ФК Тетекс

македонски фудбалски клуб
Не го мешајте со сегашниот клуб Тетекс 1953 кој му е духовен наследник на првичниот ФК Тетекс. Доколку сакате да прочитате за кошаркарскиот клуб, видете КК Тетекс.

ФК Тетекс — поранешен фудбалски клуб од Тетово, Македонија. Тетекс бил двократен шампион во Купот на Македонија. Во последните сезони, Тетекс своите натпревари ги играл на АМС спортскиот центар во Тетово. Духовен наследник на клубот е ФК Тетекс 1953.

ФК Тетекс
Амблемот на ФК Тетекс
Целосно имеФК Тетекс Тетово
Прекар(и)Текстилци, Белите
Основан1953; пред 71 година (1953)
Распаднатјули 2020; пред 3 години (2020-07)
СтадионАМС кај Спортски центар Тетово
Капацитет1.000
ПретседателСтево Алампиоски
ТренерМирослав Јаковљевиќ
2019/20
(недовршена)
Трета лига - Запад, 2. од 12 места
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

Историја

ФК Тетекс бил оформен во 1953 под името ФК Текстилец. Основач на ФК Тетекс бил комбинатот Тетекс, па затоа уште се познати под името „Текстилци“. Во почеток ФК Тетекс бил во сенка на ФК Љуботен (оформен во 1919), но со својот успех брзо се искачил на врвот на македонскиот фудбал. Составот на Љуботен претежно бил составен од играчи со потекло од Тетово, додека составот на Тетекс бил составен од играчи од Македонија и од просторите од Југославија. Од септември 2008 година ФК Тетекс е со ново раководство откако беше откупен од UFA Media Group предводена од Слободан Вујчиќ - Брацо. Клубот игра на градскиот статион во Тетово (капацитет 15.000). Прекарот на овој клуб е „бели“ поради боите на клубот. На 26 мај 2010 година Тетекс за првпат станал шампион на Купот на Македонија. Исто така, и во 2013 година пак го освоил Купот.[1]

На крајот на јули 2020 година, управата на Тетекс и го презела второлигашот клубот Лабуништа 2011 и го преселила клубот во Тетово. Според преселбата, клубот во сезоната 2020/21 треба да го носи името Лабуништа 2011 во првата полусезона, а Тетекс 1953 во втората полусезона.[2][3]

Навивачи

Навивачите на ФК Тетекс се познати под името Војводи и групата е создадена во 1988. Тие уште се познати како Војводи Југ бидејќи тие се присутни на јужната трибина на натпреварите каде игра клубот. Боите на оваа навивачка група се бела и сина.

Состав

Моменталниот состав на ФК Тетекс за сезоната 2009/2010 во првата македонска фудбалска лига е:

ИмеПозицијаРоденДржава
Љупчо Кметовскиголман8 јули 1972 (37 години) Македонија
Марко Јованоскиголман24 јули 1988 (22 години) Македонија
Димитар Петровскиголман23 мај 1990 (19 години) Македонија
Даниел Јовановски Шишодбрана Македонија
Марјан Белчев
Ненад Мишковскиодбрана26 декември 1986 (22 години) Македонија
Сашко Ристоводбрана Македонија
Драган Наумовскисреден ред19 јули 1984 (25 години) Македонија
Мирослав Јовановскисреден ред13 мај 1991 (18 години) Македонија
Александар Урошевиќсреден ред14 септември 1990 (18 години) Македонија
Дарко Савевскисреден ред21 јуни 1971 (38 години) Македонија
Димче Ристевскисреден ред6 ноември 1982 (26 години) Македонија
Срѓан Захариевскисреден ред12 септември 1973 (35 години) Македонија
Оливер Пеевсреден ред6 август 1987 (23 години) Македонија
Ивица Глигоровскинапад15 април 1981 (29 години) Македонија
Живорад Радониќнапад2 октомври 1984 (24 години) Македонија
Александар Стојановскинапад4 април 1984 (25 години) Македонија
Генц Исенинапад28 март 1984 (26 години)  Косово

Стручен штаб

ИмеФункција
Горазд Цветковскишеф на стручен штаб
Борче Мирчевскитренер
Жарко Стојановскитренер
Дарко Марковиќлекар
Јовица Илиевскифизиотерапевт
Дончо Николовскифизиотерапевт

Собрание на ФК Тетекс

ФК Тетекс е регистран како здружение на граѓани со кое управува собрание. Собранието на ФК Тетекс го сочинуваат 11 члена меѓу кои: Стислав Симоски, Ѓоко Серафимоски, Љупчо Апостоловски, Бранко Кузманоски, Мирко Јовчевски, Ацо Заковски, Надица Ребула, Васе Спасовски, Драган Живковиќ, Стеван Алампиоски, Јорданчо Сребренов.

Наводи

Надворешни врски