26 декември

датум
<<декември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
293031
2024

26 декември — 360-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(361-и во престапна година). Остануваат 5 денови до крајот на годината.

Настани:

1805 По победата кај Аустерлиц, Наполеон и го наметна на поразената Австрија понижувачкиот Пожунски мир, со кој и ги одзеде Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот цар ја создаде Рајнскиот Сојуз, сателитска држава на Франција.
1898 Пјер и Марија Кири го откриле радиоактивниот елемент радиум.
1942 Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година.
1943 Во селото Мрежичко, Мариовско, Првата македонско-косовска бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула „Турски рид“. Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници.
1945 Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа.
1991 Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на преседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој „атомското копче“, му го предаде на Борис Елцин.
2003 Катастрофален земјотрес во Бам, Иран. Загинаа 26.000 луѓе.
2004 Катастрофален земјотрес со јачина од 9,3 степени според Рихтеровата скала, го погоди дното на Индискиот Океан. Како последица на земјотресот и цунамите кои ги зафатија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, загинаа 186.983 лица, а 42.883 се сметаат за исчезнати. Овој настан се смета за најголема природна катастрофа во современата историја.
2012 Шинзо Абе по вторпат станува Премиер на Јапонија.

Родени:

1734 Џорџ Ромнианглиски сликар.
1792 Чарлс Бебиџ — англиски математичар и пронаоѓач, татко на компјутерот.
1891 Хенри Милерамерикански писател.
1893 Мао Це Тунгкинески револуционер и претседател на владата на НР Кина.
1914 Ричард Видмарк — американски глумец.
1937 Михајло Маневски — министер за правда на Македонија.
1940 Едвард Прескот — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 2004 година.
1947 Шан Ешноз — француски писател.
1951 Жарко Вараиќ — српски и југословенски кошаркар.
1951 Џон Скофилд — американски џез-музичар.
1963 Ларс Урлих — данско-американски рок-музичар, член на групата „Металика“.
1969 Томас Линке — германски фудбалер.
1975 Марсело Риос — чилеански тенисер.
1979 Хавиер Флоренсиошпански велосипедист.
1989 Јохан Блејк — јамајски атлетичар.
1990 Арон Ремзи — велшки фудбалер.
1990 Денис Черишев — руски фудбалер.

Починале:

268 Дионисиј — римски папа.
268 Зосим — римски папа.
1476 Галеацо Марија Сфорцавојвода на Милано.
1530 Захиредин Бабур — монголски цар.
1867 Јожеф Кошичсловенечки автор.
1890 Хајнрих Шлиман — германски археолог, кој ги открил Троја и Микена.
1923 Дитрих Екартгермански политичар.
1966 Гуљелмо Стабиле — аргентински фудбалер.
1972 Хари Труман — 33. претседател на САД.
1973 Харолд Хотелинг — американски математичар, статистичар и економист.
1977 Хауард Хоксамерикански филмски режисер.
1999 Куртис Мејфилд — американски соул и фанк музичар.
2006 Џералд Форд — 38. претседател на САД.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица