2 октомври

датум

2 октомври — 275-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(276-и во престапна година).Остануваат 90 денови до крајот на годината.

<<октомври>>
НПВСЧПС
0102030405
06070809101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
2024

Настани:

1187 Султанот Саладин го освојува Ерусалим по 88 годишно владеење на Крстоносците, што било повод за Третата крстоносна војна.
1535 Пловејќи низводно по Сент Лоренс, Жак Картие пристигнал до селото на Ирокезите Хошелага, денешен Монтреал во Канада.
1608 Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Липерсхеј го демонстрира првиот употреблив телескоп. Познатиот Галилеј првиот вков далекуглед го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутн го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката.
1935 Фашистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка.
1944 Нацистите го задушуваат Варшавското востание.
1990 Киднапираниот кинески Боинг 737, слетувајќи на кантонскиот аеродром, се урива во два други авиона, убивајќи 132 лица
1991 Сите странски средства за информирање оценуваат дека „Белград почна нова воена офанзива“ (против Хрватска) и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна.
1992 Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија.

Родени:

1452 Ричард IIIанглиски крал.
1847 Паул фон Хинденбурггермански офицер и политичар.
1852 Вилијам Ремзи — шкотски хемичар.
1869 Махатма Гандииндиски национален водач.
1890 Граучо Маркс — американски глумец.
1904 Греам Грин — британски писател.
1913 Карл Милер — германски фудбалер.
1924 Хиџет Рамадани — македонски и југословенски правник и политичар.
1935 Омар Сивори — аргентински фудбалер.
1943 Паул ван Химст — белгиски фудбалер.
1944 Абдулах Сидран — босански поет и сценарист.
1949 Ричард Хел — американски рок-музичар.
1951 Стинг — британски рок-музичар и глумец.
1967 Томас Мустер — австриски тенисер.
1967 Френки Фредерикс — намибиски атлетичар.
1968 Јана Новотна — чешка тенисерка.
1980 Горан Богдан — хрватски глумец.
1984 Горан Попов — македонски фудбалер.
1986 Мичел Докер — австралиски велосипедист.
1987 Матијас Кардасио — уругвајски фудбалер.
1988 Иван Зајцев — италијански одбојкар.
1991 Роберто Фирмино — бразилски фудбалер.
1992 Алисон — бразилски фудбалски голман.
1997 Тами Абрахам — англиски фудбалер.

Починале:

1629 Антонио Цифра — италијански композитор
1264 Папа Урбан IVримски папа.
1804 Никола Кињо — француски изумител, конструктор на првото самоодно парно возило.
1850 Сара Бифен — англиски уметник.
1927 Сванте Арениус — шведски физичар.
1962 Борис Ј. Букреев — руски математичар.
1965 Оскар Ланге — полски економист.
1968 марсел Дишан — француско-американски сликар и писател.
1973 Паво Нурмифински атлетичар.
1985 Рок Хадсон — американски глумец.
1991 Димитријцариградски патријарх.
2001 Франц Библ — германски композитор
2007 Катерина — грчка принцеза.
2017 Том Пети — американски рок-музичар.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица