Фил Џонс

Филип Ентони Фил Џонс (англиски: Phil Jones) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација.

Фил Џонс
Лични податоци
Роден на21 февруари 1992
Роден воПрестон, Англија
ДржаваАнглија Англија
Висина&100000000000001800000001,80 м
Позицијаодбрана
Клупски податоци
Сегашен клубМанчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број4
Младинска кариера
Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2009–2011Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс35(0)
2011-Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед161(2)
Репрезентација
2011-Англија Англија27(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Кариера

Пред почетокот на својата кариера Џонс играл и за своето средно училиште.

Блекбурн Роверс

Џонс пристигнал во Академијата на Блекбурн во 2002 година. Тој бил префрлен во првиот тим на Роверс пред почетокот на сезоната 2009-2010 во Премиер лигата,откако потпишал двегодишен професионален договор и го зел дресот со број 28. Тој дебитирал за Блекбурн Роверс во официјален натпревар на 22 септември 2009 против Нотингем Форест во Лига Купот. Во февруари 2010 тој потпишал нов договор,сега на пет години со излезна клаузула од 16 милиони фунти.Џонс својот прв старт во Премиер лигата го имал на 21 март 2010 во ремито на Блекбурн против Челзи на Ивуд Парк. Сезоната 2009-2010 тој ја завршил со 9 настапи во лигата.Наредната сезона почнала доста амбициозно за Фил откако тој се најде во почетниот состав на Роверси на отворањето на сезоната против Евертон.Тој играше и во катастрофата на неговиот тим на Олд Трафорд каде Манчестер Јунајтед го победи Блекбурн со 7:1. Џонс и при тој резултат се однесувал многу пристојно и се борел докрај за секоја топка спречувајќи ги напаѓачите на Манчестер Јунајтед да постигнат уште голови. Со таа своја борбеност тој го имресионирал менаџерот на Јунајтед Сер Алекс Фергусон кој сакал да го доведе во јануари, но трансферот не успеал. Сепак во продолжението од сезоната Џонс неуспеал во целост да ги покаже својте квалитети бидејќи се соочил со тешка повреда. Тој ги скинал лигаментите на коленото во декември во натпреварот против Вест Хем Јунајтед поради што го морал да пропушти поголемиот дел од сезоната, а по некој првични проценки се сметало дека сезоната за него ќе биде завршена. Сепак, тој се вратил во тимот кон крајот на март во ремито 2-2 против Блекпул. Со својата одлична игра во одбрана тој му помагнал на својот тим да опстане во лигата во сезоната 2010-2011.

Манчестер Јунајтед

Тоа што не му успеало на Сер Алекс Фергусон во јануари му успеало во јуни кога Џонс сепак станал фудбалер на Манчестер Јунајтед. На 13 јуни Џонс потпишал петгодишен договор со клубот во трансфер вреден 16,5 милиони фунти. Тој исто така отпатувал со тимот и на потготовките во САД. Своето деби во официјален натпревар за Јунајтед го имал во ФА Комјунити Шилд натпреварот против градскиот соперник Манчестер Сити кога влегол како замена на полувремето на местото на Рио Фердинанд. Своето деби во Премиер лигата во дресот на Јунајтед го имал една недела подоцна против Вест Бромвич Албион.

Титули

Манчестер Јунајтед

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица