Хелсингер

Хелсингер е значаен град во Данска, поточно во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на Престолнинскиот регион, каде со околните населени места претставува општина, Општина Хелсингер.Денес Хелсингер има 46.300 жители (од 1 јануари 2012)[1] во градот и околу 61.000 во поширокото градско подрачје.Хелсингер е познат и по замокот Кронборг, кој бил место на дејството во трагедијата на Вилијам Шекспир, „Хамлет“.

Хелсингер
Елсиноре
Замок Кронборг
Замок Кронборг
Грб на Хелсингер
Хелсингер is located in Данска
Хелсингер
Хелсингер
Локација во Данска
Координати: 56°02′N 12°37′E / 56.033° СГШ; 12.617° ИГД / 56.033; 12.617
ДржаваДанска
РегионПрестолнински регион
Управа
 • ГрадоначалникЈоханес Хехт-Нилсен
Население (2012-01-01)
 • Вкупно46,300
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+1)
Мреж. местоwww.helsingorkommune.dk

Природни усллови

Хелсингер се наоѓа во крајниот источен дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 45 километри западно.Хелсингер истовремено претставува точка во Данска, која е најблиска до Шведска и Скандинавскиот Полуостров. Спроти Хелсингер се наоѓа шведскиот град Хелсинборг, оддалечен само 4 км преку морето.

'Релјеф: Градот Хелсингер сенаоѓа во крајната североисточна точка на данскиот остров Зеланд. Градското подрачје е типично за дански услои.Надморската височина на средиштето на градот се движи измеѓу 0 и 50 метри.

Клима: Климата во Хелсингер е претежно умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Хелсингер се формирал на место каде почнува Ересундскиот премин од страна на Категат. На даденото место пролазот е најтесен, односно тука островот Зеланд е најблизок до Шведска и Скандинавскиот Полуостров.

Историја

Подрачјето Хелсингер било населено уште во времето на праисторијата. Денешното население првпат се споменува во 1321 година, а во 1420 година на местото бил подигнат замок, кој бил главна причина за оживување и развивање на населбата. Затоа населбата во 17 век ги добила градските права.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Населени

Денес Хелсингер има 46.300 жители во градските граници и околу 61.000 со околните населени места.

Етнички составНаселението на Хелсингер до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Стопанство

Хелсингер денес првенствено се потпира на терцијалниот стопански сектор, трговија, услуги и туризам.

Културни знаменитоси на градот

Градот Хелсингер е значајно туристичко одредиште, пред сè благодарејќи на замокот Кронборг, кој место на дејството во трагедијата на Шекспир, „Хамлет“.

  • Дворец Кронборг (15. век, дограден во 16. век)
  • Црква Св. Марија (1430.)
  • Црква Св. Олаф (1559.)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица