сормиу, Марсеј

Природни знаменитости

Реки се:

  • Рона, која ја образува границата со департманот Гар
  • Диранс, која ја чини границата со департманот Воклиз
  • Арк
  • Ивон

Езера се:

  • Етан де Бер
  • Етан де Вакарес, во Камарг

Планини се:

  • Алпиј
  • Каланки меѓу Марсеј и Ла Сиота
  • Корниш де Крет
  • Гарлабан
  • Мон Пиже
  • Планина Сент Виктоар
  • Сент Бом, масив

Поврзано

  • Кантони во департманот Устие на Рона
  • Општини во департманот Устие на Рона
  • Арондисмани во департманот Устие на Рона

Наводи

Надворешни врски

Bouches-du-Rhone на Curlie (англиски)

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица